12.10.2012, 14:10 (ФОТО) Хрватски навивачи во Скопје
Еуфоријата пред мечот со Хрватска се чувствува уште од претпладнево во центарот на Скопје, каде што групи гостински навивачи ги окупираа кафулињата
ФОТО: Киро Попов
Фудбалската еуфорија пред вечерашниот дуел меѓу Македонија и Хрватска од мундијалските квалификации почна да се чувствува уште претпладнево во центарот на Скопје, каде што групи гостински навивачи ги окупираа кафулињата.
Според полициски извори, шест часа пред мечот нивната бројка изнесува околу 150 луѓе, кои допатувале главно со сопствен превоз, а во текот на денот се очекуваат и најавениот навивачки воз и десетина автобуси од Хрватска. На Хрватскиот фудбалски сојуз за оваа средба му следуваа 1.700 билети.
|