12.03.2012, 12:47 Лејкерси подобри од вечниот ривал Бостон
Коби Брајант постигна 10 поени во последниот период од вкупно 26 на мечот, а Ендју Бајнам придодаде 20 коша и 14 скока, надополнувајќи ја негативата од пет поени.
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го победија Бостон Селтикс со 97:94 во дуелот на двата најуспешни тима во историјата на НБА лигата. Иако домаќините на синоќешниот дуел во „Стејплс Центарот“ во Лос Анџелес, во последните три минути влегоа со негатива од пет поени, до крајот постигнаа осум поени, а не примија ниту еден и стигнаа до 25-тата сезонска победа.
Коби Брајант постигна 10 поени во последниот период од вкупно 26 на мечот, а Ендју Бајнам придодаде 20 коша и 14 скока, надополнувајќи ја негативата од пет поени.
Селтикси не успеаја да го задржат водството, а во последниот напад Реј Ален промаши тројка за продолжение. Најистакнат во гостинскиот тим беше Раџон Рондо со 24 поени и 10 асистенции.
Резултати: Њујорк - Филаделфија 94:106, Торонто - Милвоки 99:105, Орландо - Индијана 107:94, Кливленд - Хјустон 118:107, Денвер - Мемфис 91:94, Сакраменто - Атланта 99:106 и Лос Анџелес Клиперс - Голден Стејт 93:97, Л.А. Лејкерс - Бостон 97:94.
Вечерва играат: Њу Џерси - Милвоки, Чикаго - Њујорк, Њу Орлеанс - Шарлот, Сан Антонио - Вашингтон, Јута - Детроит, Феникс - Минесота и ЛА Клиперс - Бостон.
ИСТОК: Чикаго 34-9 (победи-порази), Мајами 31-9, Орландо 27-15, Филаделфија 25-17, Индијана 23-16, Атланта 24-17, Бостон 21-19 итн.
ЗАПАД: Оклахома Сити 32-9, Сан Антонио 26-13, , ЛА Лејкерс 25-16, Мемфис 24-16, ЛА Клиперс 23-16, Денвер 23-19, Далас 23-20, Хјустон 22-20 итн.
|