Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хроника

Деца ќе загинеа играјќи на воз

Петнаесетгодишник е тешко повреден при струен удар додека се качувал на вагон

Даниела Трпчевска

Ноќна детска игра на пругата во скопската населба Лисиче можеше да заврши кобно. Петнаесетгодишно момче се здобило со тешки изгореници од струен удар додека се качувало на покривот на вагон кој стоел на перонот. Струја со јачина од 25 илјади волти го отфрлила неколку метри од вагонот, при што паднало на бетонот на станицата. Драмата се одвивала завчеравечер околу 11 часот на Железничката станица во Лисиче. Сведоци на несреќата биле петмина малолетници, кои пред надлежните кажале дека само сакале да се сликаат покрај возовите.

Според полициската истрага, петнаесетгодишникот завчеравечер со уште петмина свои другари на возраст од 14 до 16 години, дошол на железничката станица во Лисиче, каде што живее.

„Момчињата се качиле на вагон за превоз на стока што стоел на станицата. Во еден момент малолетникот со облеката допрел до електричен кабел околу кој се создало струјно коло. Од струјниот удар со јачина од 25 илјади волти бил бил отфрлен на бетонот до вагонот“, објаснуваат во МВР.

Откако децата пред нивните очи виделе како струјата го отфрла неколку метри нивниот другар, кој се здобил со повреди и изгореници, панично истрчале до отправникот на возовите, викајќи и барајќи помош.

Тој веднаш повикал Итна медицинска помош, а ја известил и полицијата за немилиот настан. Повреденото дете веднаш било пренесено во болница, а увидна екипа на МВР разговарала со момчињата кои објасниле што се случувало вечерта на пругата.

Повредениот со тешки изгореници е префрлен во Градската болница во Скопје. Според информациите од болницата, момчето е сместено на интензивна нега, по повредите со кои се здобило од струјниот удар.

„Петнаесетгодишникот има изгореници на лицето, десната рака и на ногата, како и повреди на телото, како резултат на падот“, објаснуваат во Градска болница. Тој е надвор од животна опасност, но има 30 отсто изгореници по телото. „Контактибилен е и неговата здравствена состојба е стабилна“, велат лекарите.

На местото на несреќата веднаш биле повикани и надлежните од ЈП „Македонски железници“. „Бевме на место на настанот веднаш кога не известија за несреќата. Според зборовите на децата што ги најдовме кај вагоните, станувало збор за игра. Тврдеа дека купиле ’кока-кола‘, пиеле, разговараме и во еден момент им текнало да се сликаат на вагоните. Едното од нив се обидело да се качи на кровот на вагоните, но во истиот момент кога се искачило, го удрила струја и било отфрлено на земја“, вели Ѓоко Миленкоски, претседател на Комисијата за вонредни настани на ЈП „Македонски железници“.

Од претпријатието објаснуваат дека неконтролираното движење на пругите може да биде опасно, бидејќи делниците на кои има возови секогаш се под висок електричен напон. „На столбовите имаме поставено знаци со кои предупредуваме дека има висок напон и дека е опасно движењето на пругата, но се случува нашите предупредувања да не се почитуваат“, укажуваат од МЖ.

Тие тврдат дека железничките станици се постојано под контрола на службени лица кои се задолжени за безбедноста. Така било и завчеравечер кога отправникот на возови ги забележал момчињата и ги предупредил да заминат. Но, наводно тие повторно се вратиле кај вагоните и ја продолжиле опасната игра.

И покрај честите предупредувања од вработените во железницата, сепак, несреќите често се дел од полициските билтени. Кражби на кабли кои се под висок напон, недозволено движење по пругите, често завршуваат трагично и со жртви. Вработените потсетуваат дека имало и случај кога рибар, качувајќи се во воз, со трската случајно го допрел јажето кое било под силен напон, што предизвикало струен удар.

„Бројот на кражби постојано расте, а најдраматично е тоа што голем дел од нив завршуваат кобно. Само за последниве три години, има десетина случаи што завршиле трагично на железничките пруги, најчесто при обид за кражба, или од струен удар“, објаснуваат вработени во железницата.


#
Статијата е прочитана 1660 пати.

Испрати коментар

Од: KGV
Датум: 03.11.2010 14:43:30
Otto brat falish ozdravi i vrakaj se pobrzo :'( te sakaa tvojata ekipa <<333333.
Од: јас
Датум: 03.11.2010 18:12:48
Тешко дека од кока кола направиле ваква опасна по живот - глупост !! Имало Господ !!
Од: KGV
Датум: 03.11.2010 20:35:02
Otto bratchee ozdravi pobrzo te chekame ni falish premnoguu :((te sakamee<<33 Ekipata
Од: Tina
Датум: 03.11.2010 20:36:52
Otoo pobrzo da ozdravishh!!!

Најди! во Утрински
��роника
Уапсен уште еден бегалец од затворот
Одлука за „Копаница“ има, но не се соопштува
Пријави за тепачката во хемиското училиште
Никој не знае зошто е убиен таксистот во Теарце
Се запали камион, возачот се спаси
Исчезнатиот поштар го нема никаде
Почина осуденик во Идризово






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis