Скопјанец убиен на паркинг
Вчера, пет минути по полноќ на улицата „Гоце Стојчевски“ во скопската населба Топанско Поле, со неколку истрели од огнено оружје бил убиен Неџат Пепиќ (42) од Скопје. Трагичниот настан, според МВР, се случил на паркинг-просторот пред зградата бр.1, кога непознат сторител од огнено оружје испукал неколку куршуми во Пепиќ.
На местото на настанот, покрај екипа на СВР Скопје, увид извршиле и заменик-јавен обвинител и истражен судија, по чиј налог телото на починатиот било предадено за обдукција. Од МВР не соопштуваат други детали за настанот, освен тоа дека се преземаат мерки за пронаоѓање на извршителот на убиството.
|