12.03.2012, 15:15 Дита Фон Тис ја забрани Анџелина Џоли
На снимањето на промотивниот каталог на својата нова линија долна облека, таа на манекенките им издаде наредба: „Забранета е позата на Анџелина Џоли“
Ѕвездата на бурлеската Дита фон Тис неодамна ја претстави својата нова линија на долна облека. На снимањето на промотивниот каталог, таа на манекенките им издаде наредба: „Забранета е позата на Анџелина Џоли“.
Дита фон Тис минатата недела работела на рекламната кампања на својата линија на долна облека „von follies“, што ја лансира на пазарот во соработка со американскиот трговски синџир „Таргет“. Освен што самата ги истакнала облините пред објективот на фотоапаратот, убавицата ангажирала и неколку атрактивни манекенки.
Благодарение на фотографијата што ја објавила на својата официјална страница, обожавателите на Дита дознале дека на манекенките им било строго забрането да ја откриваат десната нога како што го правела тоа Анџелина Џоли на доделувањето на „Оскарот“.
„Соберете ги нозете, дами!“ порачала Дита.
|