12.03.2012, 13:49 Базенот „Карпош“ од денеска повторно во функција
Со реконструкцијата се заменети плочките, прозорците и вратите, а реновирани се соблекувалните, санитарните јазли, електро-техничката изолација, како и трибините кои сега се со капацитет од 500 гледачи
Базенот „Карпош“ што се наоѓа во состав на спортскиот центар „Борис Трајковски“ и во текот на минатата година целосно беше реновиран со средства во износ од 1,4 милиони евра обезбедени од Владата на Република Македонија од денеска е пуштен во употреба.
Со реконструкцијата се заменети плочките во коритото, прозорците и вратите, а реновирани се соблекувалните, санитарните јазли, електро-техничката изолација, машинскиот сектор, како и трибините кои сега се со капацитет од 500 гледачи.
Хортикултурно е уредено и зеленилото околу овој спортски објект, а во негова непосредна близина на површина од 6.500 метри квадратни почнува да се гради аква парк.
|