12.03.2012, 10:32 Во пожар во Истанбул загинаа 14 работници
Според градоначалникот Кадиоглу, пожарот зафатил голем шатор во кој престојувале работниците на градилиштето на еден трговски центар
Во пожар кој доцна синоќа изби на едно градилиште во Истанбул, загинаа 14 градежни работници, соопшти градоначалникот на истанбулскиот дистрикт Есењурт, Неџми Кадиоглу.
Според него, пожарот зафатил голем шатор во кој престојувале работниците на градилиштето на еден трговски центар.
- На ова место се гради трговски центар. Најверојатно пожарот е поврзан со дефект во апаратите за греење, истакна Кадиоглу, додавајќи дека моментално е многу студено и температурата е еден степен под нулата.
Пожарникарските служби го изгаснале пожарот, а на местото на несреќата се наоѓаат медицински возила.
Медиумите јавија дека дефект на електричната инсталација е можна причина за пожарот.
|