12.03.2012, 13:53 Меркел во ненадејна посета на Авганистан
Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска допатува во ненадејна посета на Авганистан, каде изјави дека не може да биде сигурна дека меѓународните сили ќе се повлечат до 2014 година, како што првично беше планирано.
Меркел изјави дека не е стигнато до точката кога Германија може да каже: „Денеска се повлекуваме“.
- Затоа не можам да кажам дека во тоа ќе успееме во 2013/2014 година. Постои волја, ние тоа го сакаме и работиме во тој правец, рече Меркел, пренесуваат германските медиуми.
Меркел, која во Авганистан пристигна под најстроги мерки за безбедност и во најголема тајност, прво ќе го посети полскиот логор на Бундесверот Масар-и-Шариф во провинцијата Балч, иако сакаше прво да ги посети германските војници во провинцијата Кундус. Тоа, меѓутоа, не било можно заради лошото време.
Во Авганистан каде Бундесверот ја има својата најголема мисија со околу 5.000 војници, Меркел прв пат беше во 2010 година и тогаш, за прв пат, беше означена со името „воена“.
Оваа посета на Меркел, за која се наведува дека долго била планирана, минува во знакот на крвопролевањето, што го изведе еден американски војник.
|