Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
06.03.2012, 18:29

Поглед

Галии за роденден

Деспина Трајковска

Таман почнаа да спласнуваат реакциите за „Скопје 2014“ и многумина се соживеаја со него, градоначалникот Коце Трајановски го размрда секојдневието со старо-новата идеја. Ќе ни' укотви сплавови, пардон, бродови на Вардар. Ќе стасаат налик на „Пиратите од Карибите“. Па, зошто да не ги дочекаме и нив.

Што вели градоначалникот, „доста е од стереотипи“. Кога можеше да се соживееме со палмите и плажите „а ла Рио“, да го прифатиме тркалото како тоа во Виена, ама нашево качено на мост, плус живите врби во Вардар - „македонски производ“, за два брода е смешно да се реагира... Згора на се' што тие „ќе помогнат за развој на Скопје“.

Да не беше смешно ќе беше трагично. Или, пак, обратно, кој како милува. Бродовите ќе станат јаве. И, ако некој му се смееше на Амди Бајрам кога еднаш рече дека ако е градоначалник ќе ставел брод во Вардар за долго сеќавање, сега треба капа да му симнувамд. Ако ништо друго за визионерство. Амди не се ни обиде да стане градски татко, ама... Не еден, туку си најми четири брода среде Охридското езеро и направи сунет за внук му Валентино. Сите го запаметија по тоа.

Така, и туристите привлечени од „Скопје 2014“ ќе ја запаметат нашата метропола. Можеби некој од нив ќе посака да си го прослави роденденот на оваа скопска атракција. Локалци сигурно ќе се журкаат, уште од сега се распрашувале кај Трајановски кога галиите ќе станат реалност. Дури и тој нема ништо против да ги изнајми за својот роденден.

Среќен и задоволен, во роденденски филм можеби и ќе си ја запее „не будите мене, мамуран сам ја од ракије љуте и од сплавова“, еден од препознатливите хитови по белградските сплавови. Во меѓувреме, некој ќе рече „кога е бал, нека е на вода“. Без коментар.


Статијата е прочитана 1099 пати.

Испрати коментар



Менаџерски црковен бизнис
Хронологија на духовната беда
Што научија студентите на ФОН во НАТО и во ЕУ



deko, 07.03.2012 00:46:29
Sitie sto kritikuvaat prvi ke se kacat na brodovite,isto kako prvi se kacija na porta makedonija,vlegoa vo muzejot,prvi se kacija na zicarata itn,sto da se pravi prodolzuva licemerieto.Jas da sum kako nekoi uporni kriticari na se sto ne im e po keif nikogas nema da gi posetam ovie mesta ke si setam sto podaleku megu siviloto ostaveno od predhodnicite koi ne gradea trajni vrednosti tuku zaedno so urbanata mafija gradea samo nekoi ednolicni i sivi zgradi identicni edna na druga kako vo bivsiot sovetski sojuz
Дрн дрн дрн, 07.03.2012 07:25:36
Првата реченица од текстот кажува се: „Таман почнаа да спласнуваат реакциите за „Скопје 2014“ и многумина се соживеаја со него“. Исто ќе биде и со сплавовите, бродовите или галиите, како сакате. Авторката после дури и ќе ги фали.
Do Deko, 07.03.2012 08:00:17
Tie sto kradelo porano se amateri vo odnos na ovie graditelite a plus kicerajot sto go napravija e za posmev vo cel svet. No ti toa ne mozes da go razberes, zal mi e...
D.V., 07.03.2012 09:57:46
Lugje kako *deko*, so isprani mozoci so pomarandzasti ocila i nepismeni, neka apstiniraat od od komentari za se sto se odnersuva na Skopje i estetikata voopsto. A onie sto prvi gi posetile smeshnite gradbi na deneshnive naracateli koi se izzivuvaat na nesrekjata na narodot i koi gi lekuvaat svoite seljacki frustracii prku ovoj rezil od gradbi; gi posetija, vidoa im se smaci i sigurno nikogas poveke nema da gi pogledaat. Ke gi ostavat na retkire turisti koi ke dojdat tripati; *prviput, zadnji put i nikada vishe* kako bi rekol pokojniot Moma Kapor
Bibliska prikazna, 07.03.2012 10:47:37
A ce ja napravis vaka:arkata neka bide dolga trista latki, siroka pedeset lakti i visoka trieset lakti. Na arkata napravi prozorec, a nejziniot zid neka zavrsuvana eden lakt pod pokrivot. Vratata na arkata napravija odtstrana. I ce vovedes redovna recna plovidna linija Skopje-Solun, bia Demir Kapija. Biletarnicata ce bide vo BardovciKoce se razbudi od sonot,klekna na kolena , se prekrsti i rece: Ce bide tvoja volja Gospode kako sto nareduvas. Ce napravam dve ako treba tria arki. I bi taka, a Gospod bese mnogu zadovolen i si rece: Ce go napravam Koceta svetec , stom se vratam, od Indija i Malezija ,oti ama golema verba vo mene.
kocka, 07.03.2012 12:20:05
Koce vekje ne Koce Kockata, sega e Koce Titanik
despino ubavo mak.ime, 07.03.2012 15:53:41
Dzaba se trudis,koj ke te razbere....Koce kakov takov e vo pravo,pogledaj po carsijata ul.Makedonija sto se slucuva...i deset splava ke bidat malku(pardon galii).

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Облачно

Сабота
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C

Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |