Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Македонски Состоjби

Власта сака замолчени луѓе!

Манчо Митевски

Дали сите што мислат поинаку од власта ги купил некој (опозицијата, Сорос, Грција) со пари!?

„Задоволни сме што оваа година, исто како и минатата ЕК даде позитивна оцена за се' она што македонските институции го реализираа во изминатиот период на полето на европските интеграции на Република Македонија“, изјави премиерот Никола Груевски, по добивањето на Извештајот на ЕУ за напредокот на земјата во 2010 година. При тоа Груевски изрази задоволство што Комисијата констатирала напредок во сите поглавја, а не пропушти да им се заблагодари за поддршката на реформските процеси на сите граѓани, на Собранието, на партиите, на НВО, на ЕК, на еврокомесарот Филе и на евроамбасадорот Фуере. Ако ова го слушаше некој понеупатен во македонските состојби, по овие фалби и благодарници, ќе помислеше дека Македонија е примена во ЕУ!

Во математиката два и два се четири. Во животот успех е кога ќе се исчекори напред, макар еден чекор, не мора 100! Не сакам да бидам сфатен дека во јајцето барам влакно, но за работи од големо значење и со многу финеси и нијанси, како што е Извештајот на ЕК, потребни се трезвеност и реалност. Еуфоријата е штетна, бидејќи создава привиди. За каков успех говори власта, кога математиката покажува дека Македонија пет години стои во чекалницата на ЕУ како кандидат. Македонија веќе втора година има препорака за преговори со ЕУ, но нема датум. Во меѓувреме Црна Гора не' сигна со статусот, иако во 2005 година, кога ние станавме земја-кандидат за ЕУ, таа не беше ни независна држава. Сето ова, пак, коинцидира со раситнетата петта година власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Бидејќи ја споменав математиката, за разлика од Груевски и вицепремиерот Наумовски, кои тврдат дека ЕК констатирала напредок во сите поглавја, евроамбасадорот Фуере направи поинаква математика, а оцената дека реформите се одвиваат со нееднакво темпо се темели на согледувањата за реформскиот процес, споредено со минатата година. Според „дигитронот“ на Фуере: „Значителен прогрес во 2009 година имаше во две поглавја - визната политика и царината. Во 2010 година нема области коишто се удостоени со оценката значителен напредок. Во категоријата добар напредок лани е забележан во 11 области, а годинава во шест поглавја. Во категоријата извесен напредок, во 2009 година остварен е во 20 области, а во 2010 во 19. Ограничен, нерамномерен или делумен напредок во 2009 беше регистриран во четири области, а годинава во осум.“ Со оглед дека математиката, покрај тоа што е прецизна, таа е и сурова, каква што е сурова и вкупната состојба во Македонија - прецизно и сурово треба да се каже дека успех за Македонија, кога станува збор за Европската унија, е само: добивање датум за преговори. Значи, ниту Извешатој е толку позитивен како што сака да го претстави Владата, ниту, пак, само спорот за името и Грција е проблемот. Во многу нешта од „главата“, ајде да речам - од Владата си патиме!

Болките на Македонија на патот кон ЕУ се познати. Спорот за името по заслуга на Грција стана примарен. Делумно заслуга има и несакањето и неспособноста на нашата Влада да направи државна стратегија со црвена линија и политички консензус во земјата, а со тоа да си овозможи подобра преговарачка позиција и поддршка од влијателните земји-пријатели. Извештајот на ЕК, покрај економските проблеми, сиромаштијата, невработеноста, отсуството на инвестиции, ги потенцира и хроничните болести на македонската демократија и на правната држава. Некои сега се уште поизразени: независноста на судството, нападите на Уставен суд, реформите на администрацијата, политичкиот дијалог, имплементација на Охридскиот договор и слободата на изразувањето.

Мислам дека за македонската демократија, барем како што се развиваат работите, најстрашните работи се случуваат и ќе се случуваат кај политичкиот дијалог и слободата на изразувањето, на која ќе го свртам вниманието преку куса елаборација на суштината на проблемот. Како приклучок ќе ми послужи истражувањето на „Новинари без граници“, според кое Македонија, само за една година, доживеа катастрофа кај „слободата на медиумите“ - од 34 место, падна на 68 место на светската ранг-листа. А илус��рација на демократскиот капацитет на власта ќе ми биде одговорот на пратеничкото прашање на оваа тема на Груевски, кој наместо да ги прифати оцените од Извештајот за слободата на медиумите, најави дека „Владата ќе го разгледа и ќе го анализира откако ќе ја испита неговата методологија, дали и кои новинари (!?) учествувале во анкетата“.

Постојат многу нијанси во чувствителната сфера на слободата на изразувањето во Македонија. Може да се зборува за слобода на изразување на медиумите и на граѓаните. Иако имаме уставно декларирана слобода на говорот, многу поизразено е задушувањето на говорот, кое резултира со страв од говор. Според овие стандарди, власта се труди од Република Македонија да ја направи „република на едноумието“, иако повеќе наликува да биде именувана како „република на замолчените луѓе“!

Во Македонија власта не дозволува да помине јавно искажан збор со поинаков став од нејзиниот на јавен собир, трибина, конференција, во медиумите - без да реагира на него со демант, објаснување, контрастав, закана, дури и тужба. Како последно - инакумислечкиот став или автор се распнува во провладините весници и телевизии, од мегафоните чии газди се членови на владината коалиција. Наместо различните ставови да се конфронтираат во јавни дебати низ борба на мислења и со аргументи, на книга со книга, значи разумно и човечки, власта пробегнува кон дискредитација на личноста на инакумислечкиот, со помош на „шепнати“ податоци од институциите - односно, како што беше кажано во една неодамнешна полемика - со „јавно-приватно партнерство“! Врвот во шемата на унакажување на инакумислечкиот од страна на власта и од нејзините мегафони е обвинувањето дека некој (опозицијата, Сорос, Грција...) го купил со пари!? Но, проблемот е што власта мисли дека ако таа може да купи и да корумпира се' што сака со пари - тоа важи за сите во државата. Сепак, колку и да е уништен, моралот живее уште понекаде во Македонија - и тоа може да биде ’ркулецот на спасот за земјата.

Во Македонија се отворија три парадигматични случаи, односно битки против тројца граѓани, на кои власта многу инсистира. Млекарот од Битола, Душко Илиевски, се гони за организирање протест против власта, за навреда на лидерот и, наводно, за одгледување марихуана. Кршењето на неговиот ’рбет има за цел да му покаже на обичниот човек што го чека ако говори слободно и ја критикува власта. Екс-претседателот на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, ја имаше „среќата“ да стане лустрирана колатерална штета за совесната работа на Судот и за уривање на неуставните закони на Владата. Барањето за кривично гонење на Бранко Црвенковски за наводен незаконски тендер за консултантски услуги има своја функција. (Патем, дали бројните советници на Груевски се избрани и се плаќаат со тендер?) Таа е за испраќање голема порака: кога можеме да тужиме и затвораме поранешен претседател на државата и сегашен лидер на опозицијата, нека му мислат сите што размислуваат поинаку од власта!


#
Статијата е прочитана 2072 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 13.11.2010 12:16:15
Манчо супер тие текстов.Само нека не мислат тие од власта дека пола Македонија ќе ја замолчат.Ако не и повеќе.Нели рекол Народот кој другому јама копа сам ќе падне во неа.
Од: Сергеј
Датум: 13.11.2010 12:24:52
„Спорот за името по заслуга на Грција стана примарен“ -не, спорот за името по заслуга на Груевски стана примарен, бидејќи Груевски ја нас’ска Грција со неговата антиквизација, им даде повод на Грците да тврдат дека тие се во право. Ако некому му одговара ваквото однесување на премиерот, тоа се Грците. Ако некој има корист од ваквото грчко однесување, тоа е премиерот. Затоа и се однесува вака. Ја брани Македонија од туѓо зло, чувајќи ја за свое лично зло! ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Жарко,Ресен
Датум: 13.11.2010 14:08:22
Најнов случај е ��о лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.Замислете,почнаа да му ја прегледуваат медицинската документација за неговиот инвалидитет добиен во војната 2001 година,и што е уште потрагично,тоа го прави обвинителството за организиран криминал!!!Оние кои ја бранеа татковината 2001 година,ги ризикуваа своите животи,денес се на удар на власта само затоа што не размислуваат како неа.Која перверзија се случува во нашата држава!!!Не мислев дека овие од власта ќе се спуштат толку ниско морално и човечки,и ќе се претворат себеси во режим својствен за други далечни земји за кои гледавме само преку телевизија.
Од: Драган
Датум: 13.11.2010 14:56:44
Абе неписмењаци,кога сдс беше на власт шо аир видовте бе?Сега кога ке одите низ Скопје треба да сте горди зашто кога ке дојде братот ви што отишол да црнчи у црна гора,ке најде работа во скопје на некој објект.Идете прочитајте некоја книга поврзана со економија,а не само власта да ја плукате.Овој што го завршил факултетот со 3 години се смета паметен?Оди бе дечко легни си незнаеш шо е добро за тебе и за твоите деца.
Од: Трпе
Датум: 13.11.2010 16:13:34
Кој му е виновен на обичниот македонски граганин,кој не сака својот менталитет да го менува.Без разлика што е силуван.По се излегува дека ова му се допаѓа..Кубурот го чува за пострашни времиња.
Од: До „писмениот“ Драган
Датум: 13.11.2010 17:30:45
Брат ти што црнчеше во Црна Гора,сега црнчи како платеник во Авганистан,несреќнику!Цела Источна Македонија е празна,отидени се во Италија со бугарски пасоши.Оди легни си сонувај портокалово, не требаше ни да се разбудиш за да пишеш идиотски коментар!
Од: karokan "gambit"
Датум: 13.11.2010 17:43:27
G-dine Dragan,se glea deka si pismen.Po tekstot sto krivo-levo si go srocil!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! I koga go citam tvojot tekst ocite mi nasolzuvaat,pravo da ti kazam.Ete pred nekoj den za tekst malku podobar od tvojot,na vnuka mi vo petto odelenie ucitelkata odvaj i stavila trojka.Ce i go tutnam tvojot tekst pred oci i neka vidi deka deteto napisalo malku podobro od "pismen fakultetlija". Ne mi e najjasno na kogo toa aludiras koga velis: "Ovoj sto go zavrsil fakultetot so 3 godini se smeta za pameten".I toa bas "so 3 godini". Znam deka nekoi sto zavrsile nekoj fakultet (so 4 god.) imaat pomalo znaenje od stodenti so dve godini na drug fakultet,no so 3 god.,e bas ne mi e jasno. p.s. Verojatno treba da gi procitam "tvoite knigi od ekonomija" pa da mi se razjasni.Ako takvi (sto ti si gi cital) voopsto i postojat!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: SPIRIDON
Датум: 13.11.2010 20:52:34
Aloooo... Goraneee....ne samo brat mi i nogu od mojto semejstvo ojdea u Crna Gora i u đenem,oti kaj nas tuka od građevinata ne se živee,i mali saatnici,i ne plakat,a na prvo mesto ja državata.A za mojte deca ja ke si vodam smetka za perspektivata,dali žabja,dali vasionska moja rabota e,napravi si pa vodi si smetka,pa zaposli gi kaj Nikolčo,na objektite,ke ima i po 2014.Ase dur ima takvi kako Duško mlekaro,ne e važno kakva boja e,ima kičma čoveko,veruva deka ima šansa za vaa našata,mojata i tvoja Makedonija.A za čitanje ekonomija,da sum bil pouporenmože i doktor ke staneši u grada Prilepa,koj i šo se ne izleze od tam,Goraneeee...um u glavata treba da se ima,ne samo češel,a?
Од: jovan
Датум: 13.11.2010 23:11:56
Sakaat, ama nema. Nikoj denes ne ti kuti.
Од: цане соколовски
Датум: 14.11.2010 00:33:52
Веќе повеќе пати имав споменато дека не верувам дека додавка на името може да го промени наоналниот идентите . Идентитетот е она што е внатре во нас,што го определува нашето заеднико чувство, минато, памтење,сензибилитет. Нашите луѓе во давни вермиња се чувствувале Македонци, кога Македонија формално не постоела. И на крај памет не им паѓало нешто друго. Што сега тоа може да го промени? Сега пак имаме лавина од дум сценариа од дебили кои пропагираат тотален национален пропаст! И Хитлер го пропагираше тоа ако Германија се предаде Не е ова само израз на етнонационализам туку на идиотизам,тотално отсуство на рационален мозок и сензибилно расудување! Климакс на вашето илогично мислење е вашата изјава: ..."и си ги замени името и националниот идентитет за да влезе во Унијата, во Унијата ќе внесе не конфликт, туку нуклеарна бомба" Како и убиството на Фернинад,влегувањето на Македонија во ЕУ под ново име ќе доведе до катастрофа? Каков национален комплекс на супериорност.
Од: Миле - Охрид
Датум: 14.11.2010 01:12:01
Подршката на грчките шовинисточки уцени за официјално укинување на македонскиот народ, не е различно мислење. Тоа е директен напад и загрозување на индивидуалното човеково право да постои и да функционира на равноправна основа со другите. Вие го напаѓате тоа право кое е загарантирано со многу меѓународни конвенции. Крајно невкусно е да го изедначувате своето право да заработувате, со правото да имате различно мислење. Пишувањето и делувањето во правец на подршка на странска пропаганда (за одреден надоместок) е право на работа и заработка. Тоа никој не смее да ви го одземе. Но, тоа право да го спаковате во обланда на право на различно мислење е лицемерие. Доколку , пак, Владата „засака“ такво различно мислење , неа ќе ја снема многу брзо.
Од: nidzo
Датум: 14.11.2010 09:52:28
Vo potpolnost se slozuvam so avtorot. Za zal malkumina ima takvi koi slobodno gi analiziraat sosotojbite. Se nadevam deka ke se razbudi zaspanata i uplsena intelegencija.

Најди! во Утрински
Насловна
Реформи преку грбот на пациентите
Тиквешански
Стил
Сообраќајот ми е главен приоритет
Сонцето ќе ги стопи декемвриските сметки за парно
Се бара нова ѕвезда под дрво и камен
Увозна турбофолк - интелигенција
Камерите нека снимаат, ама казни да не пишуваат
Феникс во светот на филмот
Кој ќе ни одговори?
Mac App Store - револуција на десктоп-апликациите
ТАКСО значајна поддршка на НВО во регионот
Неисцрпен извор на стручни кадри и идеи
Мама и тато не знаат дека се изгубив
Во Виена не е како во Скопје
Цената на бесплатниот ручек
Идната прва дама на Кина - пејачка
Грчки крст над македонски гробишта во Мала Преспа
Модната креативност е работа на кондиција






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry