Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Феникс во светот на филмот

Името Дино де Лаурентис, големиот италијански продуцент е нераскинливо поврзано со историјата на филмот, изјави Валтер Ветрони

Сунчица Уневска

Легендарниот филмски продуцент Дино де Лаурентис во својата долга 70-годишна кариера остави зад себе огромна филмографија во која, како кај никој друг, има редица култни наслови кои го изменија текот на филмското творештво, но подеднакво и редица огромни промашувања. Она што е неверојатно кај Де Лаурентис, е фактот дека умееше секогаш одново да се издигне и повторно да открие нови имиња и автори, како и нови актерски ѕвезди и да има пресудно влијание. Во неговата кариера има големи подеми и падови, има неверојатна заработка, но и загуби, па сепак, Де Лаурентис е еден од ретките продуценти кој успеа толку долго да се задржи во еден ваков несигурен бизнис, каков што е филмскиот.

Тргнувајќи од “Горчлив ориз“, „Улица“, „Сладок живот“ се само неколку од италијанските филмски наслови и од времето на неореализмот, потоа „Серпико“, „Трите дена на кондорот“, „Дуна“ и „Регтајм“ во Америка, па се до „Ханибал Лектор“, Де Лаурентис имаше огромно влијание. Иако честопати кокетираше и со чисто комерцијалните филмови и големите блокбастери, сепак, факт е дека тој до крајот им остана верен и на уметничките филмови, на кои им обезбедуваше продукција и дистрибуција токму со помош на комерцијалните дела. Неговото присуство и опстојување во светот на филмот е навистина за почит, и како што ќе рече основачот на Римскиот филмски фестивал, Валтер Ветрони, едно е несомнено, дека името на Де Лаурентис е нераскинливо поврзано со историјата на филмот.

Дино де Лаурентис е роден 1919 година во Торе Анунцијата, близу до Неапол, како трето од седум деца. Неговиот татко продавал шпагети, а Дино ќе се определи уште многу рано. Во Рим ќе студира филмска камера, а со продукција ќе почне да се занимава уште пред војната. Во еден период служел во италијанската армија, а веднаш по војната, уште во 1947 година да го основа своето прво студио и да продуцира неколку значајни наслови од новиот неореалистички италијански бран. Меѓу нив е и филмот кој постигна интернационален успех, „Горчлив ориз“ на Алберто Латуада од 1949 година. Во овој филм беше откриена и преубавата Силвана Мангано, која подоцна и му стана сопруга.

Во тоа време Де Лаурентис ќе ги здружи силите со уште еден голем италијански продуцент, Карло Понти, со кого заедно во 1954 ќе го продуцираат филмот „Улица“ на Федерико Фелини, кој ќе и го донесе „Оскарот“ на италијанската кинематографија. Двајцата големи продуценти ќе останат заедно шест години потпишувајќи се зад „Европа 51“ на Роберто Роселини“, потоа зад уште еден филм на Фелини, „Кабириини ноќи“, но заедно ќе застанат и зад големите интернационални копродукции кои ќе се снимаат во Италија и кои ќе донесат голем комерцијален успех, како „Одисеј“ на Марио Камерини, во кој играше Кирк Даглас и „Војна и мир“ на Кинг Видор, со Одри Хепберн и Хенри Фонда.

Умеел Де Лаурентис да ги привлече и да ги донесе во Италија големите тогашни филмски ѕвезди, како претходно и Ентони Квин за филмот на Фелини, „Улица“. Каркатеристично е дека уште тогаш знаел да ја предвиди добивката од тие интернационални продукции и да ја промовира Италија како мека за снимање филмови. Веќе тогаш, со натсинхронизација на повеќе јазици, тој со овие филмови успеал да освои различни маркети и да внесе доста пари во својата земја. Токму затоа во тоа време добива можност да изгради големо студио во Рим, „Диночита“, кое тој ќе го замисли како конкуренција на славната „Чинечита“. Но, работите нема да одат во посакуваниот правец. Тогаш ќе застане зад филмот „Барбарела“ на Роже Вадим и зад уште неколку филмови кои ќе донесат загуба, а со оглед на кризата во италијанската кинематографија и новите правила кои ги внесуваат италијанските социјалисти, Де Лаурентис ќе мора да го затвори студиото и да се пресели во Америка.

Таму тој ќе основа студио во Северна Каролина и првиот наслов кој ќе го продуцира ќе биде „Серпико“ со исклучителниот Ал Пачино во главната улога. Следи нова серија успешни наслови, меѓу кои се: „Трите дена на кондорот“ на Синди Полак, „Смртна желба“ на Мајкл Винер, „Змиско јајце“ на Бергман, „Регтајм“ на Милош Форман, „Дуна“ на Дејвид Линч, па се до стилизираниот римејк на „Кинг Конг“ и „Флаш Гордон“. Умееше Де Лаурентис да гравитира меѓу високобуџетните и арт-хаус делата и никогаш немаше потценувачки однос кон блокбастерите. Неговата кариера се одликува со многу различни стилови и жанрови. Тоа најверојатно и ќе му ја овозможи долговечноста.

Во 1980-тите и 1990-тите години ќе заработи многу и на насловите на Стивен Кинг и Томас Харис, чиј легендарен Ханибал Лектор, всушност, тој прв го екранизираше во провокативниот „Ловец“ во 1986 година. Де Лаурентис ќе продуцира четири филма за Лектор, иако за жал не и „Кога јагнињата ќе стивнат“. „Hanibal Rising“ (2007) ќе му биде и меѓу последните наслови, кои ќе ги продуцираат заедно со неговата втора сопруга, американската продуцентка Марта Шумахер, и кој ќе им донес�� голема заработка.

Де Лаурентис важи и за човек кој открил и ја лансирал кариерата на неколку познати актери, меѓу кои и Силвана Мангано, Џина Лолобриџида, Раф Валоне, Меј Брит, а во Америка ја помогнал кариерата и на Арнолд Шварценегер. Наследството на Де Лаурентис, заедно со сите успеси и промашувања, ја прави неговата кариера единствена, бидејќи таа соодветствува на еден голем живот и голем филм, кој е дотолку поголем низ колку што повеќе искушенија ќе успеете да поминете. А Де Лаурентис тоа го правеше со достоинство и со голема верба, до самиот крај.


#
Статијата е прочитана 1332 пати.

Испрати коментар

Од: игор
Датум: 14.11.2010 17:51:31
убав текст

Најди! во Утрински
Насловна
Реформи преку грбот на пациентите
Тиквешански
Стил
Сообраќајот ми е главен приоритет
Власта сака замолчени луѓе!
Сонцето ќе ги стопи декемвриските сметки за парно
Се бара нова ѕвезда под дрво и камен
Увозна турбофолк - интелигенција
Камерите нека снимаат, ама казни да не пишуваат
Кој ќе ни одговори?
Mac App Store - револуција на десктоп-апликациите
ТАКСО значајна поддршка на НВО во регионот
Неисцрпен извор на стручни кадри и идеи
Мама и тато не знаат дека се изгубив
Во Виена не е како во Скопје
Цената на бесплатниот ручек
Идната прва дама на Кина - пејачка
Грчки крст над македонски гробишта во Мала Преспа
Модната креативност е работа на кондиција






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry