За разлика од 2007 година, истражувањата почнаа без политички провокации
Катерина Богоева
Започнаа годинешните истражувања на Скопската тврдина Вчера напладне покрај студеното време и силниот ветар, голем број студенти и работници распоредени околу внатрешноста на ѕидиштата, копаа и го разнесуваа откриениот материјал. Тврдината со финансии од Владата беше истражувана и во 2007 година, а материјалот беше изложен во Музејот на град Скопје. Годинава според раководителот, археолог Драги Митревски ќе се истражува се она што на просторот остана неистражено. Предвидена е и конзервација и презентација на материјалот што ќе се открива, односно како што напоменува Митревски, нова урбанизација на целиот простор кој доминира во центарот на главниот град.
„Ако се земе предвид дека во 2007 година се истражени 30 проценти од севкупниот просторот, а 20 проценти нема, или нема потреба сега да се истражуваат бидејќи се наоѓаат до карпа, односно на здравица во која се наоѓаат современите градби срушени во земјотресот во 1963 година, остануваат 40 - 50 проценти за истражување. Добар дел од нив е простор поврзан со фортификациониот систем, со бедемите и тој веќе е завршен. Сега тргнавме со поинаков начин на работа, со поинакви цели. Тогаш беше важно бедемите да се завршат за да можат да се конзервираат, затоа и работевме на сектори распоредени по нивната должина, со еден вид на сондажни истражувања, со кои се пресекуваа појавите на тие простори. Сега работиме на хоризонтални истражувања и појавите ги фаќаме во целото нивно ширење на одреден простор. Решаваме воедно кој хоризонт или кој град, или која населба, со какви остатоци ќе ја оставиме. Планираме некаде со контролни сонди да го проконтролираме просторот, а таквата стратегија треба да ни ��возможи Калето и да има содржина која ќе може да се види, но и да биде истражено. Може да се види дека наидуваме на темелите на поранешната касарна, на затворот, на поранешниот Археолошки музеј, на оние градби кои ги гледаме на старите фотографии, а ги срушил земјотресот. Тие се фундирани многу длабоко, некои имаат и подруми, огромни темели и главно ги имаат растурено слоевите од турско време, но и дел од средновековните слоеви, така што интактни остануваат главно само најстарите слоеви“. Археологот посочува дека на крајот од овие истражувања, целиот простор на тврдината треба да биде ослободен од културни остатоци, а сите содржини археолошки документирани, за да може тој што ќе стопанисува со Калето понатаму, да планира и нови урбанизации.
„За тоа кои објекти од срушените во земјотресот ќе бидат презентирани, ќе решаваме онака како што ќе ни налага теренот и нивната зачуваност. За презентација ќе биде тоа што ќе понуди доволно податоци за да биде конзервирано и реконструирано. Најновите градби ќе ги документираме, бидејќи за нив има и фотографии, но ќе гледаме во презентацијата да бидат застапени и најзачуваните остатоци што се наоѓаат под нив. На крај од истражувањата на Кале за презентација ќе треба да имаме архитектура од сите периоди, и од турско, средновековното и праисториското живеење на просторот, да може да има содржина погодна и за туристичка експлоатација“.
Митревски за еден од крупните проблеми за решавање на Кале ја смета и најавената дислокација на постоечкиот ресторан и тераса, со што би се овозможил и пристап до откриениот, главен средновековен влез на тврдината во јужниот бедем.
„Тоа е можеби најубавиот бедем од времето на Самоил, од првото утврдување, но кога влегувате низ него, директно удирате на 10 метри висок насип кој вештачки е создаден за потребите на терасата. Без отстранување на тој дел не можеме да планираме презентација на тој дел на тврдината , а тој влез е ударен. Влезот во средновековната тврдина бил таму, не страната од каде сега се влегува. Имаме ветувања дека брзо ќе се решат имотно - правните проблеми и просторот ќе се ослободи за истражувања“, вели раководителот на истражувањата, кои и годинава ќе течат без забрани за посета од заинтересираните граѓани.
„Како и минатата година и сега го оставаме локалитетот отворен за да може сета јавност, во секој момент да дојде да го почувствува Калето како споменик на културата и да гради со тоа некаков однос кон културното наследство“, смета Митревски , кој не е изненаден дека годинава истражувањата започнаа без политички провокации како при започнување на нивната прва фаза, бидејќи како што рече, историските рамки на тоа што се случувало на Кале се многу извесни, нема што да се крие.
Ne moze covek da se nacudi na arheolazive.Strava od ednoumie. Istrizuvaat li istrizuvaat ,ama ne se znae dali e podobro i pomalo zlo da
istrizuvaat do ,,nularica -timba,, ili da gradat turisticki neolitski nakolni naselbi na suvo i vo voda (pa i pod voda), ali ,toa e seedno koga se zadovolni site od bransata - arheoloska ,zatoa sto e kazna ako nekoj ostane nevklucen vo podelbata na plenot od dnevnici,koj e neogranicen za ovaa godina. A treba samo da se potrosi i nikoj ne snosi odgovornost za dlabokoto kopanje , nitu pak profesionalna za svojte turisticki konzervatorski porivi koj se preslikuvaat i multipliciraat niz site tvrdini i lokaliteti vo Makedonija.Zalno i bedno, a i mnogu golem grev kon ovoj napaten narod koj sepak ne zasluzuva vakvo ,,molzenje,, i ,,setanje po keramidi,, zaradi sueta i kompleksi na samoprozvana elita koja se naplaka mrsno.