Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
09.03.2012, 17:27

Загубарите потонаа во долгови додека Владата трага по решение

Тутунски комбинат од Прилеп има загуба од 20,5 милиони евра, ОХИС - 13,7, а ЕМО за девет месеци лани бил во минус 3 милиони евра

Маја Томиќ



Се влече со години продажбата на четирите загубари, „Еурокомпозит“ и „Тутунски комбинат“, охридски ЕМО и ОХИС. Владата никако не може да најде купец и да ги продаде последните државни претпријатија кои од година во година кумулираат се' поголеми загуби. Според податоците од Берза, загубите на охридски ЕМО во деветте месеци минатата година изнесувале 3 милиони денари, додека ОХИС и прилепски „Тутунски комбинат“ лани регистрирале загуба од околу 34 милиони евра. Притоа, „Тутунски“ имал минус од 20,5 милиони евра, од кои 16 биле натрупани во последните три месеци, а ланската загуба на ОХИС изнесува 13,7 милиони евра. Околу 80 отсто од нив се оствариле во последните неколку месеци. Инаку, ланската загуба на „Тутунски“ е за 4 пати поголема од онаа во 2010 година. Според вработените во Комбинатот, редовно се исплатуваат платите и придонесите, иако фабриката не работи и нема извоз, а месечно на домашниот пазар се пласираат околу 60 тони цигари, што се многу мали количества. Акционерите како и над 1.000 вработени се заинтересирани за продажба на Комбинатот на стратешки инвеститор. Но, велат дека засега нема најави оти некоја компанија покажала сериозен интерес за купување.

Синдикатот на индустријата, енергетиката и индустријата, СИЕР, деновиве побара од Владата итна продажба на ОХИС за да заврши агонијата на околу 800 вработени кои се на раб на егзистенција и имаат 11 неисплатени плати. Според СИЕР, државата нема кондиција да го финансира производството на ОХИС и од тие причини вработените инсистираат што поскоро да се најде странски купувач. Според нивни информации, за купување на компанијата имало интерес од две странски и од една домашна компанија.

Процената на вредноста на акциите и новите финансиски извештаи за загубарите, како што информираат од Министерството за економија, ја прави Бирото за судски вештачења. „Не се ангажираа странски консултанти поради превисоките цени за процена, најмалку по 100.000 евра за едно друштво, како и 6-месечна работа. Така, Министерството за економија ја избра најекономичната опција и реши Бирото за судски вештачења да ги подготвува процените за загубарите, а неговиот извештај да биде составен дел на тендерската документација“, велат од Економија. Додаваат дека не само што во моментов Бирото е единствената надлежна институција за процена, туку тоа има и капацитет да ја изврши таа задача. Инаку, процената за ОХИС е веќе завршена и во тек е координацијата меѓу економските ресори на Владата и менаџерските структури за критериумите за продажба, по што деновиве ќе се објави јавен повик. Како што велат од Економија, за разлика од претходните тендери, условите овојпат ќе бидат максимално релаксирачки и се очекува тоа да ги привлече странските инвеститори. „Има заинтересирани купувачи, но тоа не значи ништо се' додека не биде објавен и завршен тендерот“, посочуваат од Економија. За преостанатите три загубари, „Еурокомпозит“, ЕМО и „Тутунски комбинат“ се' уште трае процената од Бирото, која почна во јануари годинава. Се планира таа да биде готова во април или во мај, а потоа да се објават тендерите.

Владата уште во 2006 година најави дека до крајот на таа година на загубарите ќе им стави точка, но сите досегашни тендери пропаднаа затоа што ниту еден инвеститор не виде предизвик во овие фирми, натрупани со огромни загуби и со речиси тотално неупотреблива, застарена технологија, како и со околу 5.000 вработени. Во последните пет години за загубарите се објавија пет меѓународни тендери, а за ОХИС - шест. А, без резултати остана и обидот на Владата од пред две и пол години кога им се искешираа 700.000 евра државни пари на консултантите „Делоит и туш“ и „Булброкерс“ за да подготват успешни тендери, кои ќе гарантираат сигурна продажба.


Статијата е прочитана 468 пати.

Испрати коментар



Парите на скопјани потрошени за плажи и бродови
СДСМ во пет до 12, ВМРО-ДПМНЕ во 12 и пет
Никој не знае колку гласачи има во Македонија !
Трудољубивоста врска меѓу Македонија и Малезија
Извештајот за „кингерот“ стаса кај Шврговски
Иницијативата за Чаир поднесена до Уставен суд
Интервју - Се плашам дека ќе и' го свртите грбот на ЕУ
ОБСЕ ги осуди инцидентите во Скопје
Тепачките продолжуваат, 30 лица повикани во полиција
Институциите да ја вратат безбедноста на улиците



mene, 10.03.2012 09:03:43
Golemata suma na zaguba vo TKP se dolzi na otpisot na zastarenite POBARUVANJA sto gi ima kombinatot, megu koi i ona od 17 000 000 evra od Makedonija Tabak. Zatoa i se nastanati vo poslednite 3 meseci. Samo ne znam zosto nikoj ne izleguva so oficijalna izjava izgleda se turka rejting namerno. Nikoj od novinarite ne si okara majka malku poveke da istrazuva za to ili pak tolku vi se kapacitetite. Isto ko v kombinat - koj kako se vrabotuva sovetnik a prv pat vleguva na rabota...
jimmy1, 10.03.2012 14:04:43
Sekoj kombinat ili fabrika koja raboti cesno i planski ne mozi da ima zagubi. Zagubite se od kradenje ili nekoj vid perenje na pari. Taka ke bide so sekoe predprijatie se dodeka so niv rakovodat aramii. Da pojdis kak bilo koj direktor, nema kuca tuku ima palata, ne vozi Zastava ili Opel tuku voza BMW, Audi i red drugi skapi vozila, a dodeka rabotnicite nezemaat nitu redovni plati. Tutunot om go odkupuvaat posto zasto a belezat zagubi, ajde begajte tamu kogo go zamajuvate, skratetesigi malu racete da odi za napodobro.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Претежно облачно

Четврток
Ведро
Макс: 12°C, Мин: 1°C

Петок
Сончево
Макс: 16°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |