Број 3360  вторник, 17 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Луѓето научија да живеат со горештините

Од Службата за итна помош велат дека не е забележан пораст на повиците

Луѓето како да научија да живеат со горештините. Ова го констатираат во Службата за итна медицинска помош во Скопје, каде што и покрај високите температури, не е забележан пораст на телефонските повици.

„Во текот на 24 часа се регистрираа�� до 120 барања за медицинска помош, што е вообичаена фреквенција, која не отскокнува од другите летни денови. По се' изгледа дека скопјани се придржуваат до препораките за топлото време, па затоа и колапсните состојби се поретки. Дневно се случува да има по еден од два колапси или ниеден“, вели д-р Наталија Самои��ова, лекар од Службата за итна медицинска помош.

За итна помош најчесто се обраќаат хронично болни кај кои високите температури им го влошуваат кревкото здравје. „На удар најмногу се болните со срцеви проблеми, потоа астматичарите, а не помалку лекарска помош бараат и лица кај кои дошло до мозочен удар“, објаснува д-р Самоилова. Нема ниту зголемен број на повредени од сообраќајни незгоди, зашто и фреквенцијата на возилата е намалена и градот како да е полупразен поради годишните одмори, кои се во полн ек.

На прашањето дали службата, која работи само со седум екипи, успева да стаса на сите повици, д-р Самоилова вели дека нема повик на кој службата не одговорила, дали со лекарски совет како да постапат во конкретната ситуација или, пак, со испраќање екипа на терен.

„Итната помош може да стаса кај болниот со мало задоцнување, се разбира, онаму каде што, според листата на приоритети, пациентот може да почека. Но, сепак, екипите стасуваат секаде каде што се повикани“, истакнува д-р Самоилова.

Од Службата и натаму сугерираат луѓето да се придржуваат до лекарските совети и препораки. Да не се излегува на отворено во најжешкиот период од денот, да не се работи физичка работа кога е најтопло, да се консумира полесна храна богата со овошје и со зеленчук, кое добро ќе се измие заради превентива од стомачни вируси. (Ј.Ј.)

„Освежување“ со 35 Целзиусови степени

Високите температури ќе продолжат и во следните десетина дена, прогнозираат синоптичарите. Заладување со дожд се очекува за време на викендот, но и тогаш температурата нема да се симне под 35 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува 8 единици, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со умерена локална облачност и слаб ветер. Температурата повторно ќе се движи околу 40. Целзиусов степен. Од утре до петок, времето ќе биде сончево, а температурите ќе бидат во благо опаѓање и ќе се движат околу 38 Целзиусови степени.

Според прогнозата од УХМР, за време на викендот се очекуваат врнежи од дожд и грмежи во попладневните часови и намалување на температурите. Во сабота и недела, минималните температури ќе бидат 28, а дневните 35 Целзиусови степени. Сепак, информираат од УХМР, летото се' уште не завршува, а високите температури ќе продолжат и од идниот вторник.

Според научниците од Националната агенција на САД за океански и атмосферски прашања, јули годинава бил еден од најтоплите месеци во изминатите повеќе од сто години откако се вршат метеоролошки набљудувања. Според истражувањата, просечната температура во светот во јули изнесувала 16,5 степени. Повисока просечна температура е измерена само во 1998 година. Во првите седум месеци од оваа година просечната температура изнесува 14,5 степени, што е нов рекорд во историјата на метеорологијата. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 862 пати.

Испрати коментар

Од: od muro
Датум: 17.08.2010 07:08:41
zasto vo sekularna makedonija novinarite ne pisuvaat kako del od narodot koi ziveat vo r. makedonija deka vo ovie zeski denovi za tie sto postat! post sto ne samo sto ne jadat nisto ne pijat nitu kapka voda niti pusat ili da zvakaat zvakaca guma zasto pravat ova rabota sto pravi toa da go sakat tolku GOSPOD-ALLAH,blagodaram,pozdrav

Најди! во Утрински
Политика
Почнува трката за студентски индекс
Еден милион денари за нов учебник по општество?
Охридско Езеро збогатено со јагули
Алиу го повикува Адеми на ТВ-дуел
Блокиран влезот на Богомила
Стомачните вирози во пораст
Апел за помош на Пакистан
САД - факултетска велесила