Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Култура

„Пиксказни“ изложба на Ладислав Цветковски

Под наслов „Пиксказни“ вечерва во Музејот на град Скопје во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на македонскиот графичар Ладислав Цветковски, на која ќе биде претставен најновиот авторов проект, сочинет од пет дела, изработени во техника дигитален печат на платно. Публиката ќе има можност да ги види посебните пиксказни сочинети во триптисите „Круг“ (сочинет од 6 дела), „Глобализација во сино“ и „Чет“, трилогијата „Заслепено“, „Задушено “ и „Замолчено“, како и делото „Далечински управувач“.

Ладислав Цветковски интензивно работи и ги истражува технолошките и изразните можности на електронските медиуми, а во последно време се фокусира на дигиталната теехнологија која ја користи како свое изразно средство во ликовната уметност. Работи како универзитетески професор и графички дизајнер.

Дипломирал и магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а минатата година бил на усовршување од областа на теоријата на боја и метрика на Универзитетот во Марибор, Словенија. (К.Б.)


Статијата е прочитана 182 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Кале повторно во фокусот на археолозите
Премолчуван и игнориран, до кога?
Вечерва ќе падне првиот кадар за филмот „Д’Скопје“
Скопје домаќин на собранието на светската театарска мрежа „InterACT“
Европската унија ќе доделува награда за литература