Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
11.03.2012, 17:51
Груевски: Тезата дека Владата ангажирала тепачи е идиотска!



Премиерот Никола Груевски вчера ја демантира тезата на опозицијата дека власта стои зад инцидентите меѓу младите во изминатите денови. Тој најави дека МВР ќе оди докрај во нивно расчистување и санкционирање за учесниците

„Слушнав дека се вртат такви тези, особено на некои од социјалните мрежи. Сакам да кажам дека бев вчудовиден од таквите размислувања на поединци. Мислам дека ваква поидиотска теза не сум слушнал досега, односно дека Владата ангажирала тепачи од македонска и од албанска етничка припадност да се тепаат за да не не' примеле во НАТО“, изјави Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по почнувањето на градежните работи за проширување и реконструкција на улицата „Првомајска“.

Оние што ја тврдат оваа теза, според Груевски, треба да знаат дека на тој начин не само што нема да не примат туку на тој начин може да не' одбијат.

„Треба да знаат и дека Владата и јас лично никогаш досега и никогаш во иднина нема да се занимаваме со таков вид валкани игри, како што некој може очигледно да ги замисли. Сакам да ја демантирам таа теза, иако за мене личеше дека е теза која не треба да се демантира, бидејќи сама по себе е толку неприродна и толку несвојствена за нас како политичка структура. Но, очигледно дека голем број луѓе се обидуваат на некој начин да ја прошират таа теза“, истакна Груевски.

Тој посочи дека МВР почнало да презема посериозни мерки во однос на инцидентите за што биле поднесени околу 30 пријави за учесниците во нив. „Извршени се претреси, најдени се сите работи што ги користеле или планирале да ги користат во тепачките. МВР нема да застане тука и ќе оди докрај во расчистување на овие инциденти. Секој оној што планира и во иднина да го прави тоа треба да знае дека ќе се судри со државата. Ќе се судри со органите на прогонот. Ќе се судри со силите што ја гарантираат безбедноста, ќе имаат сериозни проблеми и ќе излезат на суд“, рече Груевски. Тој подвлече дека може да има такви луѓе кои сакаат да го нарушат мирот на граѓаните, но дека треба да знаат дека ќе имаат сериозни проблеми и ќе се соочат со суд и со можност за затворски казни ако продолжат на овој начин.

Статијата е прочитана 1390 пати.

Испрати коментар



Каменуван автобус на вевчанската компанија "Сприја" кај Велешта
Антимакедонски протести во Албанија
Дрвокрадци турнаа џип на Шумска полиција во ендек
Новата ролерско-велосипедска патека на кејот на Вардар
Патот кон НАТО значаен за стабилноста на Македонија и регионот
Од петок АСНОМ ќе почне да заседава во „Жена парк“
Пронајдено починато лице во скопско Горно Лисиче
Кичевчанец се обесил во својот дом
Го болел стомак, па се избодел со нож
Во Прилеп три тепачки во кои се нападнати малолетни момчиња
Европскиот парламент утре гласа за напредокот на Македонија
Битолчанка претепана и ограбена на улица
Маковеј - Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ
Осквернавен споменик на бранителите во Штип
Владата разгледува намалување на цената на нафтените деривати
Заниер - Брзо разрешување на инцидентите
Скотланд Јард повторно ја уапси Ребека Брукс
Иванов - Нема место за етнички судири и нетрпеливост
Адмиралот на НАТО, Ставридис во посета на Македонија
Пападопулу лута на Попоски
Борците од НОВ против преименување на улиците
Али Ахмети кај Пол Волерс
Силен ветер откорна дрвја и оштети возила
Нимиц смислувал преодно име
Дваесетина икони украдени од црква во Кичевско
Кај Собрание запален „мерцедес“
Четиринаесет лица загинаа во серија напади во Ирак
Американски сенатор бара Македонија да влезе во НАТО
Меркел во ненадејна посета на Авганистан
Базенот „Карпош“ од денеска повторно во функција
Град Скопје презема мерки за спречување на инцидентите
Реконструкција на осветлувањето во Старата скопска чаршија
Бензините поскапуваат два, а дизелот половина денар по литар
Кон Тики Скај од мај ќе лета од Скопје кон 14 дестинации
Расмусен - Шок поради убиството на цивили во Авганистан
Талибанците најавија одмазда за масакрот во Авганистан
Во пожар во Истанбул загинаа 14 работници
Вчера и ноќеска не се регистрирани инциденти
Маскиран ограби поштенска експозитура
Во БиХ најмногу заработуваат менаџерите, а најмалку собарките
Во пензија како и досега
Државното знаме симнато од тетовското Теќе
Американски војник уби 16 цивили во Авганистан
Претепан 65-годишен маж во Ѓорче Петров
Промовирани нови 68 двокатни автобуси за ЈСП Скопје
Шеесет и девет години од холокаустот на македонските Евреи
Папандреу и официјално поднесе оставка
Груевски вети казни за сторителите на инцидентите
Министерката Јанкулоска ги изгоре рацете со врела вода
„Систина“ е супербренд за 2011 и 2012 година
И Македонец на листата најбогати на „Форбс“
Берлускони на гости кај Путин
МОН промовираше систем за откривање плагијати
ОБСЕ ги осуди инцидентите, бара итно расчистување
Во Скопје и Тетово синоќа регистрирани нови инциденти
Владина делегација во лов на инвеститори во Малезија
Да се гарантира безбедноста, не е важно кој прв почнал
На Грција и го отпишуваат долгот
Европа намали плати, укина бонуси и отпушта вработени
Фикрет Абдиќ пуштен на условна слобода
„Билд“ одбива да го „отпише“ грчкиот долг
Сообраќајот во зимски услови, магла кај Стража и Страцин
Карлос Слим повторно најбогат во светот според „Форбс“



Itar Pejo, 12.03.2012 00:30:03
Od koga e Gruevski na vlast nisto pozitivno ne napravil vo pravec na sozivot. Koalicira so DUI zatoa sto mora i toa moranje go potencira za na site da im e jasno. A vo sklad so toa zagarite go pravat ostanatot: Latas doktorot rika omraza, Mivka odkriva svetska zavera, Neranimajkovski gi mnozi albancite so nula, Toni filozofot gebelsira .... I posle ce se cudime sto ne naslo
Boban, 12.03.2012 06:49:39
Карактеристично е дека „гужвите“ во последните година дена почнуваат кога Грујо не е во земјата!!
serava, 12.03.2012 10:30:00
Tezata e idiotska,ama uste poidiotska e vistinata deka vladata Ne saka da ne primat vo NATO i EU,pa zatoa ja pravat Makedonija nestabilna i siromasna drzava, a mesto da go pravat zivotot vo nea polesen i poubav trosat pari na glupavi spomenici,plostadi,parkovi,brodovi 6883 i fontani.
od ostrijot, 12.03.2012 10:37:26
nebi me zacudilo ako stvarno e taka deka vladata gi provocira incidentite kako se veli kade ima dim ima i ogan.
igor, 12.03.2012 10:55:01
ovie dvajca treba da se zatvorat ili proterat od makedonija...ja unistija drzavata!
pile, 12.03.2012 11:31:36
Cetvrtiot stav od tekstot ,,Треба да знаат.....несвојствена за нас како политичка структура,predizvikuva najverojatno delirium od uverenost, normalno kaj 5 do 10% od elektoratot na DPMNE koj direktno gi uzjiva blagodetite od rezjimot, dodeka egzistencijalno iscrpenoto naselenie koe neznae da spoi kraj so kraj, so 30% nevrabotenost i nad 30% siromastija, koe sekojdnevno naiduva na partizirana administracija, koe slusa od Minister deka nema da mozje da podigne penzija ili plata dokolku nema nova javna isprava,i na koe mu se svezji izjavite oddeknati kako eksplozija posilna od onaa od dinamitot na ,,Kosmos, za direkten napad na A1, televizija, ili kaj branitelite od 2001 godina, ponizjeni i marginalizirani,osven prodadeni poedinci li rodninite na isceznatite od 2001 godina ponizjeni so Avtenticnoto tolkuvanje na ZA,kaj koi vakvite tvrdenja veke predizvikuvaat emotivna reakcija na zjalenje sprema Premierot.Vo naseto kirilicno pismo citanjeto i pisuvanjeto se vrsi od levo sprema des
seirdzija, 12.03.2012 11:33:06
Zarem nekoj ocekuval poinakov komentar??Uste kolku vreme ke ni prodava ovoj naivnost??Spored modelot na vladeenje na ovoj covek zaedno so bratucedot mu i kumot site pokazateli pokazuvaat deka kaj niv e odgovornosta.Go cekam denot koga i tie ke se sudrat so liceto na pravdata za site dela i nedela sto gi napravija vo minatoto,gi pravat sega i ke gi pravat i vo idnina se dodeka ne gi simneme od vlast....
miki, 12.03.2012 11:51:09
Бобан !!! И јас тоа го приметив........што зборува тоа ќе ни каже Феликс..............
tase, 12.03.2012 11:58:56
Каков дипломатски “вокабулар“ на нашиот лидер!!!
Ivan, 12.03.2012 12:07:43
A be Grujo, crni Grujo. Sam si pravis tezi i sam si gi demantiras. Alal neka ti e
taipov abdula-turk (Kaymakamot), 12.03.2012 12:26:45
Znaci sprema mislenjeto na opozicijata: gospod.Gruevski ne sakala da RM-integrira vo Eu i da vlezeme vo NATO-mnogu provokativni izjavi koji ne se sovpagaat so vistinata.Jas samiot ne sum partiski opredelen no sum na strana na vistinata deka vladeackata partija VMRO-na celo so gosp.Gruevski imaat zelba da RM-bide vo EU i NATO no uslovot e da RM-vleze kako partner bez da go menuva ustavnoto ime,bez da se otkaze od svojot nacionalen Makedonski identitet.Naviknavme na ovie prazni ideologii na koalicijata koja po sekoja cena sak da dojde do fotelja kade i vo ovoj moment da ima parlam-izbori pak ke gi izgubaat izborite,bidejki nemaat resenie za sporot so Grcija,nego samo tropaat i brojat na mesto sakam da iznesaat kakvo resenie nudaat,koga ja napagaat vladata koja e demokratski izbrana od narodot.
Dedo Dimo, 12.03.2012 14:16:50
Koj si ja ima muvata na kapata...
Трпе, 12.03.2012 15:58:49
Незнам кои се овие безобразни кои со предизвикување на инциденти сакат да дојдат на власт.А и кои се овие безобразни кои помислуват дека власта со нечесни намери сака да ја зачува власта.Кој игра валкани игри , народот треба да се разбуди и да открие.А незнам дали безбедноста на народот зависи од опозицијата или позицијата.Само пастирот има право да носи јавни пресуди.

���УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 2°C

Четврт��к
Ведро
Макс: 13°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |