08.03.2012, 19:21 Си велам
Татковината ќе не' препознае сите
Ерол Ризаов
Татковината нема никому да остане должна
Во париски Пантеон, каде што почиваат најзаслужните дејци кои ја задолжиле Франција и светот, со големи гранитни букви од по еден метар во знак на благодарност е напишана позната грандиозна безвременска порака: „Татковината ќе ги препознае луѓето“. Таа, кога-тогаш, ќе ги открие луѓето кои направиле добри и големи дела за својот народ, а ќе ги жигоса и оние што се нејзин срам. Оцената за заслуги не е во националната пензија. Многу херои и патриоти поминале марширајќи под триумфалните капии, ама до благодарноста испишана во Пантеонот доаѓаат само оние што ќе ги одбере Татковината. Татковината не останува никому должна. Некогаш доцни поради дебелите пластови неправда и прав фрлени врз големите национални фигури, но секогаш доаѓа време кога се откриваат работите. Историјата, порано или подоцна, ги сместува сите таму каде што припаѓаат. И кога ќе згрешат современиците, Татковината ќе најде начин да ја исправи неправдата.
И нашата Татковина со време ќе ги препознае сите актери од поновата историја. Нема да им остане борчлија на оние кои уште при живот сами си се прогласија за големи и заслужни дејци, преродбеници, херои, патриоти и јунаци без ниту една добиена битка. На сите ќе им врати и за големите дела, но и за грешките, делбите, за посеаното семе на омраза меѓу нејзините граѓани, за клеветите, грабежите... но и за молкот. Удобните скривалишта од каде што се присвојуваат туѓите заслуги и дела еден ден ќе исчезнат. Нема да им помогне тоа што го бришат минатото кое го паметиме и кое ни го пренесувале нашите претходници, и кое сме го учеле. Велат сето тоа било комунистичка измислица. Во име на Татковината и граѓаните, тазе преродбениците ни проповедаат нова историја дека нашето минато е пославно и поубаво од она со кое досега се гордеевме. Тоа е еден од најсрамните чинови што се извршени во поновата македонска историја со политичка интервенција во науката и со популистичка инекција во свеста на голем број граѓани. Новите преродбеници за татко на нацијата избраа незнаен воин на коњ. Го викаат безимен за да не се сетат Грците дека тоа е лич��о Александар Македонски јавнат на Букефал. Баснословно скапите тони обична бронза излиени во Фиренца се преточени во евтин кич. Како печурки по дожд, во слава на антички јунаци, никнуваат споменици по плоштадите на македонските градови. Тоа остави подлабоки траги врз свеста на Македонецот отколку илјадници и илјадници вистински патриоти што загинаа за слобода на Македонија во антифашистичката војна. Најголемата епопеја на македонскиот народ и народностите кои живеат во Македонија. Ете таа најславна страница во македонската историја без која никогаш ќе немавме држава денеска е маргинализирана под нивото на античката митологија од која немаме ни прашинка. Така и' се удри најголемата шлаканица на Татковината со бришење на нашата единствена голема победа и најсветла страница во историјата која е крунисана со првата современа македонска држава - Федерална Република Македонија. Татковината нема да го заборави тоа. Ќе ги препознае архитектите на ова злодело.
Затоа внимателно господа пишувачи и создавачи на новата македонска историја, трагачи по пославно минато, самопрогласени херои и п��триоти, заслужни дејци, национални преродбеници и дежурни бранители на македонштината, идентитетот и јазикот. Привилегиите, наградите, академските додатоци и национални пензии колку и да се заслужени не се единствено мерило за исполнетиот долг кон Татковината. Тоа може да биде и политички влог за молк. Зошто молчевте, ќе праша еден ден Татковината, кога некој насилник одлучил да ги преправа ремек-делата изградени од луѓе кои таа веќе ги смести на своите страници на заслужни дејци. Каде бевте кога шарлатани одлучија да го преправаат Камениот мост, Собранието на Република Македонија, првиот македонски облакодер во стакло, кој скопскиот земјотрес пред 50 години не можеше ни да го мрдне, што направивте вие против таа идиотштина да се преправаат малкуте стари и убави згради во строгиот центар на Скопје. Се уплашивте ли од таа дрскост и ароганција сето тоа да се менува и сквернави затоа што на некого му текнало дека оваа наша повеќевековна историја е мала и недоволна за да ја освои денес власта. Прашавте ли јавно кои се тие научници кои ни сервираат поубаво минато како опиум произведен во политички лаборатории. Тој срам пред себе и пред светот мора да престане еден ден.
Има во оваа држава и вистински творци на кои не може да им се затвори устата со национални пензии и академски додатоци, да молчат кога се преправаат туѓи дела, допишуваат туѓи книги, президуваат туѓи градби без грам совест. Татковината ќе ги казни и тие што денес молчат за овие злосторства, а должни се да го кажат тоа. Погрешно сметаат дека денес е умно да се држи јазикот за заби, како што нобеловецот Иво Андриќ запишал дека доаѓаат времиња кога умните молчат, будалите зборуваат, а фукарите се богатат. Да, точно е, така напишал Андриќ мисла на своите јунаци кои живееле за време на Отоманска Империја. Еј, луѓе денес е втората година од втората декада на 21 век. На територијата на некогашната Отоманска Империја денес има 30 држави. Време е на народот да му се каже дека одамна нема султани, освен во ТВ-сериите. Последниот наследник на султаните умре пред неколку години во Њујорк како обичен граѓанин. Или овие вести уште не стасале до Македонија. А, којзнае можеби уште има кај нас султани, само поинаку се викаат.
Како и да е, Татковината ќе ги препознае сите. На сите ќе им даде и земе она што им должи и што нејзе и' должат. Од тоа нема бегање. Затоа низ историјата се случува од она што се гордеат современиците да се срамат следбениците и наследниците. Татковината ги мери само делата. Непогрешливо. |
|
Статијата е прочитана 3895 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Томе, 09.03.2012 00:14:37 | Кога лупетала најдоа да оценуваат историја, секакви глупости ќе се изначитаме.
Ќе пукнат од мака тие што 50 години го толчеа Македонецот и Македонија и не дозволуваа да пркне и да си ги слави корените. Ги газеа и си мислеа дека ако забранат да се говори за нив, ќе ги снема.
Пукнете душмани. Македонија преживеала илјадници ко вас, ќе ве преживее и вас. Ќе си ги славиме корените кои се многу подлабоки од НОВ.
Тоа што некои го злоупотребија НОВ, ги убија водачите на НОВ и се докопаа до власт, можеме да го погледнеме во новиот музеј за жртвите на комунизмот. Истите тие кукаат за НОВ. Комедијанти. |
| Shizophreno ludilo, 09.03.2012 00:33:16 | Erole. Koga se ima cuvstvo na velicina ,golema istovremeno propratena so cuvstvo na ponizenost i obespravenost, kako i namerna zarozenost od site strani, vo medicinata se narekuva Shizofrenija. Koga taa e kaj poedinci istite se smestuvaat vo sootvetni ustanovi . No opasno e koga taa kako epidemija ce se prosiri i zafati golem del od populacijata. E togas vece sostojbata e seriozna i zagrizuvacka. |
| Lbero, 09.03.2012 00:56:21 | Pazi Erole kakvi zelbi imas da ne ti se ispolnat |
| Predavnik, 09.03.2012 01:12:42 | Erole, ni gi chitash mislite i osecanjata. Za Aceta ili slovenite shto so ,,slamka,, go pominale Dunav, moze da ni se seshto zbori, ama za stvaranjeto i razvojot na makedonskata drzava, kako delo na komunistite, lichni sme svedoci. Da ne se trudat da ne ubeduvat vo neshto drugo, isto kako i za privatizacijata/pljachkata na opshtestveniot imot i voveduvanjeto na robovlasnichko, namesto demokratsko opshtestvo. Svoite zli poroci i dela probuvaat da gi prikrijat so nekakva si nivna, navodno vistinska istorija. Na zalost kaj del od gradjanite mnogu lesno minuva taa prikazna, pa ushte gi branat i glasat. Shto chovek da kaze? Da, istorijata ce presudi. PS: Shtom pishuvam, ochigledno sum vo onie shto zborat, a koi se fukarite, ochekuvam patriotite da odgovorat. |
| demokrat, 09.03.2012 01:34:16 | Erol, se plasam deka e veke kasno za vakvi tekstovi bidejki noviot vladin virus vo oblasta na istorijata e veke masovno prosiren i napaga podednakvo imladi i stari, neobrazovani, demek obrazovani, neprosetani, demek prosetani, itn itn... |
| Зајко, 09.03.2012 01:56:05 | Кога постоела држава со име Федерална Република Македонија? |
| Michael, 09.03.2012 02:08:24 | Genijalna statija |
| pameten, 09.03.2012 05:29:46 | илјадници и илјадници вистински патриоти што загинаа за слобода на Македонија во антифашистичката војна. Најголемата епопеја на македонскиот народ ??? Kade se imenjata na ovie iljadnici ubieni? Napishi barem 100! Vistinata e deka takva epopeja sekalo nemalo. Komunistite nikogo ne pobedile, samo se okazhale na stranata na pobednicite. I utepale iljadnici.(so imenja). Koga menuvaa azbukata i familiite, a Srbohrvatskiot rechisi stana sluzhben jazik... borcite za identitet bea vo Goli Otok. Denes edna fantazija se zamenuva so druga. No kje dojde vreme za vistinata. |
| Eli, 09.03.2012 05:30:06 | Cestitam za statijata, pocituvan novinaru. Prekrasno napisano, kako i site do sega. Kolku mnogu mi e zal sto ima tolku mnogu luge sto ne se soglasuvaat so tvoeto mislenje. |
| tome, 09.03.2012 05:58:34 | Istorijata isto taka ke go kazni i bolniot Branko shto ne si zaminuva, pa prodolzuva da go drzi vo zivot crniot Grujo. Pa taka treba oti grujo i dava tenderi na suprugata na Brane. Ste nasle budala narod, javnete go |
| Ljubotan Trade Name, 09.03.2012 06:10:53 | Mnogu ubavo pisanie,ama promasen tekst za Tatkovina.Vo nasevo podneblje,ne moze da se zboruva -pisuva za Tatkovina-Otacestvo -Otacestvije-Domovina,samo za Edna Tatkovina,Nie sme podnebie na; Konglomerat-Conglomerate-Ispomesano na povece Takovini.Nie sme Tatkovina na; Drevni,Najstari,Prestari,Stari i Novi Tatkovini. Se Dodeka, ova ne se prifati, kako De Fakto, kako Nasa Multi Etnicka Tatkovina, do togas nema ni,da imame Tatkovina! Primer neka ni bide Skopje i Okolinata! Za nacionalnata -etnicka zaostavstina na Nemanicite i Turskata Carevina-Porta, nikakvo Tatkovinski-Otazbinsko priznanie nema od-dadeno vo novite VMROvski posaduvana vo Skopje. Ama,ima za site drugi-novajlii ,sto Skopje nit go videle nit stapnale vo nego.Eeee za vakvii li Tatkovini se pisuva????? Eee ,sega tatkovinski;Sto gi povrzuva Strumicani so Skopsko Crno Gorci,il so site Anovi,Sareni Zamii,il Tecina?PS Erole mnogu si plasliv;Kazi mu na Popot,e Pop a na Bopot e Bop! Znaci po Andricu Jas sum,,Budala A Ti Umen ! |
| Sulo, 09.03.2012 07:05:46 | Dodeka e narodot siromasen i isplasen ke ima uste dolgo Sultani,koi nemilosrdno ke go kradat opstestvenoto blago a graganite ke go molat da za 5.000 evra si ovezbedat mesto vo drzavnata administracija.Svrteste se site okolu vas i ke gi prepoznaete Sultanite.No ima eden na Istokot,koj zasluzuva da se proglasi za Sultan na sultanite !!! |
| acko, 09.03.2012 07:39:27 | mozam da kazam samo deka se soglasuvam so textov vo celina no sepak me boli sto deneska molcenjeto e zlato i sto seuste im se cuti na aktuelnive za mnogu debilni raboti sto gi napravija i seuste gi pravat i nemaat namera da prestanat.po se izgleda tolku im e kapacitetot. |
| B. Betinski, 09.03.2012 08:11:47 | Edna rabota e koga intelekualniot i moralen format na licnosta i dava avtoritet na titulata akademik (vie, g. Erol, apelirate do niv), a sosem druga koga - istata licnost doagja do nekoj avtoritet preku titulata akademik. Ne e tesko da se pogodi deka, vo nasiov slucaj, mnogu povekje e vo prasanje vtoroto otkolku prvoto. I sam znaete deka tie lugje glavno postapuvaat onaka kako kje duvne vetrot; deka komformizmot i drzavnata cevka im se glavna intelektualna i moralna preokupacija; deka se sto fatile (trgovija so teritorii, Enciklopedija), se upropastile; deka, megju niv ima duri i nepismeni megju povekjeto skromno pismeni (cij ugled zavrsuva so Tabanovce); deka... nema smisla da se nabrojuva! Ete zosto vasiot povik e vik vo intelektualna u moralna mizerija, da ne recam pustina. Ete zosto se prodale i ke se prodavaat za 30 srebrenici, konvertirani vo dupliran akademiski dodatok. Megju tatkovina i blagoutrobie, tie go izbiraat vtoroto. Zosto, g. Riazaov, im go rasipuvate varenjeto? |
| mene, 09.03.2012 08:24:41 | Za Tome i onoj sto ne narekuva shizofrenicari!
Jas vi vikam vie ne znaete korenot od zabot kaj vi e pa ke zboruvate za koreni od ace makedonski. More tikvari edni, pa da gi prasavte babite i dedovcite od kaj vi se korenite. Vikam jas, ako se zafatite so takvi prasanja koj znae kaj ke ve odnese patot na majka vi...
Tuku na ovie prostori sekako se mesalo naselenieto, ama da mislis deka si potomok na anticki makedonec?!!!-sto e toa ako ne bolest?!
Ne e kasno lugje, ne molcete, BRAVO EROL, izvini ama ostana na vas Turcite da ni ja stitite drzavata i dignitetot. |
| naumce srbinoski, 09.03.2012 09:02:01 | Ako tie bezobrazni komunisti na celo so Tito ne ni ja dadea denesna Makedonija, kako ke mozea ovie, denesnive patrioti ,da ja drzat ustata tolku otvoreno. Znaci koj e kriv, ne postavuvam prasalnik, se znae, tie sto se drznaa vo vremeto koga Hitler go pokori Svetot, da napravat drzava Makedonija. I da ni dadat sloboda da zboruvame. Protiv kogo? Pa se razbira, protiv toj sto im ja dade taa sloboda. A, dali ke mozea da gi pododlepat usnite barem malku, ako bea pod srpsko, bugarsko grcko, ili......ne daj boze. Togas Ace, ne ke smeeja ni imeto da mu go izgovorat. |
| Gordana, 09.03.2012 09:05:29 | Brilijatno kazana vistina!Bravo Erile,chestitam za tochnata detekcija na realnosta.No,dali postoi ilach(lek) za nacionalnata shizofrenija i vakcina za zastita od fukarite?Do koga namesto mast ce ni prodavaat izvarka i toa so skapa EPP na nasa smetka?!..Govorot e zadusen,molkot caruva, a fukarite setaat po belosvetskite metropoli,dodeka narodot mu go tepaat..Tatkovinata ima dolga pamet!!!Koga-togas..navistina vraca i naplaca za se! |
| Rezzilov, 09.03.2012 09:11:59 | Срамно е еден новинар кој има привелегија да си кажува што ќе му текне во главата да укорува заслужни уметници,глумци,писатели и други затоа што државата се сетила да ги награди.А зборува за Франција.И се дрзнува да каже дека овие заслужени пензии ги примаат за да бидат замолчени!Во својот анимозитет кон оваа влада новинарот - претера. |
| сеуште нормален, 09.03.2012 09:22:41 | Огадено ми е од исфрустрирани коментатори кои сеат омраза кон она што е вистината. Тоа е дека како дошле на позиција и на власт односно преку партијска книшка така и ќе си одат! Потебна е културна деконтаминација на македонското општество кое ќе дојде час поскоро на задоволство на нас измачените граѓани кои кулурата не ни дозволува да влегуваме во расправа со понизници на ордата на власт. Не може културен коментар да дадеме а да не се јави некој од Томевци и секакви кои ќе го оцрнат насловот кој ги боли, а тоа е дека нивното поминува и никогаш повеќе нема да се повтори, а дека ќе одговараат сите пред судот на народот кого го изманипулираа и излажаа ќе одговараат. На здравје плукачи ние доаѓаме, а каде сме...насекаде околу вас. Поздрав Ерол! |
| Леонид, 09.03.2012 09:24:44 | Со сета почит кон колумнистот и неговите ставови, сепак оваа тема треба да биде предмет на дискусија и дебата меѓу македонците, а не и на етничките малцинства. Дали сме или не сме поврзани со античките македонци, дали сме словени или не, кој се ликовите што македонците треба да ги слават, треба да одлучат македонците. Светските трендови покажуваат трендови на поврзување на современите нации кои настануваат во 19 и 20 век со народите и цивилизациите што го населувале тој географски простор ( примери Египет, Турција, Грција, В.Британија итн.). Друго е прашањето дали споменикот на Александар треба да биде 5 или 20 метри, дали има премногу или премалку споменици од различни периоди и слично. За таква дебата неопходни се историчари и алхеолози, лингвисти, а не новинари и политичари инструирани со дневна политика. |
| до томе, 09.03.2012 09:26:40 | Многу си бре глуп човече! Навистина си бил столчен во минатиот период...а за епидемијата за што зборуваат останатите формумџии, време е да се најде вакцина! |
| Vesna, 09.03.2012 09:47:52 | Почитуван г-н Ризаов, ми поминаа трпки низ телото додека ја читав статијата. Во 2000 година го посетив Пантеон во Париз и имав неописливо чуство на почит кон фанцуските великани. Ме воодушеви таа извонредно силна симбиоза велинани - татковина. Тие за неа, таа за нив и се е кажано. Се плашам г-н Ризаов дека не сте во право! Ке ја изгубиме татковината пред таа да има време и можност да ни се освети на сите нам. А можеби тоа што ќе немаме татковина ќе биде нашата најголема колективна казна. Но, не залужуваме ништо повеќе. |
| Miki, 09.03.2012 10:07:18 | Јас се гордеам само со тоа што јас сум го создал (семејство, деца, книги, трудови, врски со пријателите,...). Неможам да се гордеам со некој божемен предок. Тој се гордеел со своите дела. Ги ценам великаните според тоа што го создале, а не што наследиле. Ги проучувам нивните дела, за да учам од великаните, а не да ја зголемаувам СОПСТВЕНАТА вредност поради нивните дела. Треба ЈАС лично да направам нешто корисно - и тогаш да се гордеам. Сега засега од тоа што го правиме, ние современите македонци, треба само да се срамиме. |
| НАТОвски, 09.03.2012 10:21:56 | Македонија не е веќе ничија татковина. Таа е жртва на „патриотите„ кои си ги полнат џебовите и кои при првата прилика ќе избегаат. Најспособните луѓе не гледаат иднина во државата и ја напуштаат. Кој ќе ја брани татковината? Али Ахмети? Амди Бајрам? Груевски - кој го уништи идентитетот на Македонија? Милошоски - кој до вчера пишуваше бугарска поезија? Посеаното зло со децении не ќе може да се искорне. Македонија е изгубен случај и ќе биде само една кратка епизода во историјата. |
| Горан - М. Каменица, 09.03.2012 11:12:57 | Ероле и ти си еден од тие кои сакаат да ни го зацрнат умот.Никој несмее да дозволи бришење на НОВ како и што никој несмее да дозволи амнезија на се што било пред НОВ.Многу си осакатен ако мислиш дека Македонскиот народ и неговата историја почнуваат од 1941 година.А Султани имало,има и ќе има.Престани да не убедуваш во нешто во кое и самиот не веруваш т.е не се однесувај како во времето на едноумието.И сега вие паметните прокламирате дека владее едноумие ама фактот што ти тоа го зборуваш го демантира истото.Во демократијата Ероле владее двоумие т.е се е црно-бело или опозиција-позиција.Фактот што вие постарите медиумски работници неможевте да се вклопите во новото време не ве ослободува од одговорност за да еден ден твоите внуци се срамат од тебе.Денеска се се купува за пари а ако неможе тогаш се купува за многу пари.Сите ние имаме цена а голем дел од таквите како тебе имаат и големи долгови кон некого.Поздрав од Македонска Каменица. |
| Македонец, 09.03.2012 11:16:43 | Абе каде бевте кога куќите и зградите со стара изворна архитектура ги рушевте и градевте комунистички стил на коцки и стакло од згради?!?!?!?!? Бидејќи за КОМУНИСТИТЕ нивната архитектура е најубава, а се што било пред нив може да се уништи... По тоа ли плачете?!?!?!? Истото беше и со историографијата. НОБ, НОБ и само НОБ, се што било претходно е противдржавно и мора да се уништи... оваа ситуација самите КОМУНИСТИ ја создадоа, а тие кои им се симпатизери сеа нека си сркаат што нивните идоли им зготвиле. |
| Nikola, 09.03.2012 11:25:36 | Zatoa Francija e velesila, oti Tatkovinata gi prepoznava velikanite! Zatoa Republika Makedonija e sozdadena duri 1944 na ASNOM (a otvoren e patot vo Jajce 1943) i zatoa ce ostane dlaboka siromasna, zaostanata (vo sekoj pogled, ne samo ekonomski) zemja na Blakanot, oti ne znae da gi vrednuva ni heroite, ntu delata! |
| Do Tome, 09.03.2012 11:55:13 | G. Tome, se dodeka ima nekoi koi na svoite sogragani, neistomislenici, im se obraka so zborovite PUKNETE DUSMANI, nie saglam drzava nema da imame. Velite nekoi gi ubival vodacite vo NOV, Vie vo tekstot, postapuvate identicno so vasite neistomislenici. Jas licno se slozuvam so se sto pocituvaniot Rizaov ima napisano vo ovaa kolumna i mu davam celosna podrska. Licno se cuvstvuvam pogolem Makedonec od Vas, zatoa sto ja sakam Makedonija i se zalagam za priznata, avtoritena i prosperitetna Drzava so slozni gragani bez podelbi i megjusebna omraza. |
| Mira, 09.03.2012 12:26:19 | Bravo, odlicna kolumna. Nitu eden zbor ne e odvisok.
No, zalno e toa sto segasnite kratori na istorijata ova ne gi zasega. |
| Докторот до Томе,Леонид,оној од Каменицу и слични, 09.03.2012 14:28:37 | Да бидеш денес антички Македонец ре дијагноза а не нациналност.Морам под итно да свикам конзилиум,сам не можам да ви помогнам! |
| bitolchanec za Makedonija, 09.03.2012 14:35:41 | Neshto za istorijata od neistorichar.
Prvo. Grcite napishaa okeani od propagandni chetiva za toa deka Makedonia e grchka. Samo glupav nemozi da vide deka taa nivna istorija povrzana so Imperijata na Aleksandar III i deka Makedonia e grchka e lazna. Filip II od Makedonia, pobedonosecot, toj varvarinot, toj napravi sé za da desetina godini posle nego Aleksandar III go postavi imeto na Makedonia na piedestalot od svetskata istorija.
Vtoro. Nema pishuvano chetivo vo koe se kazuva deka Slovenski Narodi od IV do II vek pred Hrista se del od Makedonskata Imperija.
Treto. Na tie prostori i od tie vreminja ima takva migracija na naselenie shto nikoj denes nemozi da kazi deka e chist deneshen Makedonec ili Grk.
Zakluchok. Pogolemiot del na deneshnoto naselenie vo R. Makedonija nema nishto so antikata od toa vreme, osven mozebi Vlasite i Albancite. Makedoncite od toa vreme ne bea Elini. Od 1835 do 1988 za grcite nema Makedonia. Zatoa R. Makedinija ima potpolno pravo da se vika MAKEDONIA. |
| Ерол незнае што со себе. Запнал и тера тврдоглаво, 09.03.2012 15:40:38 | Ерол во Северна Грција т.е. на 51% македонска земја не постои ниту еден човек антички Македонец ама Грк. Ендопите т.е староседелците од Пела на Александар и Мисирков Солун Драма Кавала Кукуш Јаница Воден Лерин Костур се Македонците нашите браќа независно со фашистички мерки асимилирани во Грци. Староседелци се и Власите Ромите Евреите. А новодојденци или маџири се христијаните донесени од Турција по 1913 кои незнаеле грчки јазик а денес се најголеми александрови потомци и националисти. Други жители таму нема Ерол. А ете и црните Грци од Кипар Александар на авионите си го носат.Исто како овде кај нас разноразни петоколонаши а дедому како колонизатор дојден во тн вардарски дел од Македонија. Добро ти пишал некој не си релевантен. Тврдоглаво тераш исти си како Бишевац. Не бе човек ако не ти се допаѓа во Македонија оди си. Ние име не менуваме и знаеме кои сме. А тие Македонци што како тебе мислат се со гркоблгаросрпска школа. |
| Од слободоумен, 09.03.2012 16:18:11 | Ероле,честитки за одличнава колумна!
Штета што поголем дел од македонските граѓани
нема да ја прочитаат истата.
Се надевам дека оваа масовна хипноза што побрзо ќе исчезне,се надевам дека вистинските вредности повторно ќе стапат на сцена.
Се надевам дека овој народ конечно ќе се освести и ќе почне да реагира на сето она што ни се случува и што не води во пропаст. |
| mmitrevm, 09.03.2012 16:56:24 | Erole,tezite ti se sosema na mesto.Fakti se,no makedonskiot narod kako kolektivna svest docna zree,za zal i istoriski dokazano.Toj ne svaka deka od najnovite klimatski promenikoi gi sozdavaat patriotite se vrakame nazad,nazad, nazad....do isceznuvanje,ke ne odduva vetrot poradi bolni i nerealizirani umovi.Moj narode,gord si napostignatoto denes,nastravot siromastijata,na grabezot iubistvata...???Ati Tome si gi znaes li sopstvenite korenhi,imas li semejno steblo,do koe koleno dojde kako se vika babata na prababati,ili za gordost dovolen tie Ace na konj. |
| до МАКЕДОНЕЦ, 09.03.2012 17:00:47 | Дали ти воопшто знаеш што било пред НОБ и комунистите? Што тие срушиле што било пред НОБ освен српската окупаторска власт и бугарските фашисти? Знаеш ли ти воопшто што било на овие простори каде тие ја створиле Република Македонија, пред НОБ? |
| nacional-patriot, 09.03.2012 17:12:54 | Se isfrlija ruskite bukvi od cela Makedonija,no kaj takanarecenata Bugaria se koristat ruskite bukvi.Onoj Ljubotan verojatno znae deka nekoi ziteli vo Skopska crna gora koi se Srbi sekako deka se razlicni od Makedoncite vo Strumica i od bilo kade. |
| земјак, 09.03.2012 18:21:05 | Леонид.Па што лошо има во тоа ако и малцинствава ти помогнат.Со старите врски што ги имаат ќе ти помогнат да го собереш стажот .Треба да мислиш на денот кога можеби за инает,заради твојата охолост,целиот свет сето тоа ќе го прогласи за богаството на Атлантида.Знаеш дека полека ,полека,денешниве маршали не така лесно ќе поднесат некој да бил поголем војсководец од нив.Да се чуваат реликвиите од минатот е добра и потребна работра.Ама да се фаворизираат некои,екцесно,според дувањето на ветрот до степен на живи икони малку е ептен детинесто.Со прекини,при меморирањето на историјата,градењето држава личи на играта што си ја игравме во првото одделение,а се викаше ден-ноќ.Изгорени и отфрлени од играта,колку сакаш.Ама ова не е игра,бре брат.Нема утре,пак.Ова не се МНП.Ова не е К-15.Времето за солзи и смеа,помина. |
| bezanec, 09.03.2012 18:43:57 | Браво Ероле! Продолжи само така,ти си единствениот гласноговорник за вистината во Македонија,бидејки самопрогласените експерти си ги продадоа за ефтини пари своите експертизи и Маакедонија ја донесоа на работ на банкрот. А за противниците на твоите колумни има само едно прашање, На кој јазик ќе пишуваа и зборуваа ако не беше НОБ? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 3°C
Облачно
|
Недела
Локални грмотевици
Макс: 9°C, Мин: 1°C
|
Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 6°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
|