11.03.2012, 15:38 Ќерка и' на Витни во врска со нејзиниот посвоен син
Папараците, наводно, ја фатиле Кристина како се бакнува со Николас во близина на нивната куќа во Атланта
Боби Кристина, ќерка на неодамна починатата Витни Хјустон, во врска е со Николас Гордон, момче кое пејачката го посвои, пренесуваат американските медиуми. Папараците, наводно, ја фатиле Кристина како се бакнува со Николас во близина на нивната куќа во Атланта, а како што се чини, двојката и немаше намера да го скрие тоа. Кристина и Николас одеа заедно во шопинг, а очевидците тврдат како се држеа за раце, се бакнуваа како што прават вљубените двојки. Инаку, Витни го зеде Николас пред десетина години и се грижеше за него како за свое дете. Според изјавите на некои нејзини пријатели, Витни знаеше за симпатиите што ги има ќерка и' кон Николас, и не го спречуваше тоа. Но, по нејзината смрт, бабата на Кристина, Сиси, го исфрли Николас од заедничката куќа, затоа што лошо влијаел на нејзината внука. |