12.03.2012, 12:22 Кон Тики Скај од мај ќе лета од Скопје кон 14 дестинации
Српската авиокомпанија Кон Тики Скај, дел од туроператорот КОН ТИКИ ТРАВЕЛ најавува дека од 1 мај годинава од скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе реализира летови кон 14 дестинации.
Првата дестинација на која ќе сообраќа од 1 мај е до Антверпен, двапати неделно, а од 18 јуни двапати неделно ќе има летови од Скопје кон Штутгарт, Хамбург, Берлин, Малме и Истанбул, трипати неделно до Анкона, Милано и Болоња, четири пати до Рим, Трст, Братислава и Дизелдорф и пет пати неделно до Базел.
Од туроператорот Кон Тики Скај велат дека продажбата на билетите ќе треба да почне од неделава или најдоцна наредната недела. Цената на билетите ќе се движи од 45 до 50 евра во еден правец до поблиските дестинации, а до подалечните од 70 до 90 евра.
Чартер компанијата МАТ Ервејз е во сопственост на Кон Тики Скај, но од туроператорот нема официјална најава за името на компанијата која ќе ги реализира најавените летови.
|