Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Култура

Вечерва ќе падне првиот кадар за филмот „Д’Скопје“

Филмот почнува со анимираниот филм „Поган Паган“ на режисерот Срѓан Јаникиевиќ

Вечерва во скопскиот клуб „Сектор 909“ во 23 часот, на концептуалната вечер „Видеодром“, ќе се одржи првиот кастинг за филмот „Д’ Скопје“, кој ќе биде посветен на градот Скопје. Наедно, вечерва и официјално започнува неговата продукција со „првиот кадар“ на анимираниот филм „Поган Паган“ на режисерот Срѓан Јаникиевиќ, кој е првиот во серијата кратки приказни од омнибусот.

Вечерашниот кастинг е всушност првата активност од јавен карактер на филмската продукција „Ново Македонско Видео“, под чија капа ќе се снима филмот, а авторите, со желба за постигнување на автентичност, одлучија да им дадат шанса на сите оние кои сакаат да дадат актерски придонес кон овој филм, а притоа немаат актерско образование.

Инаку, омнибус филмот „Д‘ Скопје“ е игран филм составен од повеќе љубовни приказни сместени во Скопје, преку кои треба да се прикажат убавите и модерните страни на градот, а кои ќе ги режираат: Борјан Зафировски, Синиша Ефтимов, Огнен Димитровски, Вардан Тозија, Јане Алтипармаков, Ѓорче Ставрески, Даријан Пејоски, Саша Станишиќ и Срѓан Јаникиевиќ. Драматург е Огнен Георгиевски.

Како што велат авторите, филмот се занимава со градот кој сите го сакаме и кој е наш дом, на чии мани сме се навикнале, а со чии доблести се гордееме. Се занимава со љубовта, емоцијата која како сите да ја заборавија, а која за среќа се уште ја врти оваа наша мала планета. Идејата за овој проект се роди од револтот на група филмски автори кон трендот во македонската кинематографија да се продуцираат само филмови кои се занимаваат со тешки, неразбирливи, рурални, интровертни, негативни теми, полни со несреќа, нихилизам, војни, зло, кои кај публиката пред��звикаа одбивност кон македонскиот филм.

„Секој од филмовите ќе обработува посебна љубовна тема или нејзин аспект. Преку филмот ќе биде промовирана македонската уметност на неколку различни нивоа и начини. Еден од поважните елементи е музиката и музичката сцена која што во последно време е во подем и која што ќе биде нераздвоен дел од овие филмови. Македонските сликари, скулптори и мултимедијални уметници ќе имаат можност да бидат дел од овој филм и да учествуваат во него, презентирајќи ги своите дела на еден индиректен начин. Иако филмот ќе биде составен од повеќе различни приказни, сепак тие ќе се испреплетуваат на повеќе нивоа, создавајќи една кохерентна филмска структура“, вели Борјан Зафировски, продуцентот на „Д’ Скопје“, воедно и еден од режисерите и креаторите на проектот.

Филмот е финансиран од Министерството за култура. (Т.И.)

 


Статијата е прочитана 430 пати.

Испрати коментар

Од: Tomi
Датум: 11.03.2009 09:34:29
Neka vi e cestito momci !
Од: Nikola Kodjabashia
Датум: 11.03.2009 10:25:52
Bravo, neka go bide ajde...

Најди! во Утрински
Култура
Кале повторно во фокусот на археолозите
Премолчуван и игнориран, до кога?
Пиксказни“ изложба на Ладислав Цветковски
Скопје домаќин на собранието на светската театарска мрежа „InterACT“
Европската унија ќе доделува награда за литература