Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
11.03.2012, 12:11
Шеесет и девет години од холокаустот на македонските Евреи



Еврејската заедница во Република Македонија денеска во Скопје ќе одбележи 69 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка

Делегации на ЕЗРМ, на Владата и на Собранието на Република Македонија ќе положат цвеќе пред споменикот на македонските Евреи во Тутунскиот комбинат, како и пред спомениците на депортираните Евреи и на борците загинати во НОБ на гробиштата во Бутел.

Во Меморијалниот центар на холокаустот на македонските Евреи ќе биде отворена изложба „Детски приказни“ - цртежи на деца од гетото Терезин, кои во 1943-1944 година сликале на часовите по уметност на Фридл Дикер-Брандис, за да заборават на суровиот свет зад ѕидот. Многу од нив не ја дочекале есента 1944-та зашто биле депортирани во Аушвиц.

Одбележувањето на годишнината денеска ќе заврши со комеморативен концерт во Домот на АРМ, а утре ќе продолжи со чествувања на жртвите во холокаустот во Битола и Штип во кои, покрај Скопје, пред Втората светска војна живееле најголем број Евреи.

Ноќта меѓу 10-ти и 11 март 1943 година биле уапсени сите Евреи во Македонија и концентрирани во Монополот, денеска Тутунски комбинат, кој тогаш бил привремен концентрациски логор. Најмногу Евреи имало од Битола, Скопје и од Штип и по неколку семејства од помалите градови. Според евиденцијата на тогашните бугарски и германски власти, уапсени биле 7.144 Евреи.

На 11 март 1943 тие биле собрани во сточни вагони и од Битола и Штип сите заедно доведени во скопскиот Монопол, каде што останале до крајот на март во екстремно тешки хигиенски и психолошки услови. Сиот имот им бил земен, а накитот и парите конфискувани. Потоа повторно биле натоварени, меѓу 80 и 120 во еден вагон, и транспортирани во тогаш окупираната Полска, во логорот на смртта Треблинка, каде веднаш биле егзекутирани. Не се знае точно како - има теорија дека бил фрлен гас во вагоните, а според некои сведоци од СС-офицерите, тие биле истоварани и веднаш пренесени во гасни комори.

За оваа годишнина минатиот март во Еврејското маало во Скопје беше свечено отворен Меморијален центар на холокаустот на македонските Евреи. Изграден е со средства од имотите на семејства на убиените македонски Евреи кои немаат наследници. Тие беа собрани во Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, кој претходно работеше на имотно-правните прашања поврзани со денационализацијата на земјиштето каде што е изграден објектот.

Во спомен на депортираните македонски Евреи, делегација на Република Македонија во 2008 година во логорот Треблинка постави обележје со натпис „Македонија“.

Според проценките, во Треблинка се убиени околу 900 илјади луѓе, од кои над 750.000 Евреи. Жртвите на холокаустот во тој логор, на 100 километри североисточно од Варшава, биле убивани меѓу јули 1942 и октомври 1943 година.





Статијата е прочитана 819 пати.

Испрати коментар



Каменуван автобус на вевчанската компанија "Сприја" кај Велешта
Антимакедонски протести во Албанија
Дрвокрадци турнаа џип на Шумска полиција во ендек
Новата ролерско-велосипедска патека на кејот на Вардар
Патот кон НАТО значаен за стабилноста на Македонија и регионот
Од петок АСНОМ ќе почне да заседава во „Жена парк“
Пронајдено починато лице во скопско Горно Лисиче
Кичевчанец се обесил во својот дом
Го болел стомак, па се избодел со нож
Во Прилеп три тепачки во кои се нападнати малолетни момчиња
Европскиот парламент утре гласа за напредокот на Македонија
Битолчанка претепана и ограбена на улица
Маковеј - Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ
Осквернавен споменик на бранителите во Штип
Владата разгледува намалување на цената на нафтените деривати
Заниер - Брзо разрешување на инцидентите
Скотланд Јард повторно ја уапси Ребека Брукс
Иванов - Нема место за етнички судири и нетрпеливост
Адмиралот на НАТО, Ставридис во посета на Македонија
Пападопулу лута на Попоски
Борците од НОВ против преименување на улиците
Али Ахмети кај Пол Волерс
Силен ветер откорна дрвја и оштети возила
Нимиц смислувал преодно име
Дваесетина икони украдени од црква во Кичевско
Кај Собрание запален „мерцедес“
Четиринаесет лица загинаа во серија напади во Ирак
Американски сенатор бара Македонија да влезе во НАТО
Меркел во ненадејна посета на Авганистан
Базенот „Карпош“ од денеска повторно во функција
Град Скопје презема мерки за спречување на инцидентите
Реконструкција на осветлувањето во Старата скопска чаршија
Бензините поскапуваат два, а дизелот половина денар по литар
Кон Тики Скај од мај ќе лета од Скопје кон 14 дестинации
Расмусен - Шок поради убиството на цивили во Авганистан
Талибанците најавија одмазда за масакрот во Авганистан
Во пожар во Истанбул загинаа 14 работници
Вчера и ноќеска не се регистрирани инциденти
Маскиран ограби поштенска експозитура
Во БиХ најмногу заработуваат менаџерите, а најмалку собарките
Во пензија како и досега
Државното знаме симнато од тетовското Теќе
Груевски - Тезата дека Владата ангажирала тепачи е идиотска!
Американски војник уби 16 цивили во Авганистан
Претепан 65-годишен маж во Ѓорче Петров
Промовирани нови 68 двокатни автобуси за ЈСП Скопје
Папандреу и официјално поднесе оставка
Груевски вети казни за сторителите на инцидентите
Министерката Јанкулоска ги изгоре рацете со врела вода
„Систина“ е супербренд за 2011 и 2012 година
И Македонец на листата најбогати на „Форбс“
Берлускони на гости кај Путин
МОН промовираше систем за откривање плагијати
ОБСЕ ги осуди инцидентите, бара итно расчистување
Во Скопје и Тетово синоќа регистрирани нови инциденти
Владина делегација во лов на инвеститори во Малезија
Да се гарантира безбедноста, не е важно кој прв почнал
На Грција и го отпишуваат долгот
Европа намали плати, укина бонуси и отпушта вработени
Фикрет Абдиќ пуштен на условна слобода
„Билд“ одбива да го „отпише“ грчкиот долг
Сообраќајот во зимски услови, магла кај Стража и Страцин
Карлос Слим повторно најбогат во светот според „Форбс“



Ристо12, 11.03.2012 21:02:46
Убаво што се одбележува денот за Евреите стварно овие од истокот се Татари.Али едно немије јасно КОГА НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ЌЕ СЛАВИМЕ НАШ ДЕН ЗА ГЕНОЦИД НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД сите наши соседи,ве молам ова да го објавите оти треба НИЕ Македонците да си имаме ден и споменик на сите ЖРТВИ на ГЕНОЦИДОТ.И исто незнам зошто не се бара од ООН да се бара од сите соседи за извинувајње.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 2°C

Четврток
Ведро
Макс: 13°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |