Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Македонија
12.10.2012, 18:32

„Топлификација“ ќе грее од понеделник

Грејната сезона почнува со многу проблеми и револт кај корисниците

Сања Наумовска


Топли домови не' очекуваат од понеделник. „Топлификација“ започнува да грее на првиот ден од официјалната сезона на затоплување.

Скопјани ќе имаат потопли домови, а енергијата ќе им ја дистрибуира истата компанија како и досега. Грејната сезона годинава почнува со многу проблем и револт кај корисниците поради високите цени за парно греење, неизвесноста по колку ќе плаќаат оние што се исклучени од системот, и дали „Топлификација“ ќе остане во бизнисот со топлинска енергија.

Од понеделник, сите не ќе можат да уживаат во топлината на радијаторите. И годинава голем број објекти на стартот на грејната сезона ќе останат надвор од системот. Во моментов на веб-страницата на „Топлификација“ се регистрирани 260 згради со дефекти, а во компанијата очекуваат бројот со почетокот на грејната сезона и понатаму да се зголемува.

Кај најголем дел од објектите се регистрирани дефекти во внатрешните инсталации кои треба граѓаните да ги пријават и да ги отстранат. Од „Топлификација“ информираат дека во една зграда и само еден стан да има проблем, може да биде причина сите останати да останат без затоплување. Кај дел од корисниците на топлинска енергија сезоната ќе задоцни и поради неплатени сметки за струја, поради што потстаниците им се исклучени од системот на ЕВН, а кај дел и поради непристапност до нив.

„Граѓаните треба навремено да ги отстранат дефектите за да може сезоната да започне кај сите во ист ден. Заради тоа и ладната проба во радијаторите се прави две недели пред стартот на затоплувањето, за полесно да се лоцираат сите проблематични точки“, вели Христо Кировски, директор на Топлана-Исток.

Сите корисници, кои од понеделник нема да имаат топлина дома се информирани и преку веб-страницата на компанијата, но и писмено, на огласните табли во зградите. Според Александра Мароевиќ, директор на „Дистрибуција на топлина“, приоритет при отстранувањето на дефектите ќе добијат оние кои први ќе се јават.

„Имаме на располагање 48 извршители, кои веројатно е дека нема да можат да постигнат да ги санираат сите дефекти во еден ден. Позната ни е навиката да се чека до последен момент за да се пријави проблемот, па затоа ги повикуваме граѓаните да се јават веднаш, за да бидат поскоро услужени“, објаснува Мароевиќ.

Нема заинтересирани за бизнисот на „Топлификација“

Денеска истекува рокот за пријавување компании кои се заинтересирани да произведуваат топлинска енергија. До вчера ниту една фирма немаше доставено документација до Регулаторната комисија за енергетика, која распиша јавен повик на почетокот на месецов. Од таму очекуваат дека компаниите кои ги исполнуваат условите ќе се јават до истекот на временскиот рок. Доколку нема заинтересирани, ќе се објави нов јавен повик.

Иако, се' уште официјално немаа поднесено пријава, вчера од „Топлификација“ потврдија дека нивната фирма „Производство на топлина“ ќе учествува на повикот.

Во меѓувреме, без разлика на исходот од повикот, информираат од Регулаторна, грејната сезона ќе започне, како и секоја есен.

„Снабдувањето со топлинска енергија продолжува во континуитет, тоа е императив за нас“, вели Славко Бундалевски од Регулаторната комисија.

Според условите, можност да се јават на повикот на Регулаторната имаат компаниите кои поседуваат капацитети за производство на топлинска енергија кои можат да ги задоволат потребите на не помалку од две третини од вкупно приклучените потрошувачи. Лиценцата се издава за следните 35 години. Неа досега ја поседуваат само трите топлани на „Топлификација“. Сепак, од компанијата велат дека доколку има нова компанија, која е заинтересирана и ги исполнува условите за производство на топлинска енергија, постои можност да се повлечат од бизнисот.

Како една од компаниите која ги исполнува бараните услови во јавноста се споменуваше и новата гасна централа ТЕ-ТО, како можен наследник на „Топлификација“ во производството на топлинска енергија. И минатата година се објавуваа повици на кои не се јави нит�� една заинтересирана фирма. (С.Н.)

Од ноември сметки и за исклучените

Граѓаните кои се исклучија од системот за затоплување од идниот месец ќе почнат да добиваат сметки. Иако не ги користат услугите на „Топлификација“, поради тоа што нивните соседи се греат на парно и исклучените ќе плаќаат по 10 денари за еден квадрат. Оваа одлука, која е дел од новиот Правилник за топлинска енергија, кој летово го донесе Регулаторната комисија за енергетика, предизвика многу реакции и негодување кај јавноста. За делови од Правилникот се очекува да расправа и Уставниот суд.

Сепак, без разлика на исходот, во „Топлификација“ не се откажуваат од испорачување на сметките за октомври на исклучените граѓани.

„Одлуката е правосилна и објавена во ’Службен весник‘“, коментираат од компанијата. Сепак, нагласуваат дека доколку Уставниот суд пресече поинаку, ќе ја почитуваат неговата одлука. Дали тоа ќе значи и дека ќе им ги враќаат парите на оние кои во меѓувреме ќе ги платат овие сметки, од „Топлификација“ не одговараат.

Граѓаните, пак, кои одлучиле веќе да не ги користат услугите на „Топлификација“ и избрале нов начин на затоплување на своите домови, веруваат дека одлуката ќе биде укината и дека нема да мораат да имаат дополнителен трошок за услуга која не ја добиваат.

„Воопшто и не размислувам да ја платам таа сметка. Со нетрпение дочекав да заврши грејната сезона и да можам да се откажам од услугите на ’Топлификација’ од кои воопшто не бев задоволен, а морав да ги плаќам. Сега, кога сум надвор од системот, немам намера да давам пари за нешто што не го користам. Топлификација треба да си најде решение за цевките кои поминуваат низ нашите станови, тоа не е мој проблем“, вели Горан Стојанов, жител на Кисела Вода.

Од Регулаторната комисија за енергетика, пак, велат дека доколку Правилникот падне на Уставен суд, тоа ќе биде лоша вест за клиентите на „Топлификација“. Веројатно е дека нивните сметки ќе пораснат, за да се надоместат трошоците за енергијата која ќе се троши во становите кои не се затоплуваат. (С.Н.)


Статијата е прочитана 1188 пати.

Испрати коментар



Фоторетровизор
Кумановци бараат цена за гасот
„Алкалоид“ се огради од нивниот претставник во Загреб



Lovro Sabolik, 13.10.2012 07:17:07
Do koga ce ne zamajuvat, toplina se meri vo kilokalorii struja vo Kw, voda vo m3, tezina na pazar vo kg, ama samo kaj toplifikacija se meri toplinata vo m2, prevara cista prevara, toplifikacija mora da vlozi vo kalorimetri ako saka da prodava toplina, a nie stanarite potoa ce mislime kako ce stedime i kako toplinski ce gi izolirame stanovite zgradite, dali ce se izoliram od komsijata koj ne gree .A toplifikacija ce misli kako ce zastedi ce gi izolira cevkite do zgrada i vo zgrada da ne ja zagreva zemjata i topi snegot po ulicite kaj provadat cevkite a nie placame li placame.
ko-ra, 13.10.2012 10:23:15
Celata ovaa rabota so toplifikacija e tolku apsurdna i daleku od zdravata logika, da ocigledno se raboti za nevidena drskost i bezobrazie da se brcne vo dzebot na gragjanite.Prvo nikade vo bilo koja drzava ne e mozno da se naplati usluga koja ne e dobiena,toa e sprotivno i na zakonot za obligacii,vtoro uste pogolema drskost i nepocituvanje na zakonite e i obvrskata na toj sto saka da prekine so koristenje na parnoto da mora da bara soglasnost od drugite stanari vo vlezot,vo sprotivno mora i ponatamu da bide korisnik iako toa ne go saka.Najzalno vo celata ovaa lakrdija e toa sto site ovie odluki gi ima doneseno drzavnata regulatorna komisija.Se prasuvam dali vladata na RM gi sledi ovie nebulozi na nejzina regulatorna komisija.I konecno sto prestavuvaat gragjanite na ovaa drzava moneta za potkusuruvanje i popolnuvanje na finasiskite dupki na monopolskite kompanii i indirektno preku DDV i budzetot,a vladata mudro molci i ne se oglasuva!!Pa ova go nemase ni vo totalitarniot rezim na SFRJ!
samo kalolimetri za realna smetka, 13.10.2012 10:59:27
Ne sum na stranata na Toplifikacija..ama koga nekoj kupil stan so parno trebe i da smeta na toa dali moze da go odrzava ..Na zapad i da ne koristis parno plakas eden del zosto si vo zgrada so parno sto e sosema vo red...Ajde da vidime stanovi vo semejna kuka kolku se ladni bidejki nemaat podpora od sosedot..E sega Toplifikacija manipulira so kolicina na isporacana energija nikoj ne i vodi smetka po koja cena kupuva gas i nafta i koga istiot go distribuira do potrosuvacite ne mi e jasno koga naftata bese 150 dolari barel smetkata mi bese za 1000 denari pomala a sega 100 dolari nafta a smetka do nebo ..nesto ne cini vo drzavata toplifikacija !!!
jovan, 13.10.2012 13:25:30
Komentatorot Lovro Sabolik fino kazal. Toplifikacija go topi snegot i gi gree ulicite, pa po taa logika dali i gradot Skopje treba da i plaka? Dali i individualnite kuki treba da i plakaat? Dali celiot grad i sekoj graganin na Skopje treba da i plaka na Toplifikacija bidejki gi gree ulicite, a so toa i gradot ni e *potopol*.
lilika, 13.10.2012 13:59:47
Ova sto se pravi vo nasata drzava go nema nikade vo svetot. kako moze da se plaka za nesto sto ne se koristi. Bidejki Toplifikacija e AD a ne Javno pretprijatie bi trebalo na site onie sto cevkite od parnoto greenje im pominuvaat niz stanovite da im plaka za uzurpiranje na prostorot. A najpametno bi bilo cevkite da si gi izvadat na nadvoresnata strana od zgradite i da si gi izoliraat da ne im odi toplinata nadvor. No za toa treba nekoj da razmisluva, a ne Regulatornata komisija nosi nivni pravilnici kako tie da se najbitnite vladeteli vo drazavata. Ova go nemalo ni vo tursko ropstvo. No, se dodeka narodot ne se svesti, ke go koristat od site strani. Sramota e ova sto go pravi Topliofikacija kade se delat visoki plati i dividendi.
koki, 13.10.2012 16:31:59
Абе, Бранко е крив !!??? Точка ........
Наташа, 13.10.2012 16:34:30
Овие од Топлификација и оние од Регулаторна научиле нешто од Насредин Оџа. Тој,Оџа кога го топел лебот од миризбата на кебапите бил приморан да плати како за цел оброк! Ова сепак не е турско. Ние, исклучените граѓани од системот, сега ги загреваме нашите станови со други алтернативни средства а со тоа ги закреваме и зидовите на соседите кои топлификација не успева соодветно да ги загрее. За цевките кои поминуваат низ нашите станови бараме надоместок за користење на нашите простории.Каков ќе му биде крајот на правилникот за Топлификација? По судските лавиринти,или како слугате Јернеј и неговото право?
David mk, 13.10.2012 22:51:02
Zosto se raspravate koga sami ste si krivi za se a sekogas kritikuvate nekogo barajteja vinata vo samite sebesi. Barate EU evevi sega EU.
Ace, 14.10.2012 15:27:40
Ako saka Toplifikacija da igrame taka t.e da plakame po m2 iako ne ja koristime nejzinata usluga nema problem. Ama sto ako jas sto ziveam na 3 kat gi izvadam cevkite sto mi pominuvaat niz sobi (stanot e moj isto i cevkite, toplifikacija ne gi postavila) kako ke se great komsiite do 7 kat i kako ke im isporacat toplinska energija? I ako site nezadovolni go napravime toa sto ke se sluci togas? Ili pak eve i da ne bide namerno sto ako slucajno otkaze nekoj ventil ili pukne nekoja cevka kaj nas koj ke go servisira toa, komsiite za dobijat greenje ili pak toplifikacija???
zagrizen, 14.10.2012 16:19:08
Natasa duso, ova e poloso i od tursko. Go nemalo nitu vo tursko nitu vo kaursko. Do samo kalorimetri za realna smetka, na zapad kog KUPUVAS stan ti STOI VO DOGOVOROT da treba vaka i taka. Tvoe PRAVO kako kupec e da si prifatis ili ne. Ti kupuvas so SVOI pari i sam odlucuvas dali to odgovara ili ne. Ova sto se slucuva vo Makedonija e ANARHIJA i LOPOVLUK podrzano od vladeackata ups, pardon od *nezavisnata regulatorna komisija*. Neli FELIKS ?! Tuku ne te citam nesto, verojatno imas opravdani pricini.Na otvaranje si, kaj Hasana.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Недела
Претежно облачно
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (25)
Сомневање во ло��алноста на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |