12.03.2012, 10:29 Вчера и ноќеска не се регистрирани инциденти
По серијата тепачки во изминатите неколку дена, вчера и ноќеска во Министерството за внатрешни работи не се пријавени нови инциденти.
Полицијата работи на расчистување на инцидентите, неколку лица се приведени, а против некои се поднесени кривични пријави за „насилство“. Повеќето од учесниците во тепачките се млади луѓе, а меѓу нив има и малолетници. Продолжува и засиленото присуство на полицијата на терен со цел да се превенираат евентуални нови инциденти.
МВР, како што најави премиерот Никола Груевски и ресорната министерка Гордана Јанкулоска, ќе оди докрај со расчистување на инцидентите, пронаоѓање на сторителите и нивно санкционирање.
|