Дваесетина икони и околу 800 денари се украдени од црквата „Св. Антонија“ во селото Бигор Доленци, Кичевско, соопшти полицијата. Кражбата се случила изминатата недела кога непознатите арамии насилно ја отвориле влезната врата од црквата. По нив се трага. Потеклото и вредноста на одземените икони дополнително ќе се утврдува. (Г.А.)