Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
12.03.2012, 18:24

Пападопулу лута на Попоски

Грчката амбасадорка Александра Пападопулу реагираше вчера на тврдењата на шефот на дипломатијата Никола Попоски дека Атина еднострано ја суспендира Привремената спогодба, со порака дека не нивната држава, туку нашата е таа која никогаш не ја прифатила и ја применувала. Нервозната реакција уследи по најавите од Попоски и премиерот Никола Груевски дека очекуваат некаков одговор, т.е. одглас по средбата со грчкиот премиер Лукас Пападимос во Брисел, иако ова очигледно не е тоа.

„Од потпишувањето на Привремената спогодба Грција го применуваше нејзиното писмо и дух во добра волја. Грција не покажа намера да ја суспендира целосно или во некои делови примената на Спогодбата“, стои во писмото на Пападопулу упатено до македонските медиуми. Според неа, Македонија никогаш не ја прифатила Привремената спогодба како договор што наметнува паралелни и реципрочни обврски на двете страни. „Вашата влада, особено по НАТО-самитот во Букурешт во 2008 година, е ангажирана во невидена политика на непријателство и иредентизам против Грција со натамошно присвојување на грчките историски симболи, со употреба на сонцето од Вергина и со отворено сомневање во актуелниот територијален статус кво на Јужниот Балкан“, стои во реакцијата.

Во реакцијата притоа се укажува дека грчката влада со писмени протести многупати укажувала дека непочитувањето на Привремената спогодба ги поткопува пријателските односи меѓу двете земји. Место да се фокусира на преговорите, нашата Влада, според Пападопулу, ги игнорира укажувањата за иредентистички аспирации и илегалните активности, а сега е ангажирана во нов обид да ја дискредитира Грција и да го дефокусира вниманието на меѓународната заедница од решавањето на разликите околу името, иако одолжувањето на тие разлики сериозно ја нарушуваат стабилноста на целиот регион.


Статијата е прочитана 2063 пати.

Испрати коментар



Интервју - Насилствата имаат своја генеза и заднина
Интервју - Инцидентите може да произведат владина криза
Мирот се враќа, полицијата на улица
Брисел бара крај на тензиите во Македонија
Кој да го угаси пожарот
Али Ахмети кај Пол Волерс



anonimen, 13.03.2012 01:59:27
Pa spored mene ambasdorkta e vo greska koga veli prijatelski vrskijužniot sosed e naš Neprijatel i toa site go znaat,taka da bez iluzija ke recam uste ednaš,za mene tie na koi ne sakam da im go spomnam imeto se naši krvni neprijateli.
rade, 13.03.2012 03:24:49
Draga gospogjo ne spomenuvajte vece територијален статус на Јужниот Балкан i aspiracii kon nego. Site ke vi se smeat.
jimmy1, 13.03.2012 05:58:47
Ovaa ambasadorka da bese vo Rusija sega ke bese vo avion na pat za Atina. Rusija e e lizac na zadnici kao nas.
Пападуплаиполдополу, 13.03.2012 09:55:02
А ти госпоѓо од каде се. Александрова ли потомка си. Нели твоите родители се доселени од Турција после 1923 година во анектираните 51% од македонија. Таквите доселеници христијани од Турција а ниту знаеле грчки јазик денес се најголеми националисти. Во таа пола Македонија асимилирани во Грци уште се Македонците Власите Ромите Евреите и др. Други луге во таа пола Македонија нема. Е кои се александрови. Ја за еден знам од Александрова Пела. Тоа е Мисирков. За недокваканите. Не мешај татарци со македонски народ.
Tina, 13.03.2012 11:11:28
Denes so vistinata se poznavat ucenite ljuge. Imame malecok procent na ucenite, a golem procent na tie koji nikogas nikoj ne gi naucil, bilo da e domasno ucenje, ili vo bibliotekata, a veruvam vo uciliste nikogas, za Makedonskata maka od vreme na razdeluvanje na nasa zemja. Dok Aleksandar Makedonski gi spojuval ljugeto pod carstvo na sloboda od robovi, vo demesno vreme EU toa saka da go napravi, ama bez pocit kon nasite tegobi za vreme na 1913 rascepuvanje, se do den denes nepocituvanje kon Makedonci i nijnata istorijska svoina. A koj e toa koj ke go kaze na svetot, hej, se sekavate na razdor na edna nacija po ime Makedonci? a prikaznite mozat samo so slzi da se kazat.
Slzite na Tina, 13.03.2012 13:07:37
Navistina, Tina,ti si za placenje!Ti si od onie koi ne naucile nisto i ne znaat nisto.Aleksandar osloboduval od robovi!!!!!!Pa ,nemu Aristotel za rodenden ,mu podaril osumnaeset godisen rob za ljubovnik!Koga ke procitam nesto od tebe,slzi mi tecat kolku prost narod ima vo ovaa zalna Makedonija!
Ајван Доктор®, 13.03.2012 17:52:48
Ете,Александровите дијадоси веднаш се јавија!Сè саде негови потомци!Од Мисирков,па до овој негов братучед што се јавил!Да бил умен како нив сигурно ќе ја освоел и Америка!Чувствувам,портите кон НАТО и ЕУ веќе ни се отворени!Само нас нè чекаат!Со вакви луѓе,дури и на Марс ќе нè примат!
pile, 13.03.2012 18:14:44
Dokolku Samitot na NATO Alijansata 2008 godina vo Bukurest bese sportski natprevar, na koj sosedna Grcija aktivno podrzjana i pred i za vreme na Samitot oddigra nesportski,ispitno oddigra sprotivno od megjunarodnite normi, odnosno od VS od 1995 godina, stavajki veto za polnopravno clenstvo na R.Makedonija, dobi zjolt karton so Presudata na MSP vo Hag od 05.12.2011 godina,ne treba da se dozvoli prodolzjuvanje na nesportskata igra, i pokraj vo megjuvreme, izvrsenata smena na prvite igraci od timot, smena na vlasta vo sosedna Grcija.Makedonskite gragjani sakaat da imaat juzjen sosed koj e sportski igrac so celosno pocituvanje na megjunarodnite normi i nesaka sportskiot natprevar od megjunaroden karakter da se pretvora vo arena na nesolidarni za spor izmislen vo drugo vreme od pogresni lideri za tugji interesi, i steten za Obedineta Evropa.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 2°C

Четврток
Ведро
Макс: 13°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |