09.03.2012, 17:52 Трудољубивоста врска меѓу Македонија и Малезија
Македонија и Малезија имаат многу сличности, како што се мултиетничноста и мултикултурноста, мирољубивоста и трудољубивоста, отвореноста за надворешна трговија и странски инвестиции, им порачал премиерот Никола Груевски на малезиските инвеститори на кои им објаснувал дека треба да дојдат и да ги вложат нивните пари во Македонија. Груевски на бизнис-форум во Куала Лумпур, организиран од Малезиската индустриска стопанска комора, порача дека вистинско задоволство е одблиску да се види забрзаниот чекор на една новоиндустријализирана пазарна економија, како Малезија, која постигнува просечна стапка на економски раст од 6,5 до 7 отсто секоја година. Тој истакнал дека и нашата економија иако е мала е растечка. Со презентацијата на можностите за инвестирање во Македонија во Куала Лумпур владиниот тим ја заврши посетата на Индија и Малезија. (Ек.Р.) |