Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
09.03.2012, 17:50

Извештајот за „кингерот“ стаса кај Шврговски

На владините служби им требаа повеќе од десет дена за да го испратат најновиот извештај за паѓањето на „кингерот“ во Обвинителството. Од вчера извештајот подготвен од тим домашни и странски експерти, во кои, наводно, се наоѓаат новите докази за причините за паѓањето на владиниот „кингер“, кој пред повеќе од осум години се урна во Мостар, се наоѓа на масата на државниот јавен обвинител, Љупчо Шврговски. Извештајот, кој треба да фрли нова светлина на загинувањето на поранешниот претседател на државата, Борис Трајковски, и на осумтемина негови соработници и членови на екипажот, беше разгледан на затворена владина седница уште на 28 февруари.

Како што беше заклучено во владините заклучоци, покрај Обвинителството, извештајот треба да биде испратен уште на неколку други адреси - во Дирекцијата за цивилна пловидба на Босна и Херцеговина, како и до Комитетот за правни прашања и човекови права при Европскиот парламент, до Советот на Европа, како и до Андрејас Грос, европратеник од Швајцарија.

Со оглед на фактот што вчера беше последен ден во неделата, како и зафатеноста на државниот јавен обвинител Шврговски поради коктелот организиран во Републичкото јавно обвинителство во чест на четворицата тазе пензионирани заменици, најверојатно, извештајот ќе биде даден во работа од понеделник.

Обвинителството го затвори овој случај со резолуција во која беше наведено дека ,„кингерот“ со кој патувал претседателот Трајковски се урнал поради грешка на пилотите. Сепак, Шврговски неодамна изјави дека одлуката може да се смени доколку се појават нови докази што укажуваат на друга причина за падот на авионот. Од тоа ќе зависи и дали ќе има нова истрага. (Г.Д.)


Статијата е прочитана 188 пати.

Испрати коментар



Парите на скопјани потрошени за плажи и бродови
СДСМ во пет до 12, ВМРО-ДПМНЕ во 12 и пет
Никој не знае колку гласачи има во Македонија !
Трудољубивоста врска меѓу Македонија и Малезија
Иницијативата за Чаир поднесена до Уставен суд
Интервју - Се плашам дека ќе и' го свртите грбот на ЕУ
ОБСЕ ги осуди инцидентите во Скопје
Тепачките продолжуваат, 30 лица повикани во полиција
Институциите да ја вратат безбедноста на улиците
Загубарите потонаа во долгови додека Владата трага по решение

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Претежно облачно

Четврток
Ведро
Макс: 12°C, Мин: 1°C

Петок
Сончево
Макс: 16°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |