Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Мислења

Во Виена не е како во Скопје

Филип Петровски

Ако лани сме биле во Будимпешта, а годинава сме во Виена, значи дека со ова темпо во Брисел ќе стигнеме околу 2015, односно за 4,2 години

Нема причина за никаква загриженост во Македонија, колку што гледам, затоа што сме ти стигнале во Виена. Реално ова мораше да биде потенцирано оти не е баш видливо на прв поглед. А вака, од втора рака, мораме да размислиме и ако инсистира власта и да прифатиме дека сме во Виена. Некако убаво звучи да си во Виена. Нема метеж во сообраќајот, се' е почисто, градот диши културно. Во 2005 година, според угледниот „Економист“, Виена е рангирана на прво место според квалитетот на животот. Градот, исто така, е рангиран на прво место според културата на иновации во 2007 и 2008, што ќе се согласите, се интересни прерогативи во однос на нашата живејачка, односно според нашата потреба да стигнеме некаде во блиска иднина. Тоа, накратко, е град пример за урбаност. Претпоставувам дека поради овие елементи и беше земен како пример за нешто убаво каде што моментно сме стасале.

Но, тоа не е се'. Немаме намера да се задржиме во Виена. Нашата цел е Брисел. Оваа убавина, која не сме успеале добро да ја доживееме и да и' се нарадуваме, ќе мора да ја напуштиме. Ова е само наша попатна станица. Имаме од Виена уште само 914 километри. Интересно е да се види што велат бројките што ги употреби Васко Наумовски. Видовте, тој во стилот на Груевски ги нареди сите 100 вработени (претпоставувам) од неговиот сектор. Односно, од секторот кој најмногу ја определува нашата брзина на движење кон Брисел. Практично, тоа се луѓето кои треба да не' одвезат во Брисел. И, да ви кажам, ми изгледаа сериозно. Како да им е јасно какви се' калкулации треба да се направат околу километражата и брзината со која што треба да се придвижиме кон Брисел, веднаш штом ќе ја напуштиме Виена.

Според Васко Наумовски, ние лани сме ти биле во Будимпешта. Не ни кажаа. Оваа година сме во предност, знаеме барем каде сме. Јас за вас направив пресметки колку сме поминале во меѓувреме и утврдив кога точно ќе стигнеме во Брисел. Сигурен сум дека во тимот на вице-премиерот истото тоа го сториле, но не сакале се да ни кажат се' на една прес-конференција. За да не' држат во слатка неизвесност. Патувањето е убава работа. Се' е околу нас по Виена зелено, живописно. Веројатно сакале да си поуживаме уште некое време. Да не ни го расипуваат задоволството. Простете ми за тоа што ќе ви кажам точно кога ќе стигнеме во Брисел. Мило ми е што ќе бидам прв во Македонија што го сторил тоа и ќе им ја украдам славата и радоста на тие млади ентузијасти зад Васко Наумовски, кои сметале, пресметувале, калкулирале и на крајот тоа му го шепнале да ни го каже на нас во вид на загатка. Еве вака оди пресметката.

Ако лани сме биле во Будимпешта, а оваа година сме во Виена, тоа значи дека за една година сме минале точно 216 километри, односно 134 милји. Да се потсетиме, Виена не ни е крајната дестинација, туку Брисел. Тој град, пак, е оддалечен од Виена 914 километри или 568 милји. Простата сметка ги дава следниве резултати. Ако продолжиме да се движиме со истата брзина, во Брисел ќе стигнеме некаде околу новата 2015 година, односно за 4,2 години.

Бев ептен заинтересиран да им ја провалам кодираната порака. Седнав, пресметував, сурфав. Во Гугл срчав за далечини, дистанци, типкав градови, имиња, држави... Морав да им влезам во штос. Се помачив. Сепак, тие се стотина луѓе кои ��апорно работеле цела година за да поминеме 216 километри. Не е лесно да парираш на толкава бројка персони. Та затоа, кога открив, по цели 15 минути напорна работа каде лежи зајакот, се озарив. Некакво убаво чувство ми надојде. Ем патувам ем за само четири години ќе стигнам во ветената земја. Што се четири години? Ни��то! Та ние 20 години се мачиме со посттранзицијата, која дојде како логичен след на 45-годишната претходна транзиција. Значи, 65 години транзиција и крајот се гледа. Само уште четири години. Одлично.

Сега, бидејќи времето е кратко, мораме напорно и упорно да почнеме да ги менуваме нашите навики. И тоа веднаш. Оти 4 години се 4 години, што би рекол претседателот. Тоа не се објаснува, тоа се знае. Додека трепнете ќе стигнеме. Потоа нема да има простор за оправдување. Никој веќе нема да не' толерира да продолжиме со нашите навики. Нема да можеме да продолжиме да плукаме кај ќе стигнеме. Ѓубрето ќе мора да се фрла во канти или контејнери. Најнормалните работи ќе мораме да ги правиме најнормално. Нема да можеме да го пцуеме на семафор оној пред нас, ако само за една милисекунда не реагира на време на зелено светло. Се' на се', само добро предвидувам. Врз основа на она што го чув на пресот на Васко Наумовски. Всушност, видов таму и неколку несоодветно озарени, да не речам нерасположени ликови. Ама претпоставив дека е тоа поради напорните калкулации и математички операции кои долго се правеле. Нормално е од тоа да се умориле, посебно ако не се дојдени во секторот од математичка гимназија... Како што можевте и самите да се уверите, во Виена не е ништо како во Скопје.

Од таа перспектива, ич не секирајте се за Белград. Да ве потсетам, и тој град беше споменат на конференцијата за печатот. Во контекст дека нема да има враќање кон него - во никој случај. Кажаното е кажано и нема причина да се сомневаме. Иако, на пример, некои моменти во пресрет на 2011 година потсетуваат малку и на возење во рикверц, ама тоа, најверојатно, е само привид. Имено, нема кој нема да дојде од Белград и од околината во наредните неколку недели кај нас во државата. Дури и оние што не' сметаа за српска бановина, наредени со четнички кокарди, како, на пример, познатиот Бора Чорба. Да не ги редам другите кои ги има на претек. Искрено, бев загрижен. Многу. Се' до пресот на Васко Наумовски. Сега не сум. Белград е поминат. Будимпешта исто. Моментно зад нас останува и Виена. Појавувањето на Белград и кокардите е веројатно нивен последен обид да не стигнат некаде околу Виена за да ни се прикачат. Ќе може тоа единствено ако додадат брзина, инаку ќе им избегаме без никакво гајле. На здравје!

П.С. Ве молам да не го сфаќате сериозно текстов. Тој е само мала реминисценција на реалноста. Гледате?!

(Авторот е доктор по политички науки)

http://www.filippetrovski.com


#
Статијата е прочитана 4658 пати.

Испрати коментар

Од: Nake Tufekciev
Датум: 13.11.2010 12:20:38
Se iznenadiv koga pominav pokraj bibliotekata na koja bese direktor gospodinot frlaa knigi so kamioni,ja prasav sekretarkata bidejki gospodinot ne bese tamu i mi rece bile duplikati i komunisticka literatura,zedov nekolku knigi kako dokaz od kamionot,ednata bese za ilindenskoto vostanie,monografija,koj mu dal pravo na ovoj gospdin da ja unistuva makedonskata kultura
Од: Жарко,Ресен
Датум: 13.11.2010 13:28:36
Да,така испаѓа пресметката со оние податоци кои ги изнесе г-нот Наумовски.Со ова темпо,ние ќе стасаме во Брисел за 4 години мерено од денес.Дали е тоа што сакаа да ни го кажат,се разбира не директно туку преку бројки,дека треба да чекаме уште 4 години за да почнеме пристапни преговори?Или е ова уште една нивна несмасна констатација?Изгледа сакаат да филозофираат многу и да се прават паметни,а не знаат колку тоа го прават невешто и контрапродуктивно.Но кој им е крив наместо да го работат тоа што им е зададено,сакаат повеќе да се сликаат и притоа да стресат некоја зелена.
Од: Komentator
Датум: 13.11.2010 15:25:58
Za zal mislam Brisel e od nas daleku edna svetlosna godina ...A sme stasale do Viena po Filipco...Ete jas da kazam i do tamu ne sme...moj Filipco...koga go gledam onoj Vienskiot bal vo Aleksander Palas ...za koj novokompniranite gospozi kazuvaat bev na Vientnamskiot bal...gledam deka od svadbarsko oro dva napred eden nazad ne sme trgnale napred..vo EU...Licno smetam ako sakame vo toa "drustvo" trebe da imame i "pedigre" a toa se sozdava so generacii...a na kraj da kazam deka poveke sum pobornik na ona oro ..moe sie i moeto licno "pedigre"....!!! ako me razbirate Filipco...!!1
Од: cane sokolovski
Датум: 14.11.2010 10:04:39
Веќе повеќе пати имав споменато дека не верувам дека додавка на името може да го промени наоналниот идентитет . Идентитетот е она што е внатре во нас, што го определува нашето заеднико чувство, минато, памтење,сензибилитет. Нашите луѓе во давни вермиња се чувствувале Македонци, кога Македонија формално не постоела. И на крај памет не им паѓало нешто друго. Што сега тоа може да го промени? Сега пак имаме лавина од дум сценариа од дебили кои пропагираат тотален национален пропаст! И Хитлер го пропагираше тоа тотален ако Германија се предаде Не е ова само израз на етнонационализам туку на идиотизам,тотално отсуство на рационален мозок и сензибилно расудување! Климакс на илогично мислење се изјавите: ..."и си ги замени името и националниот идентитет за да влезе во Унијата, во Унијата ќе внесе не конфликт, туку нуклеарна бомба.".... Како и убиството на Фернинад,влегувањето на Македонија во ЕУ под ново име ќе доведе до катастрофа? Каков "национален" комплекс на супериорност! Tолку
Од: Moris
Датум: 14.11.2010 14:40:22
Zalutal ministerot od Belgrad vo Budimpesta.Go zgresil vozot ili avtopatot. Trebalo nakaj zagreb da fati poblisku mu e i poubav pat ima prijatelski.Ama ajde zaguben e toj .

Најди! во Утрински
Насловна
Реформи преку грбот на пациентите
Тиквешански
Стил
Сообраќајот ми е главен приоритет
Власта сака замолчени луѓе!
Сонцето ќе ги стопи декемвриските сметки за парно
Се бара нова ѕвезда под дрво и камен
Увозна турбофолк - интелигенција
Камерите нека снимаат, ама казни да не пишуваат
Феникс во светот на филмот
Кој ќе ни одговори?
Mac App Store - револуција на десктоп-апликациите
ТАКСО значајна поддршка на НВО во регионот
Неисцрпен извор на стручни кадри и идеи
Мама и тато не знаат дека се изгубив
Цената на бесплатниот ручек
Идната прва дама на Кина - пејачка
Грчки крст над македонски гробишта во Мала Преспа
Модната креативност е работа на кондиција






Hungarian government considers voting rights for expats
Freedom of expression threatened in Macedonia
Putin leaves Bulgaria with a gas deal and a new puppy