Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Балкански ѕвезди

Увозна турбофолк - интелигенција

Јасминка Павловска

Кога Македонците би биле тестирани за знаењето што го поседуваат за дамите именувани како Северина, Јелена Карлеуша, Цеца, веројатно резултатите би биле подобри од сознанијата што ги поседуваат, да речеме за визната либерализација на ЕУ кон земјите од Западен Балкан... Или кој победи на Евровизија? Или кој е последниот филм на Милчо Манчевски? Или да испеат некоја македонска песна (изворна народна, забавна, рок, турбофолк...) од почеток до к��ај?

Но, за Северина, Карлеуша и Цеца дури и најлаиците, најнеинформираните, најнезаинтересираните би добиле барем преодна оценка, а сосема задоволителен број би имале солидни познавања за трач - животописот, творештвото и кариерата на госпоѓите со ѕвездена биографија. Најсвеж доказ за тоа е преполната сала „Борис Трајковски“, минатата сабота на концертот на Северина. Не останува многу простор за сомневање дека тоа ќе се случи и на концертот на Карлеуша, а уште помалку на оној на Цеца. Веќе е докажано во живо во Прилеп и во Куманово дека на Македонците пиво(фестот) најмногу им годи со Цеца и со Северина. Далеку од тоа дека сакаме да оспоруваме нечиј музички афинитет, врз каква било основа, но каде ни е крајот кога балканските кралици на турбофолкот почнавме да ги доживуваме како општествено ангажирано културно доживување. Имено, Цеца и Северина годинава во Прилеп и во Куманово гостуваа на сметка на општинските буџети, што е фактурирано веројатно како културна активност. Концертите во Скопје се од чисто комерцијална природа, но некако лебди во воздухот и медиумската восхитеност дека со рефрените „гас, гас“, „слатка мала“, или „манта, манта“ ни доаѓа здивот на напредните интелектуални струења, со модерно - хуманитарен предзнак.

Потсвесната, па и свесна мотивација на голем дел од публиката на Северина е да ја видат во живо „актерката“ од веќе дамнешното домашно, т.е. бродско порно-видео, пет-шест години подоцна, сегашното толкување на тој клип е како мудар потег во кариерата. Во меѓувреме, таа се обидува во својата татковина, покрај атрибутот „национале“, да се здобие и со имиџ на политички дисидент, со директни обвинувања до премиерката на Хрватска, Јадранка Косор за невработеноста, за незаземањето околу програмата за контрола на раѓањето... И така Северина се претвори во мудрица, која со плитки песни и ономатопејски текстови стана балканска хероина на турбофолкот. Сепак, останува резервата за нејзина турбофолк-квалификација поради тоа што е демек од Хрватска. Зашто според некоја ограничена логика, турбофолкот е иманентен за српските пејачки диви. Во секој случај, никако не сме скратени ни за турбофолк-интелигенција од таква провиниенција. Еве, на 20 ноември, доаѓа Јелена Карлеуша, која освен тоа што во Македонија е позната како другарка на Боки 13, во последно време со својата колумна за одбрана на правата на хомосексуалците, ги возбуди и интелектуалците од кариера со европска ориентација, кои со „иронија на судбината“ егзистираат и творат на просторот од Вардар до Триглав. Со сличен принцип како Северина, Карлеуша стана мудра интелектуалка за човечки права.

За волја на вистината, третата ѕвезда, која ќе ги „удостои“ скопјани со своето творештво и ѕвездена аура, Цеца Величковиќ-Ражњатовиќ, со својот бекграунд не може да игра на моментот на политичката коректност. Колку и да е кратка меморијата на Балканците, сепак, незаборавен е периодот на нејзиниот брак со контроверзниот (анти)херој Аркан. И како пародија, колку е поголема контроверзноста на балканските ѕвезди - толку е поинтензивно инсистирањето на ниските страсти на аудиториумот, кои ја ограничуваат свеста. И според логиката на таа пародија, Македонците се среќни кога Цеца, Карлеуша и Северина ќе им дојдат во дворот, да им ја наполнат душата и да им ја замрачат свеста. Згора на се', освен сексапилот, во најново време ни увезуваат и интелектуална политичка коректност напишана на маичка, и тоа на кирилица „ЛОВЕ СКОПЈЕ“.

И за крај, колку и да изгледа чудно што во ист наслов се најдоа зборови како турбофолк и интелигенција, македонската концертна реалност докажува дека тоа може да функционира. Како карикатурален оксиморон!


#
Статијата е прочитана 2268 пати.

Испрати коментар

Од: srbin
Датум: 13.11.2010 15:24:15
Pazete makedonci poleka poleka se srbizirate.Koga ke pojdes niz z. Makedonija samo srpski qamii na sekoja strana,srpskoto zname se vee na sekade,se zboruva srpski na sekoja strana,prosto covek se custvuva kako da e vo shumadija,ne vo Makedonija.Zgora od toa srpskiot stana ftor oficijalen jazik vo drzavata.Opstini vo koj do pred dvaesetina godini bea so makedonsko nacionalno mnozinstvo,sega se so srpsko nacionalno malcinstvo,pa makedonskiot nemozes da go slusnes ni za lek.Pred nekoja nedela srbite ja peeja "makedonsko devojce k...a golema",i go palea m.zname.Iljadnici makedonci zemaa srpsko drzavjanstvo i se pisuvaat srbi,a od druga strana srbite ne ne priznavaat kako poseben narod,pa duri velat im ja krademe istorijata i gi prisvojuvame Goce,Dame,Jane.Zatoa stop za srbskata invazija.Morame site da se zdruzime i da ja dopreme ovaa nacionalna tragedija sto denes ni se slucuva.A zaboraviv.Duri imaat nekoj si plan za g.Srbija do 2013 godina.
Од: danok mu e majkata
Датум: 13.11.2010 16:59:35
danok na kic mu e majkata! Ama koj ke kaze sto e kic? Koce ili onoj gradonacalnik od Prilep!
Од: fer
Датум: 13.11.2010 17:23:29
Pocituvani , ne se soglasuvam so kazanoto vo napisot od slednive pricini - Ako nekoj ja saka svojata drzava , narod tradicija , muzika , ke naucil , uci ili ke nauci za nejzinoto minato , seganost i idnina i ke gi znae i ke gi pee svoite narodni izvorni i segasni moderni aranzmani na pesni .Nikako ne mozam da se soglasam i da obvinuvam drugi i da se davaat takvi kvalifikacii za nekoj estradni ,,zvezdi,, koi samo go rabotat ona sto najdobro znaat i ne se tie vinovni ako nekoj gi saka .Jas so zadovolstvo gi slusam site navedeni balkanski ,,zvezdi,, no mzam da kazam deka i so ogromno zadovolstvo gi slusam , peam i ke gi peam nasite stari izvorni pesni , ponovite i najnovite aranzmani i se gordeam so toa .Pozdrav do site ljubiteli na muzikata.
Од: Стефан
Датум: 13.11.2010 17:36:32
Ало немате ли попаметни вести за пишување? До кога ќе ни го перете мозокот со вакви текстови: србизам, шунд, дрр,...мрр... Што у ствари сакате да ни наметнете? АЛО ЈАС СИ СЛУШАМ ТОА ШТО МИ СЕ ДОПАЃА БЕЗ РАЗЛИКА ДОАЃАЛО ТОА ОД СРБИЈА ИЛИ НЕ!!
Од: Анонимна
Датум: 13.11.2010 18:25:41
Јас не сум била упатена дека Северина пеела турбофолк и дека може да се стави во ист кош со овие две. Глупост невидена, извадена од неинформиран новинар што мрзи турбофолк, па секоја пејачка што е успешна и убава на Балкан ја стави во кошот на дебилни турбофолк певаљки. Веројатно затоа што ние немаме ниедна таква ѕвезда , не знаеме ни као да ги класифицираме
Од: Ravnogorac
Датум: 13.11.2010 20:56:41
Odlicno receno bratac.
Од: makedonec
Датум: 14.11.2010 10:12:28
Eee Jasminka Jasminka pa spored tebe na pivo fest bi trebalo da ja pokanime Bechkata filharmonija ili uste podobro nekoja grupa od Zanzibar sto ke pee se samo ne Turbo Folk i nema da lici na onie ''pjki'' od gore navedenite. Pa zarem ne gledas deka site nie sme Turbo Folk narod nemozes od Turbofolkerasi da napravis ljubiteli na Klasicna muzika(Makedoncite se rodeni so Klasicna muzika).Kako jas sto znam za narodna pesna se smeta pesna koja ja prifatil narodot vo odredeno vreme i ostanala da trae i ponatamu, e sega ovoj Turbo Folk Marsovci da ne go izmislija?I nego go izmislil narodot e sega kolku i dali ke trae vremeto ke pokaze ne treba da se frla so drvja i kamenja .....se tece i se menuva. Jas znam mnogu lugje koi nesakaat da slusnat za Turbo Folk ama za Afrikanska muzika koja opisuva kako se lovat lavovi e toa e vo red toa e moderno i ima umetnicka vrednost .......gospod neka ni e na pomos....
Од: Od Zapad
Датум: 14.11.2010 15:06:21
Gi citam komentarive i ja slozuvam slikata voopsto. Turbo folk... toa ne e muzika. Toa se peaci so nikakov muzicki talent i vrednost. Toa se neartikulirani zvuci so arapski ritam, izmesan so elektronski iskriveni zvuci.....uff. Mizerija. Naiven narod. Stoka. I vie vo Evropa.... vo Turcija..i bliskiot istok, tamu ke najdete duseven i kulturen mir, site vie primitici.
Од: игор
Датум: 14.11.2010 17:30:12
Зошто со сила се трудите да им наметнете на луѓето каква музика да слушаат ? демек мора да слушаат квалитетна музика, кичов треба да е забранет. кој што сака нека си слуша ! или вие сакате одма да се маркирате себеси како слушатели на квалитетна музика со вреѓање на шундот ? А сигурно дека повеќе знаат за некои естрадни ѕвезди отколкѕ за визната либерализација за земјите од Западен Балкан ! Доста вие новинарите не тупите со политика !
Од: Error
Датум: 14.11.2010 18:00:39
Очигледно народецов лесно се пали на шунд.Има некоја сличност во обожувањето на наведените „идоли“и на нашите политичари.Нивото и на едните и на другите е кичерај близок со широките народни маси,па можеби токму затоа се податни за обожување!Не ми е јасен мотивот за текстов!Се обидувате ли да го осудите секој шунд,или исклучиво само тој кој ни доаѓа од страна?Се обидувате ли нашите шундмајстори:Слаткар,Ребека,Бојана,Ноне, Сузе„Национале“,Б.Павловска,Б.Груевски (нека ми простат ненаброените:) и сл. да ги прогласите за уметнички вредности,само затоа што се Македонци?!Идиотизам е да му се одредува на народот што да слуша,или што да г��еда,посочувајќи му дека вредноста на „нашиот“кич е поголема од онаа на истоветниот „странски“!„srbin“-от кој употребува „q“за xhamii („срБски џамии“:) е навистина „убедлив“ со своите глупости!Шампион е во пишување глупости за оваа година!

Најди! во Утрински
Насловна
Реформи преку грбот на пациентите
Тиквешански
Стил
Сообраќајот ми е главен приоритет
Власта сака замолчени луѓе!
Сонцето ќе ги стопи декемвриските сметки за парно
Се бара нова ѕвезда под дрво и камен
Камерите нека снимаат, ама казни да не пишуваат
Феникс во светот на филмот
Кој ќе ни одговори?
Mac App Store - револуција на десктоп-апликациите
ТАКСО значајна поддршка на НВО во регионот
Неисцрпен извор на стручни кадри и идеи
Мама и тато не знаат дека се изгубив
Во Виена не е како во Скопје
Цената на бесплатниот ручек
Идната прва дама на Кина - пејачка
Грчки крст над македонски гробишта во Мала Преспа
Модната креативност е работа на кондиција






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry