Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Грчки крст над македонски гробишта во Мала Преспа

Пописот на населението во април треба да потврди дека 97 отсто од населението се Албанци

Од нашиот известувач
Димитар Чулев


КОРЧА, АЛБАНИЈА - Во Албанија можеш да бидеш Македонец по род и по Извод од матична книга само доколку си од Општина Пустец или од оддалеченото, тешко достапно село Врбник на албанско-грчката граница, на 40-ина километри јужно од Корча. Надвор од овие две локации терминот Македонец завршува во моментот кога „заради подобар живо, ќе се преселите“.

Пописот треба да потврди дека 97 отсто од жителите во Албанија се Албанци. На, со Уставот признатите грчко, македонско и српско малцинство, и на јазичните малцинства Роми, Црногорци и Власи им се оставени три отсто. Во Албанија моментално се води тешка дебата како треба да изгледа пописниот образец. И покрај инсистирањата на странските посматрачи, и покрај притисокот на малцинските партии и здруженија што бараат државата во образецот да ги наброи сите малцинства, а обичните граѓани со едноставна процедура (ставање точка или крст) пред нивната малцинска група да се изјаснуваат, отпорите се големи.

Како што се чини, ќе остане образецот во кој има две графи: првата за изјаснување како Албанец, а втората каде што сите гореспоменати малцинства би се изјаснувале како други.

Васил Стерјовски, извршен директор на телевизијата Кристал плус, која од пред два месеца зрачи на македонски јазик, жестоко се противи на ова подметнување од албанската држава, кое има цел да го сведе македонското малцинство во Албанија на два тесни региона. Иако само во Пустец има 5.300 жители - Македонци, во т.н. етничка карта се води како место каде што живеат 4.160 Македонци.

Случајно или не, „македонското прашање“ во изминативе денови се најде високо во агендата на политичките партии во Албанија и доби пристоен простор во медиумите откако претставници на грчката организација „Омонија“ направија упад во гробиштата во село Бобошница. На старите гробје најдрско беа ископани коски на луѓе за да биде изградена бетонска патека и неугледен петметарски крст со образложение дека тука во времето на грчко-италијанскиот судир во Втората светска војна загинале двајца војници. Моштите се извадени во 1991 година, таму нема ништо, но постои желба и тој дел да се претстави како грчки.

Илија Кунешка, 86-годишен старец од Бобошница, се' уште памети дека тука, во неговото село, ниту некогаш имало Грци ниту некогаш на тоа место постоеле гробови на странци. „Тука беа старите гробови на Македонците од Горна Маала во Бобошница“, вели Илија, кој деновиве е една од главните теми на „Јутјуб“ каде што се обидува со жар на млад човек да ја објасни својата старечка немоќ да ги прикаже работите како што беа.

Кристал плус во соработка со една македонска телевизија го пушти тој прилог во етер и во Македонија каде што предизвика мало или никакво внимание.

Случајот „Бобошница“, како што ни објаснија, нема да заврши без судска пресуда. Повикани се актуелни луѓе од локалната самоуправа да кажат дали поставувањето на крстот над стари гробишта било со дозвола. Повикани се, исто така, и претставници на Омонија да објаснат зошто е тоа сторено. Во селото сега живеат Власи, кои сакаат да се изјаснат како Грци и за тоа добиваат грчки пензии.

Селото во 1943 било комплетно запалено, а поголемиот дел од Македонците заминале во Корча, Елбасан, Тирана, но постојат податоци што покажуваат дека тоа отсекогаш било македонско село. „Во архивите на доселеници во Америка, кои постојат на островот Елис во Њујорк, има над 150 имиња на лица што се по потекло од овие села околу Корча, и кои таму пред американските имиграциони власти се изјасниле како Македонци“, ни вели Васил Стерјовски.

„Погледнете ја топонимијата Бобошница, Дреново, Борје, Ѕвезда, Полен, Божјиград, Лешница и особено последното Сонблаг, кое кај старите било препознатливо како село каде што луѓето и намерниците од сите краишта можеле да одморат по долгиот пат и да имаат благ или лесен сон“, ни вели Васил Стерјовски.

Интересна е приказната со 28-годишниот амбициран млад човек што сака на непризнатото македонско малцинство да му ја прикаже Македонија од поблиску и затоа се зафатил со помалку неблагодарната функција.

„Претежно пуштаме македонски песни“. Во неговата канцеларија стои портрет на Тоше Проески. Одвреме-навреме тој и неговите соработници Сотир Ристо и Нико Трајко, спијат во сопче блиску до „студиото“ во зградата на некогашниот Работнички дом во Корча се пресреќни од тоа што го работат. „Откога почнавме да зрачиме во етерот се потсетија на старите времиња кога крадешкум фаќаа телевизиски и радиопрограми од Македонија. Се' уште не сме екипирани, но многу бргу се надеваме дека ќе почнеме да емитуваме и своја програма“, вели Сотир Ристо засега само уредник и задолжен за техниката во телевизијата. Првиот настан им беше - „Бобошница“.

Стерјовски ја прифати улогата извршен директор на телевизијата Кристал плус покрај сериозната обврска што ја доби со распределбата на власта меѓу победничката Демократска партија на Сали Бериша и коалицискиот партнер Македонска алијанса за европска иднина. Тој истовремено е директор на „Водовод и канализации“ во руралните средини во Корчанскиот регион. Тоа му дава слобода да се наметне како стручњак, но и како човек што води сметка за запоставените општини.

Телевизијата Кристал плус ја пушти во етер и ја обзнани изјавата на дедо Илија Кунешка на „Јутјуб“. „Досега немавме никакви проблеми од албанските власти што се покажаа флексибилни за преземањето под наем на телевизија која 11 години зрачи во етерот. Единствена забелешка досега дојде од грчкиот конзул во Корча, кој имаше забелешки за документарните филмови, за „Бушава азбука“, за „Македонските приказни“, кои ги пушта ТВ Кристал плус во етерот.

Васко Стерјовски вели дека телевизијата, која покрива простор од околу 200.000 потенцијални гледачи, доаѓа во вистинскиот момент пред пописот што треба да се одржи во април. Луѓе се јавуваат во телевизијата, ја поздравуваат, се потсетуваат дека се Македонци...

Но, пописниот образец не е гарант дека луѓето, кои евентуално во Голо Брдо, во Гора, во Тирана и во Елбасан ќе се изјаснат како Македонци, како такви ќе бидат впишани и во Матичната книга на државата.

„Од нас бараат да и' веруваме на Државната пописна комисија во која тие би сакале да има што помалку претставници од малцинствата“, вели Стерјовски.


#
Статијата е прочитана 3988 пати.

Испрати коментар

Од: Еве ја вистината
Датум: 13.11.2010 13:15:00
Во Голо Брдо и Мала Преспа населението се декларирале како Бугари. Нема Македонци во источна Албанија, има само бугари
Од: zoran
Датум: 13.11.2010 14:26:29
od kade tatari vo albanija? da ne si pobudalel
Од: SPIRIDON/do eve ja vistinata/
Датум: 13.11.2010 14:53:24
A be dete,oti na takvo mi ličeš po napišanoto,da ne bile i se bugarite i "bugarašite" čavki,pa op preku Makedonija ja gi u Albanija,a?A može i se čavki ili utki.A be pa samo mentalnio sklop na makedoncite u Albanija,krotok a hrabar i isklučitelno česen,dvoe gi od bugarite koj istoriski gledano u site vojni bile na stranata na momentalno posilnio.Arno ama nogu merak po tugjoto,bugaraški.Vidi sea tvoeto pišuvanje ne me sekira.Sekira me reklamata šo ode na A1,za izborite.Tono,teksto,pratečkata muzika,borbeni tapani,liče mi na zakana,na agresivnos,na spremnos po sekoja cena da se bide nad 20%.Zašo nemat verba u sistemo,šo e i nijni,u državata u koja ima "soživot".Ke ne zaplašuvat li ili ja grešam.Šo da kažat našite u Albanija,a?
Од: Од Мене до Вас
Датум: 13.11.2010 16:39:08
Жалосна сторија и виситнити настани кои ни проаѓаат пред очите без да реагираме, да се побуниме или да ни се чуе гласот.Благодарение на будното око на новинарот дознаваме трагедии кои се случуваат над Македонци во 21-ви век. А со брзина на светлоста веќе приситгаат антимакедонски текстови како оној од „Еве ја вистината„. Најголем противник на се македонско. Но кога дечките од спомнатите места би имале средства за телевизија преку интернет одма би им станал претплатник. Цената не е битна.
Од: до Спиридон
Датум: 13.11.2010 17:05:13
Спиродоне, те знаеме каков си патриот: дели го народот на БГ и МК, после од Атина ке ти ПЛАТАТ.... Това е старо МК име - СПИРИДОН!
Од: karokan "gambit"
Датум: 13.11.2010 17:24:52
Ako toa " e vistinata",kazi mi.ziti se,kako izgleda nevistinata-lagata. Sega lugjeto sto se tamu jasno i glasno se izjasnuvaat sto se,jasno i glasno naveduvaat deka e pustena vo eter TV "Kristal plus"sto emituva programa,na makedonski jazik,so emituvanje na makedonski narodni pesni i serijalot od makedonski narodni prikazni (za sto vprocem reagirale i mesnite grci),ama ete "Eve ja vistinata gi poducuva,gi poprava nivnite ,ne razmisluvanja,tuku cuvstva. Covekot mora da e na "visoko" intelektualno nivo, da ne recam so izednacen IQ koeficientt so brojot na cevlite sto gi nosi!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! (Covece se nadevam deka nosis cevli,ako vec vo drugoto si bos). I zamislete,posle ovie nasi komentari istiot ce sedne vo nekoja birtija so slicni na nego ce im raskazuva kakva reakcija postignal negoviot komentar i ce se smee kako" budala na brasno". Nesto slicno na dve-tri godisno dete koe go pokazuva svoeto kako!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Boban Ackov
Датум: 13.11.2010 19:34:44
more luge, jas sum makedoniec od struga i sum ozenat so albanka od elbasan. ziveeme vo elbasan bidejki vo makedonija nemase nikakva egzistencija pa i sega ne ja gledam.dodeka ovdeka sme dvajcata na rabota i zarabotuvame dovolno za ziveacka . dokolku za bugari vo albanija koi se narekuvaat makedonici jas tuka ne se soglasuvam bidejki site makedonci koi sum gi sretnal tuka mi zboruvaat bugarski. zalam za komentov
Од: СЕ Е ГРЧКО МАСЛО
Датум: 13.11.2010 19:49:35
Во Албанија цела има 200.000 Македонци. А Грците затоа молчат за пописот во Албанија нив им е важно да нема Македонци тоа е едноставно грчка игра. Така Грција и помогна и на Бугарија кога влезе во ЕУ ја укина ОМО Пирин. Проблемот со Грција е толку сериозен што освен прекин немаме друг избор. Грција е тежок непријател.
Од: Saranda
Датум: 13.11.2010 21:17:02
Ne se samo ovie makedonski sela sto se spomenuvaat. Letovo bev na odmor blizu Saranda pa taka na 15km od moreto moze da se najdat sela so iminjata Lukovo, Sv Vasil, Mesopotamia, Bistrica i red drugi, a i ne treba da odite na lice mesto odete samo na google maps i ke gi vidite toponimite na site ovie makedonski primorski sela. Najgolem dokaz e crkvata Sveti Jovan koja e kopija na Sveti Naum od Ohrid, samo sto Sveti Jovan e na bregot na jonsko more. Najtragicno od se e sto lugjeto tamu se karaat koi bile grci a koi albanci, a vo lice se gleda deka makedonci a vo nivnite oci zarobeni dusi. ajde
Од: darko
Датум: 13.11.2010 22:51:19
Ние си патиме од нашите гревови. Луѓе сватете дека мора да си ја чуваме нацијата.
Од: Poetot od sveden
Датум: 14.11.2010 16:26:37
odgovor na deckoto sto go posetii Saranda celiot svet e makedonia za tebe. Aleksandar veliki otide do India, ali toj ne bese Makedonski sllavjanin. Nemoj da zaboravis deka Sveti Naum bese Albansko do 1924 godina ot koga glupaviot krall Ahmed Zogu mu go podari na stara Jugoslavija za pomosta sto go dovedoa na vllast. Slezi od neboto na zemja, decko makedonce.
Од: rada
Датум: 14.11.2010 23:29:10
toa e za zalenje

Најди! во Утрински
Насловна
Реформи преку грбот на пациентите
Тиквешански
Стил
Сообраќајот ми е главен приоритет
Власта сака замолчени луѓе!
Сонцето ќе ги стопи декемвриските сметки за парно
Се бара нова ѕвезда под дрво и камен
Увозна турбофолк - интелигенција
Камерите нека снимаат, ама казни да не пишуваат
Феникс во светот на филмот
Кој ќе ни одговори?
Mac App Store - револуција на десктоп-апликациите
ТАКСО значајна поддршка на НВО во регионот
Неисцрпен извор на стручни кадри и идеи
Мама и тато не знаат дека се изгубив
Во Виена не е како во Скопје
Цената на бесплатниот ручек
Идната прва дама на Кина - пејачка
Модната креативност е работа на кондиција






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry