Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Технологија

Mac App Store - револуција на десктоп-апликациите

Дистрибуцијата преку App Store го проби мразот во развојот на евтините апликации. Најпрвин iPhone, па iPad и сега враќање на Mac!

Никола Бурагев

Дали некогаш сте се запрашале зошто „Мајкрософт“ ја зазема водечката позиција на пазарот на персонални компјутери, а на „Мекинтош“ или некој друг оперативен систем. Сигурно не затоа што DOS и подоцна Windows беа подобри од оперативниот систем на „Епл“, а не е ни затоа што PC со Windows беше поевтин од „Мекинтош“. П��ичината е трговијата, односно дистрибутивните канали. „Епл“, како и „Мајкрософт“, во доцните седумдесетти и раните осумдесетти години на 20 век беше мала компанија што го бараше своето место под сонцето. Кога си мал, тешко е да се пробиеш меѓу големите. „Епл“ виде зло во IBM („Ај-Би-Ем“) и сакаше да биде поинаков. Тоа беше однапред загубена битка. „Мајкрософт“, од друга страна, одеше со поинаква тактика. Се држеше до старата поговорка - ако некого не можеш да го победиш, придружи му се. „Ај-Би-Ем“ во почетокот на 20 век имаше разгранета мрежа на претставништва низ светот и токму тој синџир на претставништва и големиот број корисници му овозможија на „Мајкрософт“ да дојде до тие исти корисници. Од друга страна беше „Епл“, мала компанија создадена во гаража, која допрва требаше да допре до корисниците.

Денес, 30 години подоцна, „Епл“ има огромен број корисници, иако повеќе корисници на i-производите отколку на Mac компјутерите, но базата на корисници сеедно е голема. Доколку некој од вас имаше каков било смартфон базиран на оперативниот систем Symbian, нека се обиде да се сети колку апликации имаше за него, како доаѓавте до нив и колку ги плаќавте. Имаше приличен број апликации, беа расеани низ Интернет и просечната цена беше многу поголема од еден долар. Тогаш на сцена стапи iPhone. Со постојната инфраструктура и веќе големиот број корисници на iTunes store, на „Епл“ не му претставуваше проблем да создаде App Store за iPhone апликациите. Со тоа профитираа сите, а посебно развивачите на софтвер што добија дистрибутивен канал – токму она што му недостасуваше на „Епл“ пред 30 години. Освен тоа, програмерите добија и солиден бесплатен маркетинг. Доколку апликацијата е добра и има добри рецензии од корисниците, порано или подоцна ќе се појави на некаква листа од типот „the best of“, „most popular“, „most downloaded“ итн. Не треба притоа да се заборави дека во најголем дел од случаите се работи за мали фирми, зад кои често стои само едно лице и на кои им е исклучително тешко преку класични канали да допрат до корисниците. Ослободени од делот за трошок за маркетинг, и притиснати од конкуренцијата, развивателите на софтвер ги нудат своите апликации по несфатливо ниски цени. Од друга страна, на пазарот на iPhone, а сега веќе и iPad апликациите, токму поради ниските цени е најмал процентот на пиратизиран софтвер. Сега „Епл“планира истиот концепт да го преслика на пазарот на десктоп-апликациите преку Mac App Store, што би требало да стартува за два месеца.

Што може да се очекува? Секако, големи промени! Колку пати сте барале некоја апликација која никако не сте можеле да ја најдете, или кога ќе ја најдете, сте биле шокирани од цена, на пример, од 35 долари, иако програмчето е прилично тривијално. Со отворање на App Store за OS X, можеме да очекуваме навала на нови развивачи на shareware софтвер и опаѓање на цената на апликациите. И постојниот софтвер ќе поевтини под притисок на новото. Но, што е со „големиот“, односно комерцијален софтвер. Долгорочно ќе поевтини и тој. Зошто? Поради ниските цени. Типичното размислување на поголемиот дел корисници е следново: „Ми треба софтвер за обработка на фотографии. Photoshop ми е прескап и не ми се потребни сите негови можности“, „Алтернатива е Graphic Converter. Но, и Graphic Converter ми е скап, нема да го купам“, „Ќе го симнам од торент, но кога веќе даунлоадирам, зошто да не го симнам Photoshop? Го кршам законот и крадам еднакво во двата случаја. Зошто да не го имам најдоброто што се нуди, иако објективно не ми треба?“

Истиот образец може да се примени за кој било софтвер, било да е тоа супститут за MS Word, AutoCAD, Dreamweaver. И сите тие апликации чинат од 20 до 200 долари. За поголемиот број корисници, не само кај нас, многу им се 35 евра за алтернатива за Word. Но, што кога тој супститут би го имале за цена од 5 до 15 долари? Уште кога при тоа ќе се додаде тривијалната инсталација еднаква за сите апликации и дека плаќањето и' е поверено на голема и доверлива компанија како „Епл“. Бидејќи независно од тоа колку апликации и од кого ги купува, корисникот бројот на својата кредитна картичка не го остава насекаде по Интернет, туку само на една компанија („Епл“), многу е поголема шансата човек да го купи софтверот отколку да го украде. Покрај тоа, овозможува и „импулсивно“ купување без никакви компликации, односно се' се сведува на само „еден клик“. Со тоа големите играчи нема да загубат дел од пазарот, бидејќи украдениот софтвер баш и не е некој пазар, но нема ни да освојат нови пазари. Најголеми добитници ќе бидат малите производители на софтвер, а големите играчи сигурно нема да останат имуни и адекватно ќе реагираат. Сепак, не очекувајте дека уште утре Photoshop ќе го купите за 50 долари, но сосема е реално да се очекува дека за 3-4 години ќе биде можно да се купи за 300-400 долари наместо сегашните преку 600.

Каде е „Епл“ во целата оваа приказна? Нормално дека компанијата во сето ова ја гледа својата корист и дека од секоја продадена апликација заработува 30 отсто од цената на софтверот. Дали е целата приказна идеална - не. „Епл“ е прилично рестриктивен спрема апликациите што се појавуваат во App Store, односно апликациите мора да ги задоволат строгите услови што ги поставува. Процедурата за одобрување одредени апликации знае да биде прилично долгорочна. Но, вкупно гледајќи, за крајниот корисник App Store претставува квантен скок во смисла на квалитетот, цената и понудата во однос на сегашната состојба.

Windows Phone 7 пристигна во Македонија

LG Optimus 7 е првиот телефон во Македонија што работи на новиот оперативен систем Windows Phone 7. Телефонот ќе го продава операторот ВИП со тарифата Super Smart, односно договор на 24 месеци со претплата од 2.000 денари за бесплатни разговори кон сите национални мрежи плус 1 GB Интернет. Уредот се одликува со 3,8-инчен WVGA ЛЦД екран со резолуција од 800х480 пиксели. Поседува 16 GB внатрешна меморија за снимање податоци и пет мегапикселна камера, која овозможува HD видеоснимање (720 p) и можност за 16:9 фотографии. Покрај тоа, содржи и 1.500 mAh батерија, која во зависност од користењето на телефонот. може да издржи и до два дена, а може и да се менува.

Покрај новините на Windows Phone 7 платформата, како апликациите за пријатели, фотографии и Office за документи, LG Optimus 7 доаѓа и со плус две специфични апликации. Едната е „Play To“, со која можете да споделувате мултимедијални фајлови, фотографии и видеа од други уреди и да се стримуваат на телевизор или преку звучници. Втората се вика „Scan Search“ и претставува апликација со проширена реалност со која преку Bing мапите, дигиталниот компас и камерата може да се разгледуваат точки што се најблиску до корисникот. На пример, ви ги покажува најблиските ресторани до вас.

Фестивал на филмови снимени со мобилен

„Мобил фестивал“ е првиот фестивал на филмови снимени со мобилен телефон во Македонија. Фестивалот ќе се промовира во рамките на „Синедејс“ од 11 до 18 ноември, а официјалната селекција на филмови ќе биде прикажана во Младинскиот културен центар на 19 ноември. „Мобил фестивал“ им нуди можност на сите што го користат мобилниот и како средство за креативна и документаристичка експресија да и' ги претстават своите дела на пошироката публика. Рокот за пријавување е до понеделник (15 ноември), нема лимит за должината на филмот, кој се разбира мора да биде снимен со мобилен телефон.

„На два милиона и шеесет и шест илјади жители, Македонија има околу два милиона и седумстотини илјади мобилни телефони и исто толку потенцијални филмаџии. Доволен предизвик за да стартуваме со ваков фестивал“, велат организаторите. Можностите на мобилниот апарат во комбинација со желбата за создавање филмови, се главните мотиви на компанијата „КТ филм и Медиа“ и Младинскиот културен центар од Скопје, кои стојат зад организацијата на фестивалот. Целта им е да промовираат нов медиум за лансирање нови филмски форми и да се создадат услови што ќе мотивираат млади автори да снимаат и документираат факти и ситуации со својот мобилен.


#
Статијата е прочитана 1133 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Реформи преку грбот на пациентите
Тиквешански
Стил
Сообраќајот ми е главен приоритет
Власта сака замолчени луѓе!
Сонцето ќе ги стопи декемвриските сметки за парно
Се бара нова ѕвезда под дрво и камен
Увозна турбофолк - интелигенција
Камерите нека снимаат, ама казни да не пишуваат
Феникс во светот на филмот
Кој ќе ни одговори?
ТАКСО значајна поддршка на НВО во регионот
Неисцрпен извор на стручни кадри и идеи
Мама и тато не знаат дека се изгубив
Во Виена не е како во Скопје
Цената на бесплатниот ручек
Идната прва дама на Кина - пејачка
Грчки крст над македонски гробишта во Мала Пр��спа
Модната креативност е работа на кондиција






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry