Во Охрид се удави 44-годишен скопјанец
Во непосредна близина на платформа, на охридската плажа „Куба Либре“, вчера во 11,30 часот е пронајдено и извадено тело на давеник. Според охридската полицијата, станува збор за скопјанецот Љупчо Ш. (44), кој за исчезнат бил пријавен уште завчера, во доцните попладневни часови.
Во саботата тој дошол со сопругата, некаде околу 16 часот влегол во езерските вози со намера да се искапе. Три часа подоцна сопругата го пријавила неговото исчезнување во полиција, по што била отворена сеопафтна истрага. Пребарувањето траело цела ноќ иако било отежнато од силниот ветер и високите бранови. (Љ.С.)
|