Уапсен уште еден бегалец од затворот
Полицијата го уапси и вториот бегалец од тетовскиот затвор, кој минатата недела го искористи проблемот со немањето струја во градот и избега од зад решетките. Станува збор за осумнаесетгодишниот Ш.И, кој според извори од тетовската полиција, бил уапсен вчера напладне во Тетово. Приведениот е задржан во полиција, по што ќе биде одлучено во кој затвор ќе биде префрлен.
Бегалецот, кој е извршител на повеќе тешки кражби, на 26 октомври заедно со уште тројца цимери од притворското одделение во затворот избега додека немало струја. Полицијата веднаш приведе еден од избеганите, а вчера бил фатен и вториот од групата. Се' уште се трага по уште двајца избегани притвореници, по кои е распишана потерница. (Х.Р.) |