09.03.2012, 17:47 Интервју - Се плашам дека ќе и' го свртите грбот на ЕУ
Ова ќе се случи тогаш, вели Оскар Ехолм, пратеник во шведскиот парламент, кога граѓаните ќе се запрашаат каде е крајот на македонската евроинтеграција
Слободанка Јовановска
Која беше целта на Вашата посета на Македонија?
Формиравме група за пријателство со Македонија во шведскиот парламент. Моментно има околу дваесет такви со други земји, но никогаш немаше парламентарна група за вашата земја. Интересот од моите колеги од опозицијата и од мнозинството да се приклучиме беше голем, а целта беше да ја запознаеме повеќе ситуацијата во земјата, да дојдеме тука и, секако, да ја нагласиме шведската поддршка за членство на Македонија во ЕУ.
Зошто пријател баш на Македонија?
Пораснав во мал град во Шведска каде што мојот контакт со надворешниот свет беше кога доаѓаа бегалци, а тие од Балканот беа меѓу првите. Но, исто така, причина да се заинтересирам за Македонија е што Шведска како земја е многу позитивно настроена кон проширувањето и кога зборуваме дома за членство во ЕУ, секогаш мислиме дека најдобра состојба за земјите е кога се на пат да станат тоа. Тогаш најмногу се прават реформи и земјите стануваат многу подобри, а Македонија е прекрасен пример на земја во која прави се' што може, иако е блокирана од ситуацијата со Грција. Мислам дека станува збор за типичното шведско чувство дека тоа не е фер.
Шведска е една од најуспешните земји во Европа, а Македонија, сепак, е на дното на списокот и блокирана во сите стратегиски правци. Што би бил шведскиот одговор на ваквата ситуација околу Македонија?
Едно од нештата што ги очекував на состаноците овде е дека атмосферата ќе биде многу фрустрирачка поради статус квото, поради фактот дека ништо не се движи во евроинтеграцијата. Но, она што ме изненади навистина е дека сите со кои се сретнав имаа многу позитивен став, дека одите во вистински правец, дека го менувате општеството, економијата и секој е многу ревносен да изгради успешно општество. На крајот, тоа е она што и' треба на земјата -позитивен пристап и фокус на тоа што ви е битно.
Не Ви се чинеше дека тоа е само преправање, бидејќи ништо не оди во посакуваниот правец?
Да, но она што ние можеме да научиме од Македонија, особено во ситуација како оваа во Европа кога сите зборуваат за финансиска криза, за јазот меѓу Северна и Јужна Европа, кога Германците се бесни на Грците, а тие им го палат знамето, е дека европскиот проект кај нас не е популарен веќе. Додека кај нас се прашуваме зошто ни е потребно проширувањето, зошто мораме да ги помагаме другите, овде има многу силна јавна поддршка за ЕУ-интеграцијата. Би сакал Швеѓаните да дојдат тука и да видат дека ЕУ е поради вредности и идеите што не' приближуваат.
Шведска не е членка на НАТО ниту го посакува тоа. Според Вас, неопходно ли е тоа за Македонија?
Нордиското искуство е интересно, бидејќи, на пример, Данска, Шведска и Финска се членки на ЕУ, а Норвешка не. Норвешка и Данска се членки на НАТО, а Шведска и Финска не. Финска го има еврото како валута, Данска, Шведска и Норвешка не. Ништо не е исто кај нив. Очигледно дури и во ист регион можете да направите различен избор. За нас членството во НАТО, поради традицијата на неутралност, не е тема за голема дебата. Јас би сакал Шведска да биде членка на НАТО, но мислам дека ќе помине долго време додека се создаде јавна поддршка за тоа. Сепак сме многу активни во операции предводени во НАТО, имаме трупи во Авганистан и тоа е промена во Шведска од ставот дека сме си сами на свое. Инаку, полноправното членство станува симбол за себе, затоа Македонија е таа која треба да си реши што сака. Можам да ги разберам аргументите зошто сакате да бидете членка. НАТО беше западна одбранбена организација претходно, но сега станува се' повеќе целосно европски одбранбен чадор и логично ми е Македонија да сака да биде дел од тоа.
Вашиот шеф на дипломатијата, Карл Билт, изјави дека, со оглед на одлуката на Хашкиот суд, „треба да биде можно да почнат преговорите со Македонија во ЕУ“. Практично, тој е од ретките што ја прифатија пресудата. Според Вас, треба ли Македонија да влезе во НАТО под референцата БЈРМ?
Апсолутно. Мислам дека одлуката на Хашкиот суд, ако ништо друго, ги раздвижи нештата. Ситуацијата долго време беше статус кво и ништо не се придвижуваше. Јасно стана од одлуката дека нешто треба да се случи. Чудно ми е што се' уште нема официјален одговор од Грција на пресудата од Хаг, и тоа е најинтересен дел. Не можат само да ја игнорираат?
Овој став што го споменавте не е притоа став само на оваа или онаа партија, туку на сите. Како илустрација, дури и партиите во нашиот парламент што сакаат да ја напуштиме ЕУ се позитивни кон нејзиното проширување. Затоа, даваме силна поддршка на овие процеси. На почетокот имаше чувство дека не е нефер да се блокира земја поради едно прашање. Но, кога ќе ги видите извештаите на ЕК дека Македонија е подготвена да почне преговори...
Ќе притиска ли Шведска за давање преговори на Македонија?
Секако. Една од најскромните придонеси на оваа група за пријателство е ова прашање да се одржува во живот во Шведска и да се осигурува дека нашата држава ќе опстои на таа политика и ќе продолжи со поддршката. Има постојана потреба од лобирање во ЕУ, иако и Шведска е мала земја и не е семоќна.
Дали го видовте проектот „Скопје 2014“?
Да, интересно е. Ова е моја петта посета на Македонија од пред две години, така што е интересно да се следи развојот на градот, особено што престојувам во ист хотел и секогаш кога ќе дојдам, чувствувам дека постојано нешто се случува и дека се менува. Како што е, на пример, слетувањето на новиот аеродром вчера, што е инспиративно за гледање. Но, зборувајќи од архитектонски аспект, слушнав дека има голема дебата во школата за архитектура во Стокхолм околу овој проект во Скопје. Чудно е да се видат градби како овие од архитектонски аспект.
Како пријател на Македонија можам да сфатам дека работите ги гледате на позитивен начин. Сепак, гледате ли простор за подобрување на состојбите, со оглед на тоа што стандардите во Шведска за демократијата и за слободата на медиумите се многу високи?
Секако, ги читав извештаите за слободата на медиумите, за корупцијата и слично. Кога ја гледате листата на „Транспаренси интернешенел“ за корупцијата, јасно е дека има прашања што треба да бидат средени во земјава. Има корупција, секако, и во Грција, во Италија и во други земји, но токму поради ситуацијата со Македонија, вие треба да бидете дури и подобри од тие земји. Кога имате пречка каква што имате сега, треба да бидете подобри. Она што ме загрижува околу вас е што моментно гледам силна поддршка за интеграцијата во ЕУ. Но, во еден извесен момент, ако не се смени ништо, ќе нарасне чувството дека ЕУ не ви помага да станете дел од процесот. Ќе се прашате - каде е крајот за нас? Се плашам дека ќе дојде време кога граѓаните на Македонија ќе и' го свртат грбот на ЕУ, а тоа ќе стане проблем. Се надевам дека се' уште не сте стигнале таму. |
|
Статијата е прочитана 2881 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 10.03.2012 00:19:00 | Vo pravo si, no oni nas prvi ni svrtea grb. Veruvam deka i oni i nie, ke svatat deka svrteni grb so grb nisto ne pravime. Samo se kompliciraat rabotite. Pogotovo za nas. No i na niv ne im odgovaraat do tolku nasive komplikacii. |
| ivica, 10.03.2012 04:07:24 | Trebase odamna da i svrtime grb na Evropa,no ne e docna ni sega.
Ne maltretiraat kako drzava i narod so uceni ,lagi i vetuvanja .Od nivnoto licemerie i alcnost ke se samounistat najprvo ekonomski a potoa i administrativno.Da ja primenime starata pogovorka: Sam ako ne si pomognes ,nikoj nema da ti pomogne . Neka prestanat nepravdite kon Makedonija veke ednas zasekogas! |
| more prijatele, 10.03.2012 07:05:14 | jas veruvam deka cela evropa ne se plasi, tuku se tresi deka makedonja ce i svrti grb. hahahahaha makedonija so grbot, evropa so prednicata. opa. kutrite makedoncinja mislat deka makedonja e imperija pa e mnogu znacajno sto kazuva ili pravi . kako ovoj JOVAN sto pisuva. ako ne saka cela ce odi na parcinja. |
| Кадавер, 10.03.2012 10:10:27 | аааа да се прашате зошто Норвешка нејќе во ЕУ ?? |
| Od Prijatel br-1, 10.03.2012 11:31:42 | Jaz za ovoj decko nesum ni slusnal vo Svetska a ovie se isto tolku korumpirani kolku grcistata a posabno Carl Bild tie igra kako usa ke im naredi uveretese so slucajot na vikiliks so Asange i isto so kosovarite deka se najkorumirani a vo svetska muslimanite gi tretira kako stoka............... |
| Tina, 10.03.2012 12:05:19 | Bez pocit kon Makedonskata istorija i Makedonskoto nasledstvo, nema drugo nisto osven svrten grb na EU. Tolku pretrpevme i pak ne ne shvakat ozbilno. Tie site vo EU i drugi zemji, se uceni po nova politicka istorija, a sega se plasat od vistina koja ke morat da se suocat so nea, ili ke im go svrtime grbot na lagite i bezumni, arogantni, i hipokriticni, denesni poimovi za nasa, istorija i nasledstvo, koje ne im pripaga na Grci, Bugari i bilo koji drugi. I sto sakat sega od nas? Da se izbrisime od istorija? dok tie kradci uzivat so nase anticko nasledstvo? Kakva e taa politika?
Sramota na Evropa, i se sto sakat da postignat so taa gruba politika. Neka se prasuvat, ama do koga? Ne im e lesno oti site tie se ratuvale na nasa zemja, eden so drug, koj ke ja osvoi Makedonija i se sto taa predtavuva so bogata istorija. Sepak, ne e nijno. Do kogo ke se vrtat okolu nas, mi, se dodeka ne bidat obrazovan kadar na se sto e vistina. Teska rabota e pred nih. |
| Ѕверот, 10.03.2012 13:53:39 | А, да се прашаме зошто аналитичари и предложиле на Холандија да излезе од ЕУ?
И, да се прашаме од каде ќе позајмуваме околу 3 милијарди долари што треба да ги кешираме на влезот во ЕУ за спас на нашиот јужен џелат и други трошаџии... па, тогаш ЕУ ќе ни изгледа како АААААААУ! |
| jimmy1, 10.03.2012 13:54:36 | Danska i Svetska se vo EU a ne go imaat evroto kako valuta. E pa prijatele, nie ne sme vo EU a ovie nasive turi kaznite ni gi napravija vo evra, a za proizvodite i dane zboruvame. Eve gledate edni obicni registarski tablici (dve mali limeni plocki) ni opnaja 1200 evra ako bile so prekar. Pa ova prijatele go nema nikade pa nitu vo vasote drzavi, astronomski ceni so Afrikanski i toa neredovni plati.
Nasive da se kabaet i zadnikot ke si go prodadat za edno smrdeno evro, a Grujo veko mu go dal zadnikot na Ahmeti za dzabe, bespari prijatele, bespari. Ke vi treba uste dolgo vreme da e vidite ralnata Makedonija, kaj tie sto odis sega da ne gi veruvas. Drug pat koga ke dojdis da prosetas so narodot, tie ke ti kazat kakva e Makedonija, sitite neznaat za glad. |
| Do more prijatele, 10.03.2012 19:04:03 | Ti sto se silis tolku da te prasam? Da ne bese Amerika ke ve oterase Milosevic vo Albanija site do eden, pa nemase sega da mislite oti ste tolku hrabri i voinstveni. Nato ja napadna Srbija i na tacna vi go dade Kosovo. Mora da se otkazeme od Evropa i od Nato nema da go smenie imeto |
| јанза, 10.03.2012 20:22:40 | Се плашам дека ќе и го свртите грбот на ЕУ
Хм!Европа веќе не може да не чека.Од долгото чување,отворени врати,ја фати промаја.Барем на моменти ќе ја слушаме кога ќе по��кивнува.Нашето наздравје и те како ќе и годи.Господ од секогаш ги ислушувал нашите молби.
|
| wd40, 10.03.2012 21:00:54 | Се плашам дека ќе дојде време кога граѓаните на Македонија ќе и го свртат грбот на ЕУ.
Sro pobrgu podobro |
| до Слободанка, 10.03.2012 21:55:28 | Драга Слободанка, дали во пресудата од Хаг се вели дека НАТО и ЕУ треба да ја примат Македонија во членство? Дали НАТО и ЕУ сами одлучуваат кого и како ќе го примат или за тоа одлучува судот во Хаг? Ви благодарам за одговорот, за кој сум сигурен дека ќе го дадете. |
| pile, 11.03.2012 10:32:58 | Za pozdravuvanje e odlukata za formiranje grupa,prijateli na Makedonija, posebno koga se znae deka e donesena od parlamentarci vo zemja koja sluzji za primer na postignato nivo na Evropskite vrednosti i zastita na covekovite slobodi i prava.Inaku prijatel,CEMER I bes gi odzema Makedonskite gragjani koga posle Samitot vo Bukurest 2008 godina, od poedini zemji clenki na EU, kako sto bese slucajot so R.Francija za vreme na Samitot, neosnovano se solidariziraat so sosedna Grcija za integracija na R.Makedonija vo EU,a evroskepticizmot sekoj izminat den ke raste,ako se znae deka R.Makedonija e na Evropsko tlo, i deka do Samitot vo Bukurest i do dobivanje na kandidatskiot status, nitu edno telo na EU ili zemja clenka ne se ima obrateno, kako do R.M. a ne pak do SB pri ON i da ukazje deka pri nosenje na odluki VS od 1995 godina nema da se pocituva.Makedonskite gragjani veke mora da razmisluvaat za realizacijata na planot ,,B,ne samo vo mislite tuku i so srceto za oficijalno so SAD. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 16°C
Ведро
|
Четврток
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 8°C
|
Петок
Претежно облачно
Макс: 26°C, Мин: 11°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (23)Леонид Брежнев и Хрватската пролет. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|