Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
09.03.2012, 17:34

ОБСЕ ги осуди инцидентите во Скопје

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје амбасадорот Ралф Брет ги осуди неодамнешните насилни инциденти во Скопје и изрази жалење до повредените и нивните семејства. Тој бара надлежните итно да ги расчистат инцидентите, а граѓаните да се воздржат и да не го земаат остварувањето на правдата во свои раце.

„Верувам дека властите целосно ќе ги истражат овие инциденти и дека сторителите ќе бидат брзо приведени и изведени пред лицето на правдата. Насилството никогаш не треба да се занемарува, особено во чувствителни мултиетнички средини“, се вели во писмената изјава на Брет.

Во неа тој апелира до семејствата, директорите на училиштата и професорите да внимаваат на нивните деца и ученици и да спречат нивно насилно однесување.

„Исто така ги повикувам сите страни, особено политичките партии, граѓанското општество и локалните власти, најостро да ги осудат овие акти на насилство, од која било страна да доаѓаат, да дејствуваат одговорно и да избегнуваат зголемување на тензиите. Одговорното известување на медиумите исто така ќе помогне за смирување на ситуацијата“, вели амбасадорот на ОБСЕ, Ралф Брет. Тој ги повикува, како што вели, сите загрижени граѓани да не ја земаат правдата во свои раце, бидејќи актите на одмазда можат само да ја влошат ситуацијата во земјата.


Статијата е прочитана 119 пати.

Испрати коментар



Парите на скопјани потрошени за плажи и бродови
СДСМ во пет до 12, ВМРО-ДПМНЕ во 12 и пет
Никој не знае колку гласачи има во Македонија !
Трудољубивоста врска меѓу Македонија и Малезија
Извештајот за „кингерот“ стаса кај Шврговски
Иницијативата за Чаир поднесена до Уставен суд
Интервју - Се плашам дека ќе и' го свртите грбот на ЕУ
Тепачките продолжуваат, 30 лица повикани во полиција
Институциите да ја вратат безбедноста на улиците
Загубарите потонаа во долгови додека Владата трага по решение



jovan, 10.03.2012 00:10:02
*Верувам дека властите целосно ќе ги истражат овие инциденти и дека сторителите ќе бидат брзо приведени и изведени пред лицето на правдата.* Sto bi rekol eden nas pokoen komsija od sever, Malo Morgen. Nema apsolutno nikoj da odgovara. Toa barem vie vo OBSE podobro go znaete i od nas.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Претежно облачно

Четврток
Ведро
Макс: 12°C, Мин: 1°C

Петок
Сончево
Макс: 16°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |