Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хроника

Одлука за „Копаница“ има, но не се соопштува

Врховниот суд по минатонеделната одржана јавна седница, донел одлука за случајот „Копаница“, но таа ќе биде соопштена идната недела. Според претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, одлука за осудените за четирикратното убиство во скопското село Копаница е донесена, но Судскиот совет уште еднаш треба да ја разгледа и да го донесе финалното решение.

Сабри, неговиот брат Фатмир Шерифи и нивниот татко Митат Шерифи поднесоа жалби до Врховниот суд на пресудата донесена на 19 март минатата година. Со неа, двајца обвинети беа осудени на максимална затворска казна, а еден на казна затвор во траење од 10 години. Изречената пресуда беше потврдена и од Апелациониот суд.

Четирикратното убиство се случи во октомври 2007 година кај селските гробишта, каде што двајца од браќата Шерифи го пресретнале и пукале во Зија Јусуфи(32). По убиството на Јусуфи, бил нападнат и домот на семејство Јашари, каде што биле застрелени уште тројца. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 508 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Деца ќе загинеа играјќи на воз
Уапсен уште еден бегалец од затворот
Пријави за тепачката во хемиското училиште
Никој не знае зошто е убиен таксистот во Теарце
Се запали камион, возачот се спаси
Исчезнатиот поштар го нема никаде
Почина осуденик во Идризово






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis