Четворица повредени на мотокрос во Штип
Четири лица се повредени за време на денешното државно првенство во мотокрос „Рибник 2008“, што се одржа во Штип, откако еден од моторциклистите излетал од патеката.
Поврдените лица биле посетители на мотокрос првенството.
Дежурниот лекар на одделението за ортопедија во Општата болница во Штип, д-р Сашо Ценов изјави дека две лица се задржани на болничко лекување, од кои едно момче од Струмица кое има скршеници на двете потколеници.
На мотокрос првенството „Рибник 2008“ - Штип се возеше во класата на мотори од 125 и 250 кубика.
Победник во класата од 120 кубика е Кристијан Илиевски од Битола, а Гоце Томовски од Скопје во класата на мотори од 250 кубика. (МИА)
|