Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хроника

Никој не знае зошто е убиен таксистот во Теарце

Два дена по мистериозното убиство на таксист во тетовското село Теарце, полицијата и Обвинителството ги истражуваат мотивите за грозоморниот чин. Како што дознаваме, на информативен разговор биле повикани две лица, но веднаш се пуштени на слобода.

„Засега нема осомничени, но интензивно се работи на расветлување на случајот“, велат од тетовската полиција. Според нив, сите полициски служби се ангажирани околу истрагата и се разговара со сите оние што би можеле да имаат некакви сознанија. Според првичните претпоставки на Обвинителството, се отфрла можноста за должничко-доверителски односи, а веројатно не станува збор ниту за користољубие или за грабеж, затоа што на таксистот не му биле одземени ниту парите ниту мобилниот.

Рафет Асани (52) беше пронајден во своето возило, избоден со нож по телото и оставен во близина на муслиманските гробишта во атарот на селото Теарце. Го пронашле случајни минувачи што работеле на нивите. Тој бил удиран по главата со тврд предмет и имал повеќе убоди по главата и на плеќите. (Х.Р.)


#
Статијата е прочитана 717 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Деца ќе загинеа играјќи на воз
Уапсен уште еден бегалец од затворот
Одлука за „Копаница“ има, но не се соопштува
Пријави за тепачката во хемиското училиште
Се запали камион, возачот се спаси
Исчезнатиот поштар го нема никаде
Почина осуденик во Идризово






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis