Од сеф на ИГМ „Еленица“ украдени 390.000 денари
Ноќта меѓу петокот и саботата, односно во времето од 23 до пет часот наутро, непознат провалник влегол во управната зграда на ИГМ „Еленица“ од Струмица, а потоа насилно ја отворил метална каса од која одзел 390.000 денари. Струмичката полиција презема мерки за пронаоѓање на крадецот. (Љ.С.) |