12.03.2012, 14:15 Магдевски оди во Шарлот кај Џордан
Македонското „чудо од дете“ е дел од 10. најдобри млади играчи во Европа кои во април ќе патуваат во завршниот камп на легендарниот кошаркар
Андреј Магдевски, македонското „чудо од дете“, го мина и последниот филтер во Лондон и ќе биде дел од десетте најталентирани европски млади кошаркари кои во април ќе патуваат на завршниот камп на легендарниот Мајкл Џордан во Шарлот.
Викендов Магдевски престојуваше во престолнината на Англија, каде што 38 најдобри европски млади кошаркари беа прецизно анализирани од менаџерите на еден од најпрестижните кампови.
По тридневна исполнета кошаркарска програма, во која скаутите, тренерите и менаџерите имаа можност детално да се уверат во квалитетите на секој поединец, одредени беа десетте најдобри.
Покрај Магдевски, како најперспективни кошаркари на 15 и 16-годишна возраст од Европа, за САД ќе патуваат и Марко Араповиќ (Хрватска), Сирил Ванер (Франција), Жил Акадо (Англија), Димитрис Стаматис (Грција), Берк Угурлу (Турција), Федерико Мусини (Италија), Етјен Ори (Франција) и Жан Никлас Вимберг (Германија).
|