Доколку се изработува нов учебник по општество за петто одделение, неговото препечатување ќе чини околу еден милион денари. Во тој случај четирите авторки: Кристина Краљева, Весна Павловиќ, Елена Станојковиќ и Соња Кирковска нема да ги добијат хонорарите од 600 до 750 евра. А без надоместок од четири илјади денари ќе ост��нат и рецензентите. Во случај да се коригира само спорната страница, тогаш на авторките и на рецензентите ќе им бидат исплатени хонорарите.
Министерот Никола Тодоров вчера соопшти дека рецензијата на учебникот е завршена, а конечната одлука дали ќе се препечатува само 42. страница на која како значајни ку��турни дејци од македонската култура се спомнати Нора Шаќири, Ферус Мустафов, Тони Михајловски или, пак, ќе се менува целиот учебник требаше да биде донесена синоќа.
„На состанокот со рецензентскиот тим ќе одлучиме дали ќе препечатуваме само една страница и доколку е така, тогаш станува збор за мала штета. Доколку се препечатува целиот учебник,тогаш станува збор за прилично поголема штета и воопшто нема ни да размислуваме за хонорарите“, соопшти Тодоров. Министерот уверуваше дека и доколку се случи да се препечатува цел учебник, нема да биде проблем тој да стаса до почетокот на учебната година. „Техничките можности на печатниците се исклучително големи и печатењето на еден учебник не одзема повеќе од 10 до 12 часа“, рече министерот.
Реакцијата на министерот следуваше откако изби скандалот во јавноста, по што опозицијата побара негова оставка. Иако Тодоров кажа дека прифаќа одговорност за пропустот во учебникот со самиот факт дека е на чело на Министерството, но, нагласи „треба да се прави разлика меѓу одговорност и вина“. Во конкретниот случај тој вината ја лоцираше кај рецензентите кои „морале да забележат дека во учебникот има грешки“. Претседател на рецензентската комисија на учебникот што предизвика реакции е проф. д-р Антоанела Петковска од Филозофскиот факултет во Скопје. Минатата недела повлекување на учебникот „Општество“ од МОН побара Друштвото на писателите на Македонија. (О.В.)
Да не случајно,направената штета министерот ја плати од свој џеп.Првин прават грешки,знаејки или незнаејки а потоа сакат да се вадат со народните пари.Но деца се и баш не ја разбират обичната математика..Кога инвестират во учебниците ги сметат по цена од 3 до четри евра по учебник.Кога треба да надополнуват направена штета ,по евро до евроипол по учебник.Плеките на народот се може да издржат.За незнаење се работи ,но прашање е дали намерно или ненамерно.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 17.08.2010 05:00:19
А тендер, а оставка? Или секое зло за нечие добро.За народот...само зло???
Од: СЕ Е ЗАЛУДНО
Датум: 17.08.2010 08:01:54
И да го направите учебникот супер од 16 год младината има други репери разни Бокиевичи шунд са севера разни гологузи и полноцици и маци и цеци и секи младината се дои како тоа да е вредно. Македонија не личи целата е како бановина на сите страни звуци и песме са севера. Радистаници, народ кој тоа го пушта по кафеани автобуси канцеларии продавници. Ужас. Може ли бе луѓе Македонија да си ја почитувате. До песна ви дошло значи добро е.
Од: redovna citatelka
Датум: 17.08.2010 08:02:28
Sekoe zlo za dobro! Ova e prilika da se otvori paketot narecen UCEBNICI koj stana dobar bizniz i nisto poveke.
Од: ...
Датум: 17.08.2010 08:13:04
На “министерчето“ му било многу жал! Види мајката! Народот не сака жалење туку преземање одговорност и покривање на штетата со ненародни пари. А ако некој не е способен за зададените задачи, не знам зошто непотребно се малтретира. Ќе не спаси и нас и себеси. Ах..кога ќе им дојде крајот???
Од: Eva
Датум: 17.08.2010 11:25:50
Ne e samo sporna taa stranica posebno taa generacija deca se zamorcinja zosto imam vnuk i sum giproucila ucebnicite.Prvo ne se prilagodeni za vozrasta, vtoro gi trupaat samo so informaacii koi moraat da gi ucat napamet za da dobijat podobra ocenka na testiranjata. Tolku mnogu se razocarav znaci decava se ucat samo toa sto treba ne i sega onoj e kriv ne jas ne sum nadlezen da procitam samo potpisuvam.Site se krivi no ministerot najveke zosto vakva rabota ne smee da mu se protne pa toj e krajniot filter, ke cita i ke se sovetuva za dobroto na mladite generacii.Samo se cudam kako smeta deka nema vina zosto jas bi puknala od sram a veruvam i mnogu drugi.