Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Сонцето ќе ги стопи декемвриските сметки за парно

Поради повисоките температури, снабдувачите ќе фактурираат само 10 отсто од испорачаната енергија

Снежана Калабакова

Граѓаните не треба да стравуваат од редовното декемвриско пеглање на сметките за парно и од евентуални високи износи за плаќање. Ако продолжат високите надворешни температури, можно е декемвриски сметки речиси и да нема. Ова го потврдува и директорот на „Снабдување запад“, Методија Стојчев, кој објаснува дека е сосем реално да дојде до такво нешто, бидејќи ќе мора да биде ф��ктурирано само 10 отсто од испорачаната топлинска енергија.

Од претпријатието признаваат дека поради временските услови, на снабдувачите со топлинска енергија им паѓаат трошоците, што е и причина зошто немаат право да побараат повисока цена за парното. Но, велат дека, сепак, нема да се откажат од делот што не го добија во јули, кога секое снабдување поединечно побара парното да поскапи за 61, односно 68 и 70 отсто, а Регулаторната комисија за енергетика им одобри единствено покачување од само 11,35 проценти. Топлификација „Скопје-Север“ тогаш побара повисока цена за 40,25 отсто, а доби зголемување од само 14,98 отсто.

Од „Снабдување запад“ велат дека на крајот од декември годинава, откако ќе се направат пресметките, можно е, и покрај нивното барање, да им се надомести делот што не го добија во јули, сметките да дојдат на нула. Временските прилики овој пат им се наклонети и на претпријатијата за снабдување и на граѓаните, бидејќи природната сончева топлина ќе им заштеди пари.

„Она што не ни беше дадено во јули, сега ни создава минусно салдо, а загубите ни се 10 милиони денари. Ова се пари што сме ги изгубиле по основа на камати, затоа што граѓаните не ги плаќаат сметките редовно. Тоа значи дека немаме обрт на капиталот. Токму овие загубени пари Регулаторот не ни ги призна во трошоците што ги имавме доставено за јули годинава“, објасни Стојчев.

Втората причина зошто снабдувањата бараат да им се доплати она што, според нив, Регулаторна им го должи од јули, е висината на одобрената маржа од 3 наместо бараните 7 отсто. Бараниот повисок износ за маржа снабдувачите повторно го оправдуваат со висината на износите што ги имаат од неплатените сметки од граѓаните. Тие сметаат дека Регулаторот им одобрил маржа како во услови на стоотстотна наплата на сметките, што ги доведува овие претпријатија, како што тврдат, до неликвидност.

И покрај тоа, тие не се убедени дека ќе има зголемување на цената на парното, бидејќи и декември ќе биде потопол од вообичаено. Тоа, пак, ќе биде причината за помали и декемвриски сметки, а авансите се проектирани на основа на ланските температури во овој месец. Трошоците што биле теоретски испланирани сега се помали. Во овие топли денови, велат снабдувачите, домовите на скопјани ги затоплуваат во зависност од надворешните температури. Од нивната висина се прави и дијаграмот на излезната топлина од топланите.


#
Статијата е прочитана 3585 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 13.11.2010 14:49:24
Ura...ura...dekemvriska smetka za greenje 0 vi se veruva ....????
Од: Ќосе
Датум: 14.11.2010 01:46:04
Абре текстов да го преведам и да му го дадам некому во која било друга земја, ќе рече дека или писателот, или земјата или некој е нетокму. Некој во Јули на 45 степени барал покачување на цената на греењето... и ни поише ни помалку туку 70%. Ај мајката? - Шунтава држава
Од: mmm
Датум: 14.11.2010 08:56:28
"Ова се пари што сме ги изгубиле по основа на камати, затоа што граѓаните не ги плаќаат сметките редовно. Тоа значи дека немаме обрт на капиталот. Токму овие загубени пари Регулаторот не ни ги призна во трошоците што ги имавме доставено за јули годинава“, објасни Стојчев." Zosto jas sto plakam redovno, da isplakam tug dolg, t.e. kamati. Toa ne e moj problem.
Од: sime
Датум: 14.11.2010 10:37:36
Tesko deka ke bidat dekemvriskite smeetki 0.Ke vidime
Од: Slagja
Датум: 14.11.2010 14:35:38
Pa, vo smetkite stigaat i kamati, taka da se plakjaat. Kakva pricina e ova za pokacuvanje od 70%. ova se pretprijatija koi nemaat konkurencija, pa uste se zalat.

Најди! во Утрински
Насловна
Реформи преку грбот на пациентите
Тиквешански
Стил
Сообраќајот ми е главен приоритет
Власта сака замолчени луѓе!
Се бара нова ѕвезда под дрво и камен
Увозна турбофолк - интелигенција
Камерите нека снимаат, ама казни да не пишуваат
Феникс во светот на филмот
Кој ќе ни одговори?
Mac App Store - револуција на десктоп-апликациите
ТАКСО значајна поддршка на НВО во регионот
Неисцрпен извор на стручни кадри и идеи
Мама и тато не знаат дека се изгубив
Во Виена не е како во Скопје
Цената на бесплатниот ручек
Идната прва дама на Кина - пејачка
Грчки крст над македонски гробишта во Мала Преспа
Модната креативност е работа на кондиција
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language