Слабости се забележани во имплементацијата на безбедносните процедури и во делот на човечките ресурси
Соња Маџовска
Европската комисија бара посигурно македонско небо. Во извештајот за напредокот на Македонија објавен вчера, се констатира дека е направен ограничен напредок во областа на воздушниот сообраќај. Особено се потенцирани слабостите во делот на имплементирање на процедурите за безбедност во авиосообраќајот, и во делот на човечки ресурси, при што е констатирано дека вработените во воздушната пловидба имаат недостиг од соодветно искуство, а во Министерството за транспорт и врски и натаму има недостиг од квалификуван кадар за воздушниот сообраќај. „Ограничен напредок може да се забележи во областа на воздушниот сообраќај. Усвоена е легислатива со која се имплементира Законот за воздушен сообраќај со осврт за дополнително регулирање. Агенцијата за цивилна воздушна пловидба е претворена во одделно регулаторно тело. АЦВ издаде лиценца за обезбедување воздухопловни услуги на државно акционерско друштво. Делови од првата фаза на Договорот за заедничка европска воздухопловна област се однесуваат на у��ловите за пристап на овој пазар, менаџмент со воздушниот сообраќај и за безбедност во авиосообраќајот, а безбедносните процедури не се имплементирани,“ се вели во извештајот на ЕК. Забелешки има и во делот на човечките ресурси.
„Човечките ресурси во Агенцијата за цивилна воздушна пловидба не се зајакнати. Неодамна ангажираниот персонал од компанија за воздушна пловидба има недостиг од соодветно искуство. Одделот за воздушен сообраќај при Министерството за транспорт и врски се' уште има недостиг од квалификуван кадар. Административниот капацитет во Секторот за воздушен сообраќај треба да биде зајакнат, особено во смисла на квалификации на персоналот. Подготовките во оваа област се малку унапредени“, констатирала Европската комисија. Поранешниот директор на АЦВ, Зоран Крстевски, се пожали дека подолг период барале да вработат нови лица во делот на инспекциските служби, но тоа не им било одобрено од Министерството за финансии. „АЦВ иако има потреба од 13 нови вработувања, во изминативе две години баравме да ни се дозволи да вработиме барем двајца инспектори во делот на контролата на летање. АЦВ иако не бара пари од буџетот досега не добивме дозвола за да вработиме нови инспектори. Со новата поставеност Управниот одбор на АЦВ ќе може да го направи тоа, односно со новата финансиска програма ќе ги предвиди тие вработувања“, изјави вчера за „Утрински весник“ Зоран Крстевски. Тој иако поднесе оставка уште во мај, се' уште ја извршува функцијата прв човек на Агенцијата, се' до завршувањето на постапката, која е во тек за избор на нов директор на АЦВ. Од Македонска навигација, под која спаѓаат контролорите на летање, вчера ни изјавија дека не сакаат да го коментираат извештајот на ЕК, се' додека не го видат, но оттаму уверуваат дека оваа институција располага со стручен кадар. Од Министерството за транспорт и врски, пак, информираат дека во тек се постапки за нови вработувања во Одделот за воздушен сообраќај. „Министерството за транспорт и врски објави огласи за вработување на три лица во Секторот за воздухопловство, и тоа еден помлад соработник и двајца советници по што донесени се решенија за вработување на еден советник за аеродроми и аеродромски услуги и еден советник за стратешки план и економски развој на цивилното воздухопловство“, се вели во соопштението од Министерството. Оттаму уште еднаш потврдија дека со измените на Законот за воздухопловство, за вработување на идни кадри во АЦВ, како независно регулаторно тело нема да биде потребна согласност од Министерството за финансии. ЕК како позитивно го нотира носењето европската легислатива за воздушен сообраќај, и смета дека тие се правилно променети, но во извештајот се вели дека се потребни дополнителни напори за комплетирање на регулаторното порамнување со единственото европско небо внатре во рамките на ИСИС-програмата. ЕК препорачува македонските власти да формираат посебен Комитетот за истраги на авионски несреќи, кој треба да го зајакне својот капацитет да дејствува како независно тело за истражување на несреќи и сериозни инциденти, а не како досега да се формираат ад-хок комисии, за истражување на одделни несреќи.
Kako planiraat da vrabotuvaat novi luge? Dosega praksate e da imas cicko minister za da vlezes vo ACV.1,5god obuka vo Belgrad i potoa plata od min 1.500-2.000 eur.A toa sto ima luge koi na vremeto se kriea od voena obvrska ili dodeka bese vojnata begaa vo Srbija i sega povtorno se na rabota toa nikogo ne go tangira?
Од: goran
Датум: 10.11.2010 13:53:10
celata drzavna administracija e uzasna, sami megu sebe ke se izedat, pola od vrabotenite se blaga mentalna retardacija,
Од: SPIRIDON
Датум: 10.11.2010 14:14:01
Ja lično poznavam dve deca šo završija u Belgrad,inženjeri za avio saobrakaj i ja gi i dvete se bez rabota.Ednoto u Ohrid rabote na aerodromo,organizator za nosenje na bagažo i prevoz na patnici so kombinja.Drugoto u Skopje,ranat go majka mu i tatko mu.E nemale kniški.A razmisluvat so svoi glavi.I neboto ne bilo bezbedno.Pa "padnatite"od nebo direktori,ministri i slični "rakovodni" kadri i nekadri tolku možat,znaat i sakat da napraat,ako im ulava u đepo,razbira se,kako i za se u vaa naša Makedonija.Takvo vreme dojde.Tranzicija.
Од: milko
Датум: 10.11.2010 14:48:23
Vo Vozduhoplovstvoto ima dovolno resursi za kvalitetno funkcioniranje na vozdusniot soobrakaj koj otsekogas bil kvaliteten a ovie pojma nemaat za sto pisuvaat samo da kritikuvaat bez osnova. Vo Vozduhoplovstvoto ima zabrana za vrabootuvanje zatoa sto e ispolneta sisiematizacijata vo celost po site validni standardi.
Од: realen
Датум: 10.11.2010 14:58:39
Ako Krstevski navsitina saka da si odi neka ne doagja na rabota nekolku dena i, avtomatski, mu sleduva otkaz. Navistina e neseriozno od nasata Vlada sto ova prasanje go marginalizira, a saka da pravi mornarica. Mozebi malku ke bese podobro da gi potpomogne MAT, koi sega gi secat Kontiki i pokraj dobrite lagi, i ke imavme iskusni, dobri, lojalni piloti i potreben kabinsi pesrsonal. No nema granici i gluposti megju gordosta i predrasusadata. I nebo dadeno pod kirija, sramota.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 11.11.2010 04:31:11
A, Jas mislev, Nato go obezbeduva neboto nad Makedonija ,koj ,kako preletuva i kako sletuva.! Ama sme losi trgovci.Nato go kontrolira neboto pa neka plati, i stavi strucnaci koj i kako vo Makedonija .i taka i taka NATO e Vlasnik na Makedonskoto Nebo!