10.10.2012, 17:39 Мое ќоше
Првата пушка е празна
Ерол Ризаов
Да живее 11 Октомври. Смрт на фашизмот, слобода на народот
Денес е 11 Октомври. Овој ден некогаш беше голем датум. Го викаа Денот на востанието на македонскиот народ и народностите против фашизмот. На училиште не' учеа дека на овој ден 1941 година пукнале првите пушки во Прилеп и во Куманово со што е означен почетокот на четиригодишната војна против окупаторите. Чкрапалото го повлекле првите македонски партизани. Знам дека моите дежурни критичари веднаш ќе ми јават дека и денес така се вика овој празник, дека е голем датум, државен празник, дека се' уште се слави и се одбележува, дека истата лекција и денес ја учат учениците и така со ред. Нека ми простат, но јас не го чувствувам тоа и не го гледам. Ако е проблемот само со мене, тогаш и нема проблем. Горчината на душата од наметнатата амнезија многу пошироко е распространета отколку што може да се претпостави. Пушката од првиот чин одамна е празна и обесена на sидот како трофеј. Велат ако се појави пушката во првиот, мора да пукне до последниот чин. И, уште велат, празна пушка еднаш годишно сама пука. Грешат. Нашата пушка одамна е испукана. Петлето е закочено, а и нема кој да го повлече.
Спроти празникот ги гледам низ Скопје комуналците како овде-онде закачуваат по некое државно знаме на бандерите, повеќе во центарот, помалку во населбите. Знам дека од Здружението на борците ќе има некакво соопштение кое уредниците ќе го сместат во некое ќошенце, се разбира, ако има место, знам и тоа дека некој од избројаните на прсти уште живи борци ќе напише текст за да не се заборави значењето на 11 Октомври кој ќе мора да му го скратат, бидејќи стариот пак забегал. Пред Споменикот на паднатите борци со венци и цвеќиња ќе продефилираат познатите ликови кои не се симнуваат од екраните и насловните страници. Ја ќе има, ја ќе нема мала свечена академија во Домот на МА. Цели 25 секунди ќе видиме и чуеме на централните вести на МРТВ дека пред 71 година пукнала првата пушка, а потоа 8 минути ќе слушаме како претседателот на државата и на Собранието по тој повод ги доделиле традиционалните награди што го носат името на овој празник и како одржале пригодни говори. И толку, дури премногу за најголемата епопеја и најголемата победа во историјата по која првпат македонскиот народ заедно со народностите добија своја држава и ги остварија вековните стремежи. Тоа непроценливо богатство да се има држава заборавивме, за голем срам пред себе, пред предците и пред идните генерации, дека е платено со река крв на 25.000 жртви.
Видлива е резервираноста на оваа десничарска власт кон се' што е во врска со достигнувањата во Народноослободителната војна и Револуција и во периодот по неа. Целата слава, главно, се префрли на одбележување на најновиот историски период, на независноста на Македонија и на античка Македонија. Со спектакуларните прослави и одбележувања на 20 и на 21-годишнината од независноста на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ го присвои исклучиво како своја државотворност и заслуга на сметка на колективната амнезија на периодот на НОБ и по него иако се' уште го троши тој капитал. За тоа е направена специјална стратегија на помрачување на свеста и колективното памтење само за одделни периоди и личности. Најголемите споменици се резервирани за античките јунаци од пред Христа и на револуционерите од илинденскиот период и од 19 век. За НОБ пофалби и споменици има само за оние што настрадале во меѓусебните политички пресметки по војната, оние што неправедно биле затворени и измачувани. За тоа дури има и Музеј на жртвите од комунизмот. Се' друго оди во заборав. Се бришат, за жив срам, и улиците со имињата на паднатите борци за слобода на Македонија за да се дадат имињата на оние што го сотреа цветот на македонската интелегенција. Има по некој споменик на херои од НОБ колку да не се рече оти се претера со коњаниците и бистите на Александар и Филип, жена му Олимпија, окованиот Прометеј, трумфалната капија, за едни други победници, или поразени во зависност од која страна гледате, тука се и жалните врби на Вардар, се чекаат сплавовите и корабите, има цели ергели коњи и глутници лавови и разни други знаменитости од национален интерес. А човекот кој навистина дојава на бел коњ на 13 ноември 1944 година на скопскиот плоштад на чело на големата антифашистичка армија - Михајло Апост��лски е за него нема место на плоштадот. Вакво сечење на сопствената традиција и на најсветлите датуми им се препуштаат на политичките анестезиолози кои не' успиваат без поголеми проблеми и ни нудат пославно минато од она за што ги дадовме најголемите жртви.
Денес стана опасно да се викне да живее 11 Октомври. |
|
Статијата е прочитана 2460 пати.
|
Испрати коментар
|
|
DOLNO VODNO, 11.10.2012 01:47:48 | Deka ke ima Erole nekoi koi ke te socekaat na busija so neispukanata pushka, ke gi ima. Ama ti sé pak greshish;ne sum sigurna deka deneska decata gi ucat za toa sto znaci 11 Oktomvri, svetliot den na Makedonija koj nie, naslednicite na nekogasnoto ednoumie go praznuvavme so najvisoki pocesti! Ete, pred nekoj den, citam deka nekoe tuku sto pocnal da se brici, a veke profesorce na fakultet, ni pisuva deka sme se prevarile vo datumite.11 Oktomvri,ne e 11 Okt. i poradi toa, nema potreba da go slavime. Imalo nekoi drugi pushki pred toa..Tekstot na nekoj si Saveski bese nesto kako site probni baloni od Vlasta, koi da vidis im uspevaat kaj brojnite ovci.Zalam samo za malcinata prvborci koi nikoj nema da gi ferma i da procita po nekoj red od nivnata istorija. Dodeka bese ziv Pretsedatelot Gligrov, i po dozd i po sonce, bese edinstven prestavnik na skromnite svecanost na ovoj praznik.Sega se slavat spomenicite na Olimpija nevernata, so sinceto i negoviot bozem tatko i
na brojni somnitelni ju |
| Vikac, 11.10.2012 06:08:02 | Vikaj Erole kolku sto te drzi glasot, ic da nemas gajle jas ti garantiram deka nikoj nema nisto loso da ti stori. Toa si e tvoe ustavno pravo i slobodno mozes na glas da si viknes Da zivee 11 Oktomvri.
PS Toa za prvata puska sto ispuka vo isto vreme da ne bese dvocevka, cunki od dve mesta Prilep i Kumanovo ispukla??? |
| pameten, 11.10.2012 06:20:39 | G-ne Rizoav, duhot na slavene na 11 oktomvri za vreme na SFRJ nikogash nema da se vrati. Idnite generacii nemat potreba od crno-beli prikazni, toku od obelodenuvanje na istorijata. Vostanie na Makedonskiot narod protiv Bugarskite okupatori sekako nemalo. Makedonskiot narod togash bil vo proces na formiranje i pred se dlaboko podelen vo odnos na Bugarskata administracija. Dimitar Gjuzelov ne pomalku iskreno go sakal svojto narod od Mihajlo Apostolski. A za mnozinstvoto, kako za Venko Markovski ovo bilo vreme na teshki dilemi. Denes nema shansi za ednostavna pobeda na edna strana i poraz za sekogash na drugata. Makedonskiot narod kje se spasi od idna podelba samo so pomiruvanje. |
| kris, 11.10.2012 08:15:35 | Точно е Ероле......... по се изгледа овој народ ништо подобро и не заслужува, кога на власт дојдоа неписмени пилиштарци кои од државата створија обична руина......... Наздравје да ти е Македонијо, ова си е твојот избор............. |
| ФЕЛИКС, 11.10.2012 08:45:24 | Добро е што некој е присутен 25 сек.а некој 8мин..Па така од друга да се запрашаме каде се ,,левичарите,, како наследници на имотот на партијата која го водеше НОБ.Нема секунда да видиме во минатото да лидерот на левичарите да полага венец било каде на било кој споменик или партизански гробишта.Во најдобар случај ,,левичарите,,се представени со трето разредна делегација. Да се надеваме да годинава оваа традиција се прекрши и да го видиме врвот на партијата како полага венци и одава почит.Инаку добро е да има пофалби и за оние кој страдаа во стилот,,револуцијата ги јаде своите деца,,Оти не оди само глорификацијата,треба да одат и ,,црните петна,,заедно, за кој дознавме во плурализмот а предходно беа длабоко запретани како историски случувања.И на крај во поднасловот недостасува,,да живее КП на чело со Тито,,Ова не е иронија туку одавање заслуга за антифашистичкиот допринос кој никој не може да го негира. |
| Ајван Доктор®, 11.10.2012 09:26:47 | Се прави вешта манипулација и замена на тези по принципот—оние кои беа за Југославија се прогласуваат за „србомани“,а оние кои водеа јасна пробугарска санстефанска политика—за светци и македонски патриоти!Иако во составот на Кралството Југославија во 1918 влегоа,доброволно и сосем равноправно,и Хрватска и Словенија,тоа од (денес осоколената) бугарска пропаганда е прогласено за израз на големосрпска хегемонија,а поддржувачите на југословенска федерација (во која Македонија се себеоствари како држава,а Македонците како нација)се зема како најголемо зло(ропство,црнила и сл.)!Токму затоа на пиедестал се искачени оние кои отворено во 1941 (и пред тоа)работеле за бугарските интереси,а служеа за да го потврдат „освободувањето“од Бугарите!Сите оние кои биле за Југославија,се оцрнети како застапници на „српството“и „ропството“!Во Скопје прв влезе Т.Стојковски-Бузо—нему треба да му подигнат споменик,како и на Христо (Карпош)!Да живее 11 Октомври!Смрт на фашизмот!(*ете,може,ако си под псевдоним!) |
| naumce srbinoski, 11.10.2012 09:53:37 | Edno radio vamu vo tugina, najavuvajki ja proslavata po povod 11 oktomvri veli; se pokanuvate...........11oktomvri , koga makedonskiot narod se krena na vostanie protiv germanskiot okupator. Pod cija kapa e radioto ke mora da se pomislite, ama, drugte okupatori nema da bidat izrezileni na proslavata. So niv ke pravime zaednicka istorija. Mislam, dovolno e jasno. A tie 25000, tie bea so zastareno gledanje na svetot, i pogresno ja razbirale istorijata.Tie go dadoa svojot zivot bez da znaat sto ke rece novata istoriska nauka. Ama barem tie sto ostanaa zivi, dobro naucija. |
| Negotino, 11.10.2012 09:59:20 | Da zivee 11ti oktomvri! |
| osveta na vnucite, 11.10.2012 10:13:06 | Zarem ochekuvate neshto drugo, koga sme svedoci deka sega na vlast se vnucite na tie shto ja izgubija II Svetska vojna??? |
| Oskar, 11.10.2012 10:14:04 | Sekoja cest g. Rizaov za napisaniot tekst. Za golema zal na Makedoncite ova e cista vistina. Ovaa Vlast pravi se da gi minimizira zaslugite na borcite na NOB. Osven marginiziranjeto na borcite preku izgradba na spomenici, se saka da se unisti i ona sto e izgradeno od graganite vo periodot na Socijalizmot , pa taka se saka da se izmeni likot na naj ubavite zgradi od toj period, bivsa Ce-Ka, GTC i dr, iako nema nisto ideolosko vo niv. Makedonskiot narod ne smee da dozvoli da se unisti i obezlici se ona sto e storeno vo vremeto na Socijalizmot. |
| P.Petar, 11.10.2012 12:28:45 | Erole! Da zivee 11 Oktomvri!! Vo ime na zaginatite borci ,vo ime na borbata protiv fasizmot i vospostavuvanje na prvata drzavnost na ovaa nasa Makedonija,imeto na Oktomvri ke se pameti. Tie sto sakaat da go niveliraat i namalat znacenjeto na Oktomvri se egzekutori na svojata sopstvena istorija.Kolku za potsetuvanje: Ziveeme i ponatamu od pridobivkite na NOB a se rasfrluvame so :naucni objasnuvanja za nasata imaginarna antika. Zgora na seto toa si dozvoluvame POBEDENITE vo NOB da ni ja krojat sudbinata! j |
| obicen, 11.10.2012 14:28:21 | da ne bese 11 oktomvri i toj nob i tie 25000 zrtvi ne ke bese sega ni taa MAKEDONIJA sto ja imame ke bevme juzna pokraina ili banovina ni filip ni aleksandar za zal ni vmrovcite od 1903 ne ni donesoa drzava tuku TITO i borcite od nob moze da slavime i grademe kolku sakame ama za zal taa e vistinata |
| Jugoslovenski makedonec, komunjar i predavnik!, 11.10.2012 15:15:44 | Erole, ovaa kolumna e melem na rana, za site nas shto si ja sakame Makedonija i ja pochituvame nejzinata istorija, onakva kakva e, a gorda e! Fala ti brat i neka ni e chestit praznikot. Pozdrav! |
| Слобода од фашизмот, и од бугарскиот фашизам и крај на српската окупација, 11.10.2012 16:19:57 | Во вардарскиот дел на Македонија на овој ден почнува вистинското ослободување на дел од македонскиот народ и малцинствата. Да не се појавел Хитлер ќе останевме Срби како што се асимилирани денес во Егеј и Бугарија околу четири милиони Македонци. До 1941 се учело српски исто како во Егеј грчки а во Пирин бугарски. Ова е најголем ден за Македонија. Мислам дека во колумната погрешно се актенцира друго. Напротив многу Македонците си го цениме овој ден. |
| do pameten, 11.10.2012 17:12:22 | Vo razloveckoto vostanie protiv Osmanliite vo 19 vek,vostanicite odea so parolata Makedonija na Makedoncite i borbata bese za nezavisna Makedoonija.Vo ilindenskoto vostanie vo 1903 g. vodacot na vostanicite za koj do neodamna se ignorirase negovata uloga vo vostanieto,napisa deka vostanieto se pokrenuva za sloboda na makedonskiot narod.Makedonskiot narod si postoel odamna i koga se uste ne pocnale dvete svetski vojni.Sekako deka vo vtorata svetska vojna vostanieto bese protiv okupatorite i golem del od makedonskite partizani ne bea komunisti,a edinstven niven motiv za borba bese sloboda za makedonskiot narod.Makedonskoto naselenie gi podrzuvase borcite i posle vojnata koga bea isterani agresorite imase opstonarodna euforija kaj Makedoncite poradi osloboduvanjeto. |
| georgi pesterliev, 11.10.2012 17:31:18 | Ajvan Doktore, mnogu tocno receno: vo jugoslovenskata federacija (po 1945) Makedonija se ustvari kako drzava i Makedoncite kako nacija! BRAVO! |
| LKM, 11.10.2012 18:50:38 | Vi se voshituvam gosp Rizaov na objektivnosta i moralnata velicina sto ja poseduvate. Seo ona sto go napisavte potpolno se sovpaga so moeto mislenje.Neka ni e cestit praznikot 11 Oktomvri, a na borcite na NOB vecna im slava, cuvstvuvam ogromna pocit kon niv i obvrska. Toa bea voglavno ekonomski siromasni luge, mladi, no so golemi ideali i duhovno bogatsvo. Dali nekoj ke se slozi so Vas lili ne ne go namaluva faktot deka tokmu tie nasi Makedonci zaedno so sonarodnicite od drugite republiki izvojuvaa pobeda nad fasizmot i ja sozdadoa nasata drzava Makedonija. |
| Предавник, 11.10.2012 19:04:09 | Ако ги почитуваш партизаните , тогаш си предавник;ако ги почитуваш тие што сакаат бугарска Македонија , тогаш си достоен член на „патриотическата“ партија. Тогаш на тој ден отвараш тениски игралишта , но ни случајно не се појавуваш на настани со кои им се оддава почит на тие што се бореле иизбориле за Македонија.Црна Македонијао , кој те води! |
| Rezzilof, 11.10.2012 22:50:34 | Со должен пиетет кон борците од НОБ ќе константирам дека текстов на г-динот Ризаов има пропагандна цел,а не да не потсети на 11 октомври.И оваа влада како и минатите 60 години им оддава чест и признание на 25000 жртви за слободата на Македонија.НО да се тврди дека оваа влада ги заборавила е дегутантно.Ако заборуваме за заборавање ќе потсетам на Ченто,Брашнаров,Мајски,Шаторов,К.Јосифовски,Шатев и безброј други како нив.КОЈ ги заборави?Ги заборавија нивните другари кои сега се жалат дека, наводно, биле заборавени.Зошто молчеа педесет години и младата генерација да не ги познава овие
херои?Ги нема во ниеден учебник по историја од педесеттите години наваму. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 14°C
Обилни врнежи
|
Сабота
Обилни врнежи
Макс: 26°C, Мин: 11°C
|
Недела
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|