Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
09.03.2012, 17:49

Иницијативата за Чаир поднесена до Уставен суд

Уставниот суд потврди дека примил иницијатива за проверка на уставноста и законитоста на одлуката за промена на имињата на училиштата во Чаир, но не соопшти детали од кого и по кои основи се оспорува ова. Директорот на државниот инспек��орат за локална самоуправа, Ванчо Шехтански, вчера ни потврди дека поднел иницијатива до Судот. „Да, точно ја поднесов иницијативата за оцена на уставноста и законитоста на одлуката за промена на имињата на училиштата во општина Чаир, со барање за изрекување привремена мерка со која би се стопирале сите натамошни активности“, ни појасни Шехтански.

Министерот за образование и наука, Панче Кралев, пак, вчера изјави дека без разлика на постапката во Уставниот суд тие ќе постапуваат по барањата за промена на статутите на училиштата кои се испратени до нив. „Во врска со случајот во Чаир ќе постапуваме исто како и со другите барања за промена на статутите и ќе ги разгледуваме кога ќе дојдат на ред. Во меѓувреме, ја очекуваме и официјалната одлука на министерот за локална самоуправа, Невзат Бејта, со која беше поништена одлуката на Шехтански“, ни изјави министерот Кралев.

Инаку, во министерството појаснуваат дека е можно да пресечат за Чаир и пред да се донесе конкретна одлука од Уставниот суд, но потоа ќе се почитува одлуката на судот.(Ж.Х.З.)


Статијата е прочитана 187 пати.

Испрати коментар



Парите на скопјани потрошени за плажи и бродови
СДСМ во пет до 12, ВМРО-ДПМНЕ во 12 и пет
Никој не знае колку гласачи има во Македонија !
Трудољубивоста врска меѓу Македонија и Малезија
Извештајот за „кингерот“ стаса кај Шврговски
Интервју - Се плашам дека ќе и' го свртите грбот на ЕУ
ОБСЕ ги осуди инцидентите во Скопје
Тепачките продолжуваат, 30 лица повикани во полиција
Институциите да ја вратат безбедноста на улиците
Загубарите потонаа во долгови додека Владата трага по решение



jimmy1, 10.03.2012 14:40:04
Loso e koga samobendisani luge zavzemaat vazni ministerski i rakovodni mesta. Koga za ministerot Kralev Ustavniot sud e nisto i ne vazi odlukata od Ustavniot sud na Makedonija nema sto poveke da se ocekuva i sto poveke da se zboruva. Ovaj ili sosema zabegal ili pak e cist bugarin i zatoa Makedonskiot Ustave Sud za nego e nisto. Dali ovaj seuste zasluzuva da bide minister za obrazovanie??? Oh zalna Makedonijo, sto ranis vakvi besni kucinja za da te kasaat od site strani.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Претежно облачно

Четврток
Ведро
Макс: 12°C, Мин: 1°C

Петок
Сончево
Макс: 16°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |