12.10.2012, 14:18 Принцезата Дијана убиена во возилото на брза помош
Магазинот „Глоуб“ тврди дека има докази кои ја потврдуваат тезата за убиство и кои еднаш и засекогаш ќе ја реши „мистеријата на смртта на Дијана“
Иако поминаа 15 години од смртта на Леди Ди, се` уште се во оптек бројни гласишта за заговор против бившата сопруга на принцот Чарлс, во кои обично се вклучени британското кралско семејство и тајната служба.
Последната во низата ја лансираше магазинот „Глоуб“, кој тврди дека принцезата е ликвидирана во возилото на брза помош, додека ја превезувале во болница.
Магазинот ја негира официјалната верзија според која ниту Дијана, ниту нејзиниот партнер Доди aл Фаед, не биле врзани со безбедносни појаси во моментот на сообраќајната несреќа. Магазинот наведува дека принцезата го преживеала судирот во парискиот тунел, но дека подоцна е убиена во амбулантното возило.
„Глоуб“ тврди дека има докази кои ја потврдуваат тезата за убиство и кои еднаш и засекогаш ќе ја реши „мистеријата на смртта на Дијана“.
Принцезата Дијана го изгубила животот во сообраќајна несреќа во парискиот тунел Алма, на 31. август 1997 година.
Според официјалната верзија, до несреќата дошло кога автомобилот, во кој се наоѓала со својот партнер Ал Фаед, удрил во ѕид на тунелот во центарот на Париз. Во времето на загинувањето Леди Ди имаше 36 години. |