12.03.2012, 14:41 Четиринаесет лица загинаа во серија напади во Ирак
Во серија напади на вооружени групи врз полициските сили, контролни пунктови и златари во Ирак денеска за убиени 14 лица, на две недели во пресрет на одржувањето на годишниот самит на Арапската лига во Багдад.
Две возила со крадци, вооружени со гранати и пиштоли упаднаа денеска во четири златари во источниот шиитски дел на Багдад. Десетина вооружени лица ги ограбија златарниците на еден мал пазар, а потоа го нападнаа околниот полициски контролен пункт, убивајќи девет и ранувајќи 14 лица, соопшти полицијата.
Вооружена група со две возила изутрината ја нападнала канцеларијата на градоначалникот во градот Тармијах, 50 километри северно од Багдад. Градоначалникот не бил во канцеларијата, но тројца полицајци се убиени.
Половина час подоцна, неколку километри подалеку, на цел на вооружените разбојници се најде и полициска патрола и при тоа се убиени двајца полицајци.
Засега никој не ја презеде одговорноста за серијата напади.
|