ГОСТИВАР - На магистралниот пат Гостивар - Кичево, во близина на сепарација за камен, од непознати причини завчера околу 10 часот се самозапали камион, управуван од 42-годишниот Ј.Д. од Гостивар. Пламенот избувнал од моторот на возилото и веднаш се проширил на кабината. Притоа, возачот успеал да остане неповреден, а била причинета материјална штета од 300.000 денари. Извршен е увид и се работи на расветлување на причините што го предизвикале пожарот. (К.К.)