Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
09.03.2012, 18:09

Парите на скопјани потрошени за плажи и бродови

„Градоначалникот Коце Трајановски со неговите скопски колеги од ВМРО- ДПМНЕ, ја побараа довербата на граѓаните со слоганот ’Заедно можеме повеќе‘. И, да, точно е! На сите им стана јасно дека заедно профитираа само за себе и ’фамилијата‘ и со години го уништуваат нашиот главен град. Во Скопје не се изгради ниту еден капитален објект кој треба да ја одбележи иднината на генерациите што доаѓаат. Парите на граѓаните единствено се трошат на споменици, нефункционални плажи, бродови, на дебели хонорари за анонимни уметници и на криминални урбанистички планови“, рече вчера потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, на прес-конференцијата пред Триумфалната порта, потсетувајќи дека во досегашниот мандат на Трајановски се потрошени повеќе од 500 милиони евра само за проектот „Скопје 2014“.

Потенцирајќи дека состојбата е иста во секоја општина каде што градоначалник е човек од ВМРО-ДПМНЕ, Георгиев ги наброи најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните во секоја скопска општина пооделно.

„Паушални обвинувања“, вратија од ВМРО-ДПМНЕ и ги набројаа проектите изведени во Скопје во текот на изминатите години: проширени и новоизградени булевари, кружени текови, реновирани мостови кои добија нова ограда и осветление, реконструирани фасади на 12 средни училишта, изградени многубројни спортски објекти и терени, потоа новите автобуси за градскиот превоз, доградбата на арената „Филип Втори“, жичарницата на Водно, легализацијата на дивоградбите, откупот на дворовите.


Статијата е прочитана 536 пати.

Испрати коментар



СДСМ во пет до 12, ВМРО-ДПМНЕ во 12 и пет
Никој не знае колку гласачи има во Македонија !
Трудољубивоста врска меѓу Македонија и Малезија
Извештајот за „кингерот“ стаса кај Шврговски
Иницијативата за Чаир поднесена до Уставен суд
Интервју - Се плашам дека ќе и' го свртите грбот на ЕУ
ОБСЕ ги осуди инцидентите во Скопје
Тепачките продолжуваат, 30 лица повикани во полиција
Институциите да ја вратат безбедноста на улиците
Загубарите потонаа во долгови додека Владата трага по решение



jovan, 10.03.2012 00:24:48
*Парите на граѓаните единствено се трошат на споменици, нефункционални плажи, бродови, на дебели хонорари за анонимни уметници и на криминални урбанистички планови* Vo pravo se. *Паушални обвинувања“, вратија од ВМРО-ДПМНЕ иги набројаа проектите изведени во Скопје во текот на изминатите години: проширени и новоизградени булевари, кружени текови, реновирани мостови кои добија нова ограда и осветление, реконструирани фасади на 12 средни училишта, изградени многубројни спортски објекти и терени, потоа новите автобуси...* i ovie se vo pravo. Naravoucenie? Edni gledaat samo crno, drugi samo belo. Zatoa i spadnavme na crno-belo, bez alternativa.
Skopje -Solun via Demir Kapija, 10.03.2012 12:51:30
Sto ste zapnale tolku. Eve Koce ce vi napravi anticki korabi ili galii i ubavo ce si patuvame so niv do Solun. pa neli si go sakvme Solun. Kolku ubavina ce bide plovidbata po siniot i ubav Vardar od Skopje do Solun.Pa ce navalat i truristi da se vozat so kocevite galii i ce ostvarime golem ekonomski profit.Ene na oni palmi , koi Koce gi zasadi na plazite, od godina ce pocnat da nosat plodovi i ce bereme banani i kokosovi orevi, a ne da uvozuvame od Ekvador.
jimmy1, 10.03.2012 14:30:19
Паушални обвинувања“, вратија од ВМРО-ДПМНЕ и ги набројаа проектите изведени во Скопје во текот на изминатите години: проширени и новоизградени булевари, кружени текови, реновирани мостови кои добија нова ограда и осветление, реконструирани фасади на 12 средни училишта, изградени многубројни спортски објекти и терени, потоа новите автобуси за градскиот превоз, доградбата на арената „Филип Втори“, жичарницата на Водно, легализацијата на дивоградбите, откупот на дворовите. Vo pravo ste: Znaci nisto neste izgradile od kade graganite bi imale nekakva korist ili zaposluvanje. Namesto da se gradat fabriki vie gradite gluposti. Gradite vakvi nesta zosto so niv najdobro se perat pari a se dobivaat i najgolemi honorari. So parite sto dosega gi kazuvate kako potroseni cela Makedonija ke dobiese moderni patista ili pak ke se izgradeja poveke fabriki od spomenicite sto gi imate izgradeno. Ako ima uste ovci neka glasaat za vas lopovite, dodeka go oderete, duri togas ke vidat deka im go nema runoto
Трпе, 10.03.2012 15:13:21
Колку да се фали, ова пропагандна блада,ништо нема направено.Штом нивните грабоначалници немат направено нужници низ општините,каде ке моча овој народ а имат големи казни.Дали ке дозволуват позади бронзите и барокните градби народот да се олеснува.За што ги трошат парите од казните,А ова што се арчи појќето е со задолжување. Недај боже како од патарините парите да ги стават во сопствените големи без дно џепови.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Претежно облачно

Четврток
Ведро
Макс: 12°C, Мин: 1°C

Петок
Сончево
Макс: 16°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |