08.03.2012, 19:19 Мислења
Сезнајко
Ана Павловска-Данева
Министерот Никола Тодоров се разбирал во секаков вид реформи во јавниот сектор, во здравството, во образованието...
Последниов период една од најгледаните серии во државава стана „Величествениот“. Пропуштените епизоди се прераскажуваат на работа, на кафе, на гости, во кругот на семејството и пријателите. Еве, и студентите на пауза меѓу часовите ги слушам зборуваат за ликовите од оваа серија. Она што ми остави впечаток е дека често знаат одредени ликови од „Величествениот“ да ги поистоветат или компарираат со јавни личности, пред се', оние од политиката.
Нема да зборувам кого се' младите луѓе го сметаат за султан Сулејман, но не можев да останам рамнодушна на муабетот што го слушнав од група млади луѓе кои во бифето на Правниот факултет искоментираа дека ликот наречен Сезнајко ги асоцирал на Никола Тодоров – министерот за здравство, поранешен министер за образование и наука. Велат, бил како сезнајко, се разбирал во секаков вид реформи во јавниот сектор, во здравство, во образование, во наука... Што ли ќе биде следно?
Не знам дали Сезнајко од турската серија навистина знае се', но министерот за здравство мислам дека многу работи не знае. И не ги разбира. Но, упорен е. Упорноста раѓа резултати, тоа е неоспорно, ама трагедијата е во тоа што се тие негативни за граѓаните кои му служат како експеримент. Последиците ги трпиме и во иднина ќе ги трпиме сите заедно, и професори и студенти, и лекари, и пациенти, и здрави и болни...
Ќе се задржам само на фактот дека со еден потег, со едно испишување на неколку зборчиња, сезнајниот министер одлучи да стави рака и во најзначајното еснафско здружение од областа на здравството – Лекарската комора. Министерот реши да ги вразуми, да ги дисциплинира лекарите. Со закон да им даде или да им одземе, како што самиот вели, дел од досегашната слобода. Нешто што досега им беше законски неограничено, реши да им го ограничи.
Се работи за нивното право, сами и слободно да си изберат претседател на нивното здружение – Лекарската комора. Министерот посака, пратениците од власта го поддржаа, претседател на Лекарската комора да не биде некој врз кого не може да се врши контрола и притисок. Тој посака универзитетски професор да не може да ја претставува и да ја води Комората. Посака да не може со оваа Комора да претседателствува лице кое не е во работен однос во здравствена установа. Иако има лиценца за вршење лекарска дејност, иако можеби неговите колеги сакаат токму тоа лице да ги претставува, нема да смее во иднина тоа да се случува. Ќе мора изборот да биде „аминуван“ од власта. Како? Така што ќе избираат нашите лекари да ги претставува и да им се спротивствавува на здравствените политики на Владата лице кое е во работен однос во приватна здравствена установа. Ајде сега замислете како ли ќе му изгледа животот на тој лекар ако го крене својот глас против министерот? Што мислите за колку денови ќе му се изредат во неговата ординација сите постоечки, па и непостоечки инспекциски служби? А, ако е вработен во јавна здравствена установа, таквиот лекар – претседател на лекарската комора, најверојатно уште следниот ден ќе биде подложен на интерното оценување што ќе им се прави два пати годишно како на јавни службеници. Повеќе од сигурно е дека тој лекар нема да го дочека крајот на својата професионална кариера како вработен во јавната здравствена установа.
Министерот бара правни, а не политички аргументи за апсурдноста на ова законско решение што тој и неговиот тим стручњаци-сезнајковци го предлагаат. Па, еве и такви. Лекарската комора е правен субјект кој носи свој правен акт – статут. Со овој правен акт сите вакви субјекти секогаш сами си ги уредувале внатрешните организациски прашања. Така е и со Адвокатската комора. Законот за адвокатура не предвидува никакви услови за избор на претседател на адвокатската комора. Тоа се уредува со нејзиниот статут. И пензиониран адвокат може да биде претседател на таа комора. Адвокатите во голем број по навршувањето на условот за пензионирање се откажуваат од пензијата и продолжуваат да бидат адвокати и членови на адвокатската комора бидејќи вршат адвокатска дејност и имаат лиценца за адвокати. Можат да бидат и претседатели на таа комора.
Зошто тоа одеднаш да не важи и за лекарите? Затоа што на чело на Министерството за здравство дошол сезнајко? Се надевам дека ова нема да биде пример за идно постапување на министерот за правда, па и тој да посака да го измени Законот за адвокатура по теркот за Законот за здравствена заштита!
Пишувањето колумни останува како последна можност (покрај собраниската говорница) да апелирам до политичките елити на власт: оставете да живее цивилното општество. Оставете стручњаците, фелата, еснафот, сами да управуваат со себе и да си ја вршат својата дејност. Оставете барем некоја општествена пора во која нема да внесете политика и политикантство. Политиката не е ниту сезнајна, ниту смее да биде семоќна!
(Авторката е пратеничка и потпретседателка на СДСМ)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде моќен и влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат некои од нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на друга политичка личност или личност од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
|
Статијата е прочитана 3217 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 09.03.2012 00:44:15 | Vo drzavava ima eden kup likovi za koj treba da pisuvame i da se pozanimavame. Najmalku od niv e Todorov (takanarecen Seznajko spored Vas). Ne go branam, no ne e fer tokmu za nego da pisuvate kolumni vo koj na nekoj nacin se ismejava covekot, a toj e eden od retkite koj se trudi i koj navistina cesno si go raboti ona za sto e naznacen. Kakvi mu se rezultatite, e drugo prasanje, no ne se losi vo sporedba so rezultatite na mnogumina drugi. I vo ovaa *omrazena* Vlada sepak ima luge koj ne zasluzuvaat da gi ismejavame. Spored mojata *lista* za mene tokmu ovoj minister ,Todorov a i Pesevski se luge koj navistina cesno se trudat vo ovoj haos nesto da napravat, spasat, promenat. Najdete nekoj drugi mnogu *povredni* za kritikuvanje. Gi ima eden kup, pocnuvajki od politicari, ministri, biznismeni... Eve kako predlog napisete/osvezete ne so onaa marketing firma koja go ukrasuva gradot, opremuva policija, vojska, skoli..... ima dosta dolg spisok na *tenderski* specijalnosti i luge vmesani. |
| Mlad je i ce nauci., 09.03.2012 00:53:35 | Lakrskata komora e esnafska organizacija i odnosite vo nea se ureduvaat so statut na istata. Todorov ima vrska so zdravstvoto kolku Sulejman Velicanstveni so mobilnata telefonija.Za nego Aspitrinot e edini lek za kogo cul. No ete e uporen pa saka da napravi nekoi abortus reformi. pa nekago mlad e i neka se vezba. Mozebi i ce se izvezba.Ova me potseti na onaj vic koga crnogorec urgiral vo Belgrad za negoiv rodnina da go primat vo filharmonijana upraznetoto mesto za pijanista. . Koga go prasale dali znae da sviri klavir odgovorile: ne zna , ali mlad je i naucicepa i Todorov mald e i ce nauci. Samo uporno neka vezba a nie nekako ga go preziveeme negovoto vezbanje. |
| Dzoker, 09.03.2012 01:58:38 | Sportskite komentatori chesto primenuvaa edna fraza za igrachite koi sekade igrat, a toa e ,,devojka za se,,! Pa i nashiot minister bi mozele taka da go okvalifikuvame. Vo sekoj sluchaj, ambiciozen e i se trudi, shto e za pofalba. Za drugoto, ne sum kompetenten. Jas mu posakuvam uspeh, bidejci e stvarno vreden i za razlika od drugite, vo Shtip dokaza deka raboti 24/7. So malku zadocnuvanje, chestit praznik g-go Ana i pozdrav do ministerot. |
| Stavre, 09.03.2012 06:53:33 | Ne cudete se sto vo drzavata e se isprevrteno naopaku i sto vladee neviden haos vo celokupnoto opstestveno ziveenje,za toa najmnogu e vinovna takanarecenata opozicija,koja vo sustina toa nee -tuku glumi opozicija i ja odrzuva segasnata garnitura i pokraj nesposobnosta da vladee uste dolgo vo drzavata-bez nikakov problem.Ne cekajte da ve budi narodot vas,potrudete se da se prvo vie sami probudite!!! |
| Marioec, 09.03.2012 07:38:09 | I ti si mlad i ti ce naucis.Lekarskata komora ako e esnavska ja naredivne rabotata,samardjii i dogmari ce ne operisuvat,a kako sne seznajkovci pa i cistackite pojce znat od doktorite.Inace deckoto nemora da e dr za da bidi ministar,negovata rabota e menadjment a ne doktorska nauka.Toj treba da se grizi za opremanje na zdrastvenite ustanovi i zgrizuvanje na pacientite,kako i za finansite potrebni za toa,a doktorite treba da gi interesirat pacientite a ne koj im e minister.Za birokratskite raboti netreba doktor toj e pokoristen ako si ja vrsi obvrskata za koja zema plata. |
| lekar, 09.03.2012 07:50:16 | Do Jovan: ne znam sto zemas, ama ne ti pravi dobro. Smeni nesto, ili terapija ili lekar. |
| citatel, 09.03.2012 08:04:35 | Го уништи образованието, ги дисциплинираше професорите а сега тоа им го прави и на лекарите. За ова мора да се пишува и да се зборува и да се реагира за да нема такви кои сеуште викаат дека човекот си ја работел својата работа. Тој со таа негова работа не уништува сите нас. Треба јавноста да знае за неговите огромни грешки и добро е што Ана ги анализира овие алармантни состојбуи во државава |
| koki, 09.03.2012 08:30:12 | Министерчето само ги извршува наредбите на НАДРЕДЕНИТЕ......... се знае кој сака се да држи под контрола??????? Треба ли да го кажиме тоа???????? Тоа е оној што шета во Индија и Малезија, нели Феликс??????? |
| od ostrijot, 09.03.2012 08:45:38 | minister koj trci od klinika do klinika i gi menuva
direkzorite oti nese od negovata partija on nemoze
dabide seznajko nego neznajko. |
| KATASTER NA RM, 09.03.2012 09:26:48 | Sakam da skrenam malku vnimanie !!! DECKOTO PRED DA STANE MINISTER ZA SE I SESTO BESE PRVATA GODINA OD OVAA VLAST DIREKTOR NA SKOPSKIOT KATASTER KADE NA CUDEN I VOLSEBEN NACIN DODELI PARCELI PO SKOPJE I TOA BEZ PARDON STAVAJKI GO NEGOVIOT POTPIS NA OVIE KORPORADELIKTI KOI KE BIDAT POCETOKOT NA OTKRIVANJETO NA ZLOSTORNICKOTO ZDRUZENIE VO SKOPSKIOT KATASTER KADE POVEKE SLUZBENICI OD TOA VREME NE SE PLASEA DA GO PODRZAT MLADIOT DIREKTOR KOJ PO PROFESIJA E PRAVNIK NO DA NE SE CUDITE AKO OVIE OD VLADA ZA NAGRADA ZARADI KRIM... AKTIVNOSTITE VO KATASTER PONATAKA GO NAZNACAT I ZA MINISTER ZA MVR..... Sakav samo da potsetam na KATASTER da ne se zaboravi neli..... |
| sime, 09.03.2012 10:01:17 | Zdravstvoto e mnogu delikatna dejnost vo opstestvoto i potrebni se reformi vo pogled na efikasnosta,strucnosta,disciplinata,odgovornosta.
Ministerot bar dosega go pravi ona sto go narekuvat populizam,so kameri i bombasticni resenija. |
| девичанецот, 09.03.2012 10:08:10 | Професорка Данева,
Не тревожете се многу. Нешто слично како Вашата Рада что е експерт за економија, а дипломиран електроинженер.
Не одете подалеку, како Вашиот дипломиран Социолог Спасов, го водеше ресорот Правда.
Ама убаво му беше, оти примаше плата како амбасадор во Софија, нели.
|
| Vinci, 09.03.2012 10:18:19 | Potpolno se slagam so avtorkata, samo ke im ukazam na nekolkumina komentatori bidejki ocigledno neznaat,da se menadjira so zdravstvoto i da se pravat reformi na podobro,ne e samo jaka zelba i upornost, pred se treba da se bide del od toj segment koj ne trpi improvizacii.Ne e samo higienata po zdr.ustanovi (nikoj toa ne go osporuva),kade se krupnite zafati i dolgo najavuvani rekonstrukcii i sanacii na dobar del od ruiniranite zdr.objekti (belki ne e do crevoto od tusot, se znae sto znaci rekonstrukcija na bolnicko kupatilo ili pak sanacija na krov).Ne e reforma lekarite da stanat birokrati pokraj ogromnata administracija, ne e vo red zdr.denar na osigurenicite koi redovno go plakaat pridonesot da se topi vo fondovskata kasa, i ne daj Boze za poslozena zdr.usluga da platat pak od sopstveniot djep (a sto ako nema???), ne e vo red pacientite da lutaat zasto ne se znae koj kakov upat da im dade, ne e vo red i pokraj najsovremenata med.aparatura obicnite smrtnici da ne dojdat na red...... |
| ODNADVOR, 09.03.2012 11:25:06 | Iako dovagjam cesto vo Makedonija, ne go poznavam odblisku ovoj minister, narecen Seznajko i dali imeto go zasluzuva.No , slusham i pofalbi i kritiki koi se provlekuvaat za mnogu dosegasni ministri od zdravstvoto. Za zal, imav neprijatna moznost za mene, da odam urgentno vo bolnica kade imam poveke poznanici lekari. Jas licno bev ubavo primena, no opstiot nered koj go vidov odblisku ,e katastroifa nevidena. Od UIrgentnoto (ne)primanje, preku potrebata od javuvanje kaj maticniot lekar, pa do priemot( ako imas srekja) kaj specijalistot. Ministerot mlad i neiskusen na poleto na medicinata i menadziranjeto , ne treba da se zadrzuva na kontroli,dali lerkarot zaspal na stolicata, bidejki celi noki gi *drmaat *diagnozi i intervenci. Toa e cigancenje. Na prvo mesto neka SI POVIKA covek od zapadnite zemji, da ni pomognat vo osnovnata reorganizacija vo zdravstvoto i prevospituvanje i humaniziranje na lekarite, na kogo trebe trudot da im bide cesno platen, za da ne baraat *bakchichi* za rabotata |
| sime od kukus, 09.03.2012 18:57:15 | da dade gospod onie koisto go branat ministerot da prestojuvat barem 3-4 dena vo nekoja drzavna bolnica. kakvi reformi be lugje, jas na tatko mi mu nosev pernica i grealka od doma. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 4°C
Магла
|
Недела
Грмотевици со дожд
Макс: 8°C, Мин: -1°C
|
Понеделник
Претежно облачно
Макс: 7°C, Мин: 0°C
|
|
|
|
|
|